Вилa Елени-Ипсос-2025

Крф Лето 2025

Остров познат како “Зелениот Смарагд”

 

Од линиите на националното знаме до варосаните коцкасти вили и пенливото море, Грција носи сино – бела униформа, но Крф додава дополнителна боја во мешавината – зелена.  Познат како “Зелениот Смарагд“, вториот по големина од Јонските Острови е покриен со бујна вегетација, зелени површини, сафирно сина боја на морето, а населението е со многу мирен и отворен дух за туристи кои ги сакаат музиката и танцот, празниците кои се слават со фешти, особено за велигденските празници.

Богат со разновидна историја, го прави еден од најубавите острови во Грција. Со архитектура која го има шармот на Париз, Венеција и Лондон. Големиот број на тесни улички со куќи се речиси непроменети до денес, со цел да се задржи автентичноста и карактерот на градот. Малите улички му даваат посебна отменост на стариот град, наместа се толку тесни што можете со раширени раце да ги допрете куќите од двете страни. Изобилува со мали фонтани и плоштади, старите млетачки куќи во кои денес се сместени многубројните таверни, галерии и продавници за сувенири, бројни цркви.



 

Вилата Елени се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на 250 метри од плажата.

Вилата располага со двокреветни студија и четирикреветни апартмани. Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна со решо, основен прибор за соодветниот број на лица, фрижидер, тоалет, ТВ, тераса и интернет конекција. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена се на ваша одговорност.

Базенот е достапен за гостите со бесплатна лежалка. Постои можност за изнајмување на клима која се доплатува на лице место и изнесува 7 евра од ден.

УСЛОВИ ЗА ДЕЦА (за месеците Јуни и Септември 2025):

  • Деца до 2 години – без доплата
  • Деца од 3 до 8 години – 50% попуст
  • Деца од 8 до 12 години – 30% попуст

Факултативни излети:

  • Посета на Сидари со Каналот на љубовта и 7th Heaven
  • Посета на Палеокастрица и Akron Beach Bar
  • Крстарење со брод по североисточниот брег на островот
  • Посета на плажата Глифада

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.

– Цените се по лице за 7 ноќевања/8 дена.

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од датумот на завршување на патувањето.

– Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот (тргнувањето е ден порано).

– За еднокреветна соба се доплаќа плус 70% од редовната цена.

– Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.

– Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.

– Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.

– Сместување во собите е по 14:00 часот, а напуштање на истите е до 09:00 часот по локално време.

– Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

– Цените објавени во табелите се конечни. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

– Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.

– Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.


00 ДЕН СКОПЈЕ – КРФ

Состанок на групата пред Хотел Континентал во договореното време еден ден пред почетокот на аранжманот. Тргнување во вечерните часови. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности. Во раните утрински часови пауза на Јанина (Stop&Go). Патувањето продолжува до Игуменица од каде се качуваме на траект и за нешто помалку од 2 часа пристигнуваме на пристаништето во градот Крф. Од таму за 20 мин. пристигнуваме во Ипсос. Сместување во вилата започнува од 14:00 часот.

 

01-07 ДЕН КРФ

Престој во Вилата со можност за факултативни екскурзии.


 

08 ДЕН КРФ – СКОПЈЕ

За времето на враќање ќе имате координација со водичот кој цело време ќе биде со вас за организација на екскурзиите. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.


                 

Вклучено 

  • Автобуски превоз Скопје - Ипсос (Крф) – Скопје
  • 7 ноќевања во студија/апартмани во Ипсос на база на наем
  • Пратител за време на патувањето
  • Водич за време на престојот
  • Трошоци за организација и реализација на патувањето

    Не Вклучено 

  • Траект Игуменица - Крф – Игуменица (30 € по лице повратна карта)
  • Факултативни излети
  • Туристичка такса (2 € по лице од ден)
  • Патничко осигурување (задолжително)
  • Индивидуални трошоци на патниците 
    Контакт
    Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
    Факс: 043/550-773
    Е-маил: info@supertravel.com.mk
    Адреса
    бул. "Македонија" бб
    Кавадарци
    Р. Македонија