Букурешт прв пат е документиран во 1459 година. Од тогаш, тој пројде низ многу промени и во 1862 година стана главниот град на Романија. Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекува „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот. Има многу знаменитости кои ќе го привлечат вашето внимание уште во моментот кога ќе пристигнете во центарот на градот. Особено значајни се Триумфалната порта во Букурешт, Куќата на слободниот печат, Авенија на победата, Палатата на парламентот, Плоштадот на револуцијата, Кралската палата, Римскиот Атениум и Стариот град.
Нашите тури за Романија се добро познати, па затоа за Велигден ве носиме во Букурешт како и Замоците на Трансилванија, но овој пат со нова и поинаква програма. Одлична можност да ги посетите и доживеете замоците на Трансилванија, да уживате и да се релаксирате во Термалните бањи во Букурешт со градина од над 800.000 растенија и да го посетите најголемото природно езеро во Снагов како и истоимениот манастир во Снагов, каде што се наоѓа гробот на Дракула.
ЦEНА НА АРАНЖМАНОТ: 239€ / 14.818 МКД
ПРОМО ЦЕНА ДО 15.03: 189€ / 11.718 МКД