-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 16.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 10.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е настаната штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место на рецепција.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
-За ова патување важат општите услови на Т. А. Супер Травел
Факултативни излети:
Посета на плажата Глифада
Цена за пакет: 20е по лице
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
ПАЛЕОКАСТРИЦА И МАНАСТИРОТ ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
Цена за пакет: 20е по лице
Посета на еден од најубавите заливи на Островот Крф, и воедно во Европа, Палеокастрица. Место каде што ќе уживаме во природните убавини, ќе го посетиме манастирот на Пресвета Богородица, еден од најстарите манастири во Европа, ќе уживаме во една од најчистите води на Јонското море, а целиот ден ќе го заокружиме со преубав панорамски поглед на целиот залив, уживајќи со локалните благи специјалитети, фрапе или коктел, и секако, уживање на базен.
Крстарење со скара
Цена за пакет: 40е по лице
Едно преубаво искуство на островот Крф,полу дневен излет со посета на две плажи,скара и вино и посета на преубавите плави пештери на Крф(доколку временските услови не дозволат се оди на трета плажа)