СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ВИКЕНД ПАТУВАЊА - ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД 28.03.2025 - МИНХЕН со прекрасните БАВАРСКИ ДВОРЦИ

МИНХЕН со прекрасните БАВАРСКИ ДВОРЦИ

МИНХЕН со прекрасните БАВАРСКИ ДВОРЦИ

Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

 

Минхен е трет по големина град во Германија, веднаш по Берлин и Хамбург, распространет на реката Изар, на падините на Алпите. Во средината на 19ти Век го има своето златно доба под управа на Лудвиг I и неговиот син Максимилијан II. Во тоа време се изградени многу чудесни градби, а, Минхен станал центар на германската култура и уметност.

Чудесните дворци Нојшванштајн и Линдерхоф се наоѓаат во шумовитиот алпски амбиент на јужна Германија. Изградени се од младиот и ексцентричен Крал Лудвиг II, кој бил опседнат со желбата да гради луксузни и необични палати.

 

29. Март (Сабота)                             СКОПЈЕ – МИНХЕН

Состанок  на групата на Аеродромот во Скопје во 05:00 часот. Авионот за Минхен полетува во 06:55 и слетува во 09:05 часот. Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот во Минхен.  Разглед на еден од најубавите градови во Германија, Карлсплац, Црквата Св. Михаел, Богородичната Црква со двете необични кули, Главниот Плоштад Мариенплац со старата и новата градска куќа во неоготски стил, Кралската Палата, Плоштадот Одеон, Старата и Нова Пинакотека... Слободно време за индивидуални активности. Вечерта, можност за посета на една од најпознатите пивници во Европа, Hofbrauhaus, со традиција стара 400 години, со традиционална баварска храна и пиво. Ноќевање.

30. Март (Недела)                             ДВОРЦИТЕ НОЈШВАНШТАЈН И ЛИНДЕРХОФ

Појадок. Целодневен факултативен излет во областа на Баварските Алпи и уживање во спектакуларните пејсажи кои го инспирирале Рихард Вагнер да ги создаде некои од најголемите дела на класичната музика. Посета на дворецот Линдерхоф – најрепрезантативното дело на Лудвиг II, опкружен со тераси со паркови и павиљони. Изграден е во времето на Максимилијан II, за потребите за лов на Кралското семејство. Подоцна, Лудвиг II, искажувајќи ја максимално својата  екстраваганција, овој дворец го преуредил во “рококо” стил и го позлатил. Продолжуваме со патување (околу 45 км) до бајковитиот дворец Нојшванштајн - изграден на карпа, во стилот на старогерманските витешки замоци. Овој дворец е инспирација на Волт Дизни за изработување на препознатливата “шпица” на бројни цртани филмови. Враќање во Минхен во вечерните часови. Ноќевање.

31. Март (Понеделник)                    САЛЦБУРГ

Појадок. Слободен ден или факултативна посета на Салцбург, сместен меѓу Алпите, еден од најубавите градови во Средна Европа. Ова е родниот град на Моцарт, место со привлечна архитектура, богата историја, култура и одлична гастро сцена. Салцбург ја има сочувано својата барокна архитектура, а Стариот Град е под заштита на УНЕСКО. Тесните камени улици, шармантните плоштади, историските згради, елегантните цркви и кафетерии го прават идеален за шетање. Разглед на историското јадро – барокниот Дворец Мирабел од 17 век заедно со прекрасниот парк, Моцартовиот Плоштад со неговиот споменик, Бискупската резиденција, Катедралата, Универзитетската Црква, малиот Плоштад со ’’големиот’’ музеј посветен на големиот композитор... Враќање во Минхен во попладневните/ вечерните часови. Ноќевање.

01. Април (Вторник)                         МИНХЕН   СКОПЈЕ

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални активности. Трансфер до Аеродромот во Меминген. Полетување за Скопје во 14:35 и слетување во 16:35 часот.

 

 

 

 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:                499 евра (30.950 денари)               

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-  Авионски превоз на релација Скопје-Минхен-Скопје со вклучени аеродромски такси

-  Рачен багаж (1 торба/ранец со димензии 40х30х20cm до 10kg)

-  Трансфери на релација Аеродром – Хотел и обратно

-  Сместување во Хотел 3* во Минхен на база 3 ноќевања со појадок

-  Прошетка во Минхен

-  Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-  Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)

-  Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg

-  Туристичка такса (се плаќа во хотелите на рецепција)

-  Факултативна посета на Баварските Дворци (трансфер + водич) 70 евра + влезници за дворците 45 евра

-  Факултативна посета на Салцбург 75 евра

-  Влезници во музеите и културно историските споменици

-  Билети за јавен превоз

-  Патничко – здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници

За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија