ОСМИ МАРТ ВО СОКОБАЊА
( 07.03-09.03.2025 )
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 169 ЕУР/ 10.480 ден. За уплата до 31.01.2025
2 ноќевања + полн пансион (појадок,ручек,вечера) + превоз + свечена 8-мо мартовска вечера неограничен пијалок и жива музика
07.03.2025 Петок ВЕЛЕС-СКОПЈЕ – СОКОБАЊА
Поаѓање за Србија во утринските часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во претпладневните часови во хотел ,, Бањица ,, 3* во кој пријатните домаќини не пречекуваат со традиционален коктел за добредојде. Се сместуваме во соби и по краток одмор од патувањето следи ручек. После ручекот следи попладневна организирана прошетка низ поширокиот центар на Сокобања (Mилошев Конак, Tурско купатило, црквата Св.Преображение...). Враќање во хотел. Време за одмор.Вечера.Музичка вечер организирана во хотелот.Ноќевање.
08.03.2025 Сабота СОКОБАЊА
Појадок. По појадокот организирана прошетка со локален водич до излетничкото место Лептерија и Соко Град (доколку дозволуваат временските прилики). Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта, свечена 8 - мо Мартовска вечера со жива музика и богато мени. Ноќевање.
09.03.2025Недела СОКОБАЊА-ВЕЛЕС
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Напуштање на хотелот и заминување за Македонија Пристигнување во Велес во попладневните часови.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 169 ЕУР/ 10.480 ден. За уплата до 25.02.2025
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 179 евра / 11.100 ден
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус од Скопје,Велес,Кавадарци,Неготино,Штип,Куманово
- Сместување во хотел Бањица 3* во Сокобања на база 2 ноќевања со цел пансион (појадок, ручек, вечера)
- Свечена вечера на 08.03.2025 со жива музика и неограничен пијалок (мeни за свечената вечера: ладно предјадење, пита зелјаница со павлака, скара , домашна погача, сезонска салата, десерт) – менито може да претрпи промени
- Организиран разглед со локален водич на центарот на градот,Лептерија и Сокоград
- Користење на џакузи во хотелот со термо минерална вода
- Организација и реализација на патувањето со лиценциран туристички придружник на патувањето
Цената не вклучува:
- Задолжително патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
Напомени:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање или лична карта
- Трето возрасно лице на дополнителен кревет плаќа полна сума на аранжманот
- Доплата за бирање на седиште во автобус 10€ по лице (за минимум 2 лица)
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
- Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.
- За овој аранжман важат
Општите Услови на патување на СКТМ и ТА Супер Травел
- Организаторот
има право за отказ на патувањето до 7
дена пред патувањето во случај на
недоволен број на пријавени.