СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА 2025 - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - ТИРАНА - КРУЈА - ДРАЧ - 2 ноќи

ТИРАНА - КРУЈА - ДРАЧ - 2 ноќи

Тирана – Круја Драч


Тирана град на контрастите во кој историјата и традицијата го дополнуваат модерниот начин на живот и градската архитектура. Иако долги години изолирана, последните години со голема брзина се трансформира и се развива и сега може да парира со секојa европскa престолнина.Со камениот мост од отоманскиот период, италијанските вили, комунистичката архитектура, најсовремено уредени плоштади, нови верски објекти и модерни трговски центри Тирана станува туристички предизвик во ова време.


Прв ден 18.04.2025 (Петок)

Тргнување на групата во 02:00 од Кавадарци. Патувањето продолжува кон граничен премин Ќафасан и пристигнување во Тирана во утринските часови.

Пешачката тура ја започнуваме на плоштадот Мајка Тереза опкружен со неколку факултети и зградата на Ректоратот, Архелошкиот музеј и новоотворениот стадион „ЕР Алнабија”. Булеварот Маченици на нацијата е место каде се наоѓаат Палата на Конгресот и не води до плоштадот Скендербег. Пирамидата на Тирана или мавзолејт на Енвер Хоѓа сегашен конгресен центар. Плоштадот Скендербег на кој е сместен еден од 750 000 бункери-бункерот арт2 кој сега е музеј посветен на жртвите на комунистичкиот режим. Саат Кулата како и Етхем Бегова џамија од 1822 година, националиот музеј поточно музаикот на зградата. Православната црка Воскресение Господово како и резиденцијата на Енвер Хоѓа. Слободно време за уживање во многубројните кафулина. Сместување во хотелот. Вечерта слободни активности во Тирана .

Ноќевање.

Втор ден 19.04.2025 (Сабота)

Предлагаме целодневен факултативен излет до Круја и Драч. Градот Круја каде е роден Ѓорѓ Кастриот - Скендербег, можност за посета на музејот на Скендербег, замокот Круја, старата чаршија...Името и важноста на градот се тесно поврзани со 25-годишното дејствување на херој Скендербег, кој во XV век ја направи Круја бастион на бескомпромисниот отпор против Османлиите. Музејот на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег се наоѓа во внатрешноста на ѕидините на замокот, кои датираат од петтиот и шестиот век од нашата ера. Самиот музеј бил отворен во 1981 година. Во рамките на ѕидините на замокот се и Етнографскиот музеј и Теќето Долма. Во близина на влезот на замокот се наоѓа традиционален пазар, кој датира од периодот на Скендербег. Овде туристите можат да најдат албански занаетчиски производи како што се везени предмети, теписони, сребрени предмети, бакар,алабастер, филигран, традиционална облека, антиквитети на традиционалниот Стар Базар во Круја.

Драч е најголемото туристичко место на албанскиот брег на Јадранското Море. Тој е еден од најстарите албански градови со неколку значајни наследства од римската ера. Истовремено, тоа е најголемото албанско пристаниште со 115.000 жители. Јужно од стариот дел на градот се разви нов дел со модерни хотели и станбени површини, булевари и шеталишта со дрвореди од палми. Раздвиженоста на улиците, нагласената гостопримливост, интересната гастрономска понуда, необичната архитектура со светло обоени фасади како и бројните природни убавини денес го прават овој дел од Албанија, како и самиот Драч, една од најатрактивните туристички дестинации на Балканот што треба да се доживее во неговото автентично секојдневие. Разгледување на градот: Амфитеатарот, најголем на балканот, Тврдината, Венецијанската Тврдина-изградена во 16 век,црквите и џамиите лоцирани во центарот . Ноќевање. 

Трет ден 20.04.2025 (Недела)

Одјавување од хотелот можност за индивидуална прошетка во Тирана и во пладневните часови заминување на групата кон Македонија со попатнио застанување на шопинг во најголемиот шопинг мол – ТЕГ.

Пристигнување во Македонија во вечерните часови.


Промо цена - 99 евра (6.140 ден.)

Редовна цена на аранжманот - 119 евра (7.380 ден.)


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,

  • 2 Ноќевања со појадок во Хотел 3* во Тирана во околината

  • Пешачки разглед со локален водич воТирана,

  • Профисионален туристички придружник,

  • Организација и реализација на патувањето,

  • Туристичка такса.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен излет до Круја и Драч 30 евра,

  • Здраствено патничко осигурување (задолжително) 200 ден,

  • Влезници за музеите

    Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;

  • Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;

  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;

  • Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;

  • Патувањето до Тирана може да се реализира и со лична карта;

  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;

  • За оваа патуваање важат општите услови за патување на Т.А Супер Травел и СКТМ


Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија