СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ПАТУВАЊА ВО МАЈ 2025 - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ - Берлин на точак 16.05.2025

Берлин на точак 16.05.2025

Авион / 4 дена / 3 ноќевања


16 мај (петок) СКОПЈЕ – БЕРЛИН

Состанок  на група на аеродромот во Скопје во 12:00 часот. Авионот за Берлин на Визер полетува во 14:00 часот. Слетување во Берлин во 16:15 часот. Трансфер до хотел и сместување. Слободно време за вечера во ресторан или пивница за да се пробаат специјалитетите на берлинската кујна: свинска коленица Eisbein или колбас од свинско месо со сос и кари Currywurst и сето тоа “зачинето” со пенливо германско пиво... Ноќевање.

17 мај (сабота) БЕРЛИН

Појадок. Факултативна велосипедска тура 3/4 часаНајдоброто во Берлин - откријте ја суштината на главниот град за кратко време. Можност за посета на најпознатите знаменитости како најголемиот плоштад во Берлин Александерплац - центар на бившиот источен дел на Берлин, ТВ кулата која со својата височина од 368 метри е на списокот на највисоки градби во Германија, Берлинската катедралата, Брандербуршката Порта, Рајхстаг. Станете сведок на историските пресвртни точки на контролниот пункт Чарли, меморијалот на холокаустот и ѕидот. Ќе претставиме увид во возбудливата трансформација на Берлин од тогаш до сега. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

18 мај (недела) БЕРЛИН

Појадок. Факултативна велосипедска тура 3/4 часаВибрациите на Берлин – се вози низ живи населби, зелени оази, улици со графити и герила-архитектура. Добијте чувство за познатиот имиџ на градот со истражување на квартовите Кројцберг и Фридрихшајн. Ќе ви покажеме како поранешната погранична земја се преобрати на многу начини, како алтернативната субкултура се судира со големите бизниси. Одлична комбинација на панорамски патеки покрај брегот, шарени населби, источната галерија и ѕидот. Можност за крстарење по реката Шпре и уживање во прекраснате глетки на градот кои се наоѓаат покрај брегот. Слободно време за прошетка и уживање. Ноќевање.

19 мај (понеделник) БЕРЛИН – СКОПЈЕ

Појадок. Предлагаме (со метро) прошетка во бившиот западен дел на Берлин, по Булеварот Курфурштендам со најпознатата стоковна куќа KaDeWe... Трансфер до аеродромот во Берлин. Полетување со Визер во 16:45 часот. Слетување во Скопје во 19:00 часот.


попуст за ранa уплатa до 01.03499  / 30.940 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:559 /34.660мкд




ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје-Берлин-Скопје

Аеродромски такси

Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

Сместување во хотел 3* во Берлин, на база 3 ноќевања со појадок

Рачен багаж (1 мека торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

Организација на аранжманот и придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / чекиран багаж - куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

Туристичка такса 930 мкд (се плаќа во агенција )

  • Велосипедски тури (Најдоброто од Берлин / Вибрациите на Берлин) со локален водич

  • Група од 10 лица – 40 € по лице на ден за 3 часа / 50 € по лице на ден за 4 часа

  • Група од 6 до 9 лица – 55 € по лице на ден за 3 часа

  • Група од 1 до 5 лица – 70 € по лице на ден за 3 часа

Крстарење по реката Шпре

Влезници, карти за локален превоз

Патничко – здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба 7.500 мкд


Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. СУПЕР ТРАВЕЛ




Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија