СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 8 ми МАРТ 2025 - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - БУДВА-ОСТРОГ-ДУБРОВНИК-КОТОР-ТИВАТ-ПОРТО МОНТЕНЕГРО

БУДВА-ОСТРОГ-ДУБРОВНИК-КОТОР-ТИВАТ-ПОРТО МОНТЕНЕГРО

БУДВА-ОСТРОГ-ДУБРОВНИК-КОТОР-ТИВАТ-ПОРТО МОНТЕНЕГРО


ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД ШТИП,ВЕЛЕС,НЕГОТИНО,КАВАДАРЦИ,СКОПЈЕ



06.03.2025(Четврток) Велес -Скопје – Острог - Будва

Состанок на групата во Велес пред агенцијата во 22.00 часот. Поаѓање за Црна Гора. 

Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

07.03.2025(Петок Острог - Будва

Во раните утрински часови пристигнување на  Острошки манастир - сместен во високо карпест предел,основан од страна на Св.  Василије Острошки во XVII век .Острошки манастир - најпосетениот манастир во Црна Гора т.е третото место по посетеност во светот на православието .Денес во истиот се наоѓаат моштите на Св.Василиј Острошки за кои се верува дека се чудотворни.Поаѓање кон Будва.

Сместување во приватни апартмани во попладневните часови. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот.. или пак воздишка за кафе или ручек во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Ноќевање.

 

08.03.2025(СаботаБудва-Дубровник

Можност за факултативна целодневна посета на Дубровник. Патувањето се одвива преку Тиват со траект до Дубровник. Градот каде се снимаа дел од сцените на познатата серија Гејм оф Тронс денес, е под светската културна заштита на УНЕСКО и е несомнено една од најубавите светски дестинации за посета. Раглед и прошетка на стариот дел на градотПлаца, Онофриевата чешма, Орландовиот Столб, Градскиот ѕвонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Враќање во БудваНоќевaње .

 

09.03.2025(Недела) Будва-Котор-Тиват

Напуштање на апартманите. Можност за факултативна посета на Котор. Индивидуална прошетка во стариот дел на градот. Moжност за посета на катедралата Св.Трипун ( заштитник на градот ), Столбот на срамот, црквата Св.Никола, Наш предлог е искачувањето на Которската тврдина. Погледот од истата е фасцинантен и единствено од таму може да произлезат уникатни фотографии. Потоа се упатуваме кон Тиват, разглед нa градот и монденското пристаниште Порто Монтенегро, несекојдневно чувство на богатство, спој на природна убавина и човечки ресурси.

Тргнување за Македонија со попатни паузи и царински формалности,пристигнување во утринските часови.

 

Промо цена 99 евра / 6140ден по лице

Редовна цена 119 евра / 7380 ден по лице

 

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД ШТИП,ВЕЛЕС,НЕГОТИНО,КАВАДАРЦИ,СКОПЈЕ


Во цената на аранжманот е вклучено:

Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

- Сместување во студија во Будва во двокреветни/трокреветни соби 

- Организирана посета на Острог

- Организација, реализација и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Факултативна посета на Дубровник 35  (доплата на лице место)

-Факултативна посета на Котор и Тиват 15 € (доплата на лице место)

- Превоз од Долниот до Горниот манастир Острог во правец - 1€  (доплата на лице место)

- Туристичка такса во манастир Острог-1€  (доплата на лице место)

- Туристичка такса 2 евра (плаќање во агенција)

- Влезници по музеите и културно историските споменици

- Патничко осигурување (задолжително) се вади во агенција или во некоја осигурителна компанија

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- За овој аранжман важат Општите Услови за патување на СКТМ
- Цените се изразени во евра за уплата исклучиво во денари по курс 1€=62мкд.

-Трето возрасно лице на дополнителен кревет плаќа полна сума на аранжманот 

-Доплата за бирање на седиште во автобус 10€ по лице (за минимум 2 лица) 

-Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници.  

-Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 10 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра. 

-Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба. 

-Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд. 

-За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и ТА Супер Травел

-Организаторот има право за отказ на патувањето до 7 дена пред патувањето во случај на недоволен број на пријавени. 


Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија