КРАКОВ - 3 ноќи

КРАКОВ



Краков е еден најубавите европски градови, неговиот стар дел е вклучен на списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Краков е срцето на централна Европа и претставува втор најголем град во Полска, изграден на бреговите на најдолгата река, Висла
Главниот плоштадот Ринек е еден од најголемите средновековни плоштади во Европа. Тука се наоѓаат прекрасни градби, цркви изработени во специфичен готски стил, катедрали, замоци, но и модерни кафулиња, преполни со туристи од цел свет, кои придонесуваат за една посебна атмосфера и раздвиженост.
Белите кочии и коњите, за прошетка низ стариот дел на градот, се прекрасен декор и му даваат изглед на центарот на Краков како дел од бајка.



Програма

Прв Ден (17.04.2025): Кавадарци - Закопане

Состанок на групата ВО 12 часот Патување преку Србија, Унгарија, Словачка со попатни паузи за царински формалности и одмор.

Вечерно патување.

Втор Ден (18.04.2025): Закопане – Краков

Пристигнување во градот на зимските спортови и градот на Татрите – Закопане во предпладневните часови.

Панорамски разглед на скијачкиот дел и познатите ски скокалници, разглед со локален професионален водич на центарот на Закопане, шармантната дрвена стара црква, и огромниот регионален пазар. Слободно време за ручек во во некои од локалните ресторани кои служат локални специјалитети и индивидуални активности.

По разгледот се упатуваме во Краков.

Сместување во хотел во Краков. Ноќевање.

Трет Ден (19.04.2025): Краков

Појадок. По појадокот, тргнуваме во градот на Полските Кралеви.

Разглед со локален туристички водич на стариот дел (без влезници во цркви и музеи). Посета на замокот на кралевите Вавел. Главниот плоштад Ринек кој претставува еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, споменикот на најпознатиот полски писател Адам Мицкјевиќ, Флоријанската улица, базиликата Света МаријаЛегендата за змејот која е веројатно најпознатата од многуте легенди поврзани со овој град. Посета на Еврејскиот кварт – Гето. Плоштадот со 70 метални столици кои се поставени денес во знак на настанот кога Евреите биле заробени и пратени во Логор. Во Еврејскиот кварт имаме можност да го почувствуваме и видиме животот на Евреите пред и по војната низ бројните дуќани, улички, фризерски салони, синагоги и куќи кои се зачувани во оригинална идентична состојба од тоа време.  Слободно време за индивидуални активности во центарот на градот.

Факултативна Вечера со традиционални Полски јадења.

Враќање во хотел. Ноќевање.

Четврти Ден (20.04.2025): Аушвиц

Појадок. По појадокот тргнување и реализација на факултативната посета на Аушвиц, еден од најзначајните симболи на светската историја. Најголемиот логор на нацистичка Германија, а денешен најпосетуван спомен-музеј кој е ставен под заштита на УНЕСКО. Разглед со професионален водич.

Враќање во Краков и посета на Молот Галерија Краковска. Слободно време.

Враќање во хотел. Ноќевање.

Петти Ден (21.04.2025): Величка

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот.

Се упатуваме кон Величка најпознатиот рудник на сол, уште познат како Белото злато на Полска. Величка е еден од најстарите и најголеми рачно издлабени подземни рудници во светот, кој е претворен во голем туристички комплекс. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, а за туристите е програмата на 3-то ниво или 13 метри под нивото на земјата. Со професионален водич, уживаме во прекрасните глетки на многубројните склуптури од сол, подземното езеро, солената катедрала и богатата историја за самото место.

По разгледот, враќање кон Македонија.

Вечерно патување со попатни паузи и царински формалности.

Шести Ден (22.04.2025): Македонија

Пристигнување во Кавадарци во пладневните часови.

Промо цена - 229 евра

Редова цена на аранжманот - 279 евра

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус;

  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Краков;

  • Организиран разглед со водич на Закопане;

  • Организација и водство на патувањето.

Во цената не е вклучено:

  • Факултативен разглед на Краков – 10

  • Факултативна посета на Величка – 50

  • Факултативна посета на Аушвиц – 50

  • Факултативна посета на Готскиот дворец Вавел 25€

СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА ЗА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ – 120 €

* Традиционална Полска вечера – EUR;

* Влезници за посета на музеи и галерии;

* Задолжителна туристичка такса 2,5 € по лице по ноќевање;

* Патничко и здравствено осигурување;

* Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот;

* Доплата за еднокреветна соба 70% од цената на аранжманот.

Важна напомена:

* Плаќањето е задолжително во денари (1 евро = 62 МКД);

* За ова патување потребен е валиден биометриски пасош

* Важност на пасошот мин. 90 дена од денот на враќањето;

* Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување;

* Уплатата за Факултативните излети како и резервацијата за истите се прави пред патувањето како би можеле истите технички да се реализираат;

* За резервација задолжителна уплата аванс 30% од вкупниот износ (авансот е неповратен), целосна доплата 10 дена пред патување;

* Седиштата во автобусот се по случаен избор. Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице во правец и да бира седиште;

* Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот;

* Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;

* Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично;

* За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надоместува материјална оштета;

* Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија