Вила Елена 1 2025

Вила Елена 1

Вила Елена се наоѓа на островот Крф на 350м оддалеченост од плажа.Вилата располага со студиа за 2 лица и еден апартман за 4 лица.Студиата се на прв и втор спрат.Опремени се со единечни кревети, мини кујна, фрижидерче, тоалет,клима уред (се доплаќа 5е од ден) Во објектот нема лифт.

Што е вклучено во цената

  •  Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
  • Организиран превоз од Велес,Неготино,Смоквица,Гевгелија,Битола,Прилеп,Штип
  • 7 ноќевања 8 дена во вила Елена (цени по лице)
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој

Што не е вклучено во цената

  •  Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Клима
  • Туристичка такса (14 евра од студио за 7  ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во објектот)
  • Повратен билет за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)

Важно

Цените на факултативните излети ќе бидат објавени пред почетокот на летната сезона

  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени, не и на  цените
  •  При резервација задожително контактирајте на 071/227-847 или 071/227-837 за слободни капацитети и каков тип на студио е слободно.
    CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
    CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите, а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Двокреветни,трокреветни студиа (во двокреветните се додава дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first,last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Дете од 0 до 2,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
  • Дете од 3 до 11,99 години кое користи сопствен лежај во 4 креветно студио или апартман плаќа 50% од редовната цена доколку има минимум уплата од 3 цели суми. Доколку во 4 креветно студио или апартман се сместени само 2 возрасни лица, за прво дете се наплаќа 3 цела сума, за второ дете 50% од редовната цена на аранжманот.
  • Цените во табелата се изразени по лице за 7 ноќевања,
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
  •  Секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.
  • За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата (НЕ ВАЖИ ЗА ПРОМО ЦЕНИ ИЛИ ДРУГИ ПРОМОЦИИ)
  • За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А СУПЕР ТРАВЕЛ       
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија