Малага е град сместен на југот на Шпанија, во регијата Андалузија, на брегот на Средоземното море. Позната е како родно место на сликарот Пабло Пикасо, што и дава посебно културно значење. Градот има богата историја која датира повеќе од 2.800 години. Во Малага се наоѓаат бројни знаменитости, вклучувајќи ја импресивната катедрала и римскиот театар. Шармантните улици на стариот град, со историски згради и пријатни кафулиња, ја прават совршена дестинација за релаксација и истражување. Сончевите плажи, како што е Плаја де ла Малагета, привлекуваат туристи во текот на целата година. Покрај плажите, градот е познат по своите живописни продавници, ресторани и вкусната медитеранска кујна, нудејќи богат ноќен живот со бројни барови и клубови. Во текот на летото, градот е домаќин на разни фестивали и културни настани. Сето ова ја прави Малага совршена дестинација за љубителите на уметноста, историјата и релаксацијата на плажа. Торемолинос е летно одморалиште што привлекува најголем број туристи на овој брег. Покрај долга песочна плажа со бројни содржини како што се ресторани, плажни барови и шеталиште долго 7 км, тука се наоѓа и главната пешачка улица Калле Сан Мигел и стариот рибарски кварт Ел Бајондило.
Поаѓање : 21.05. – 25.05.2025. 5 дена (4 ноќи ) – редовна линија на Austrian Airlines
Програма на патувањето:
1 ден (21.05.2025.) СКОПЈЕ – МАЛАГА
Средба и чекирање на патниците на скопскиот аеродром во 02:00 часот. Полетување за Малага во 04:25 часот (лет OS778). Пристигнување во Малага во 12:50 часот. По пристигнувањето трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Следи организиран разглед на градот на брегот на Средоземното море, кој успешно ги спојува траговите на богатата историја, феникијската, римската, арапската и христијанската епоха, со духот на модерна Шпанија: пристаништето Малагета, Центарот Помпиду, Плаза де торос де Ла Малагета (корида), замокот Гибралфаро (“Свeтилник на врвот”) од 14-тиот век, Алказаба, Ел Театро Романо (римски амфитеатар и најстар споменик во Малага, се наоѓа во културниот центар на градот), музејот на Пикасо, родното место на познатиот уметник и истовремено музеј во кој се изложени 233 негови слики, Катедралата на Малага (Катедралата Ла Манкита, т.е. “Еднорака дама” изградена помеѓу 16-тиот и 18-тиот век, мешавина на стилови кои се протегаат од готика до неокласични архитектонски елементи). Плаза де ла Конституцион (Плоштадот на Уставот, еден од најубавите плоштади во градот), главната трговска улица Калле Маркес де Лариос. Слободно време за да се освежите со сангрија и пробате локален андалузиски специјалитет. Враќање во хотел. Вечера со вклучени пијалоци. Ноќевање.
2 ден (22.05.2025.) МАЛАГА – СЕВИЉА – MAЛАГА
Појадок. Организирано се упатуваме кон Севиља. еден од најубавите градови во земјата, ако не и најубав, а доколку сакате да ја запознаете Шпанија, тогаш Севиља е задолжителен да се види. Градот својот цут го доживеал по откривањето на Америка, како речно пристаниште и важен трговски град каде се истоварувале стоките од шпанските прекуокеански колонии. Разглед на градот: Торе дел Оро – Кралскиот Алказар. Катедралата, Барио Санта Круз, стариот еврејски кварт со тесни улички, бели куќи, цветни дворови и мали плоштади со палми и портокали. Овде ќе гo пробаме најспецифичниот шпански “тапас” и ќе прошетаме до реката Гвадалкивир со Златната Кула, од каде во 16 век испловувале Магелан и Кортес. Она по што овој град е запаметен и со кое плени не се само неговите грандиозни споменици и згради, туку неговата атмосфера, романтика и шарм – Севиља е најважниот град на шпанскиот југ, градот на Кармен, Дон Жуан и Фигаро, архетипот на Андалузија, сонце, темперамент и страст. Слободно време за прошетка и купување на сувенири. Во попладневните часови се враќаме кон Малага. Патувањето трае 1 час и 15мин . Враќање во хотел. Вечера со вклучени пијалоци. Ноќевање.
3 ден (23.05.2025.) МАЛАГА – КОРДОБА – МАЛАГА
Појадок. Посета на Кордоба, „далечна и осамена“, како што напишал славниот Лорка. Кордоба е град со прекрасна и типична андалузиска архитектура со некои од најпознатите споменици во светот. Целиот историски центар е дел од светското наследство на УНЕСКО, а ги има и најубавите затворени дворови (патиоси) во Шпанија . Градот, кој бил важен политички и културен центар дури и во римско време, се развил во прекрасната метропола на Калифатот на шпанското тло во 929 година. Еврејската, арапската и христијанската култура живееле во мир и хармонија, а науката и филозофијата доживеале невиден подем – Кордоба тогаш била еден од најважните градови во светот во тоа време. Во центарот на стариот град, околу познатата Мескита и денес се чувствува дел од таа атмосфера. Прошетајте низ историскиот центар на градот до Јудерија, некогаш еврејскиот кварт, со тесни улички украсени со цвеќиња, меѓу кои се издвојува Calleja de la Flores. Слободно време за да се проба некој вкусен специјалитет и да уживаме во прекрасниот амбиент на градот. Во попладневните часови се враќаме кон Малага. Патувањето трае 1 час и 30 мин. Враќање во хотел. Вечера со вклучени пијалоци. Ноќевање.
4 ден (24.05.2025) МАЛАГА – ГРАНАДА – МАЛАГА
Појадок. Се упатуваме кон Гранада сама по себе впечатлива и посебна, но она што ја прави место од 1001 ноќ е големото арапско наследство кое буквално го обликувало градот со векови – Арапите останале во Гранада до 1492 година, кога Гранада паднала како нивно последно упориште на Пиринејскиот Полуостров. Ова најдобро се гледа во нејзината најатрактивна знаменитост – Алхамбра. Обиколка на најпознатиот локалитет во Шпанија, кој остана и по заминувањето на Арапите од Шпанија, најромантичниот европски споменик. По посетата на Алхамбра, пешачиме до катедралата, капелата на католичките кралеви и старата арапска улица Алкасерија. Би било штета Гранада да се изедначи само со Алхамбра – Гранада има многу повеќе да понуди! Прошетка низ Албаичин, впечатлива градска област со бели фасади и тесни улички со прекрасна глетка, Мирадор де Сан Николас, од која можете да уживате во прекрасен поглед на Алхамбра. Патувањето трае 1 час. Враќање во хотел. Вечера со вклучени пијалоци. Ноќевање.
5 ден (25.05.2025.) МАЛАГА – СКОПЈЕ
Ран појадок. Напуштање на хотелските соби во 02.00ч. Трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 05:50ч. (лет LH1153). Слетување во Скопје во 13:50ч. Крај на програмата.
Редовна цена- 690 евра
Цена до 28.02 - 650 евра
Во цената е вклучено :
• Авионски превоз со Lufthansa на релацијата Скопје –Виена- Малага-Франкфурт-Скопје
• Аеродромски такси
• Рачен багаж (1 ташна /торба до 8 kg)
• Трансфер од аеродром до хотел и обратно
• 4 ноќевања во хотел 4*со појадок и вечера https://www.blueseahotels.com/en/hoteles/destinos/costa-del-sol/torremolinos/bluesea-al-andalus?utm_source=mybusiness&utm_medium=organic&utm_campaign=GMB&utm_content=BLUESEAAlAndalus
• Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено :
Туристичка такса
Задолжително патничко осигурување
- Чекиран багаж / куфер – со доплата 60 евра
• Факултативен излет во Кордоба 80 евра - Факултативен излет во Севиља 90 евра
- Факултативен излет во Гранада 75 евра
пакет за уплата на сите екскурзии 220 евра