4 Ден - 21.04.2025 - (понеделник) – Дубровник- Хрватска
Пристигнување на крузерот : 12:00ч.
Поаѓање на крузерот од Дубровник : 02:30ч. - 22.04.2025
Вашите медитерански фантазии стануваат реалност, крузерот застанува во сафирните води на пристаништето на древната Рагуза, Дубровник, бисерот на Јадранот и Хрватска...Целиот во камен, стариот град, неговите монументални ѕидини, долги 1.940 метри и високи 25 метри ,го покажува целиот свој барокен сјај ,со палатите и црквите што го опкружуваат,а вие ќе почувствувате стравопочит, тука во земјата на чудата, во пристаништето на Кингс Лендинг,во градот на “Game of Thrones”…за оние кои ја гледале серијата ,посетата на Дубровник ќе стане прекрасно дежа ву поради начинот на кој таа беше толку добро интегрирана во сценографијата на серијата,зашто со база, Стариот град Дубровник, не беа потребни посебни мерки за сценографија и специјални ефекти… Тука , во градот на поетот Гундулиќ, во времето на вековната Република Дубровник, чии кораби пловеле по светските мориња сè до Англија, Индија и Америка,се создадени ,најстариот документ за поморското право во светот и најстариот европски закон за поморско осигурување , а тука е и најстарата европска аптека која постојано се користи за фармацевтски цели!
Утврдената кула Минчета е еден од најтрајните симболи на градот и неговата слобода, како и едно од најубавите утврдувања во светот... изгледа како круна,всушност, таа во минатото навистина била „круна на убава жена“ (La belle femme), односно бронзен топ кој тежел дури 70 тони!
Прошетка со нашиот претставникот од Кри Турс , а за тоа ,нашиот најдобар „билет“ за да започне оваа магија ,е една од портите на градските sидини, Пиле и Плоче…а пред Пиле , тврдината Ловријенац од десната страна, камен џин чија дебелина на ѕидот во некои делови достигнува дури 12 метри…а потоа плоштадот Плаца, и главната артерија по која е познат Дубровник, Страдун, главната и најстарата улица во градот овде, каде некогаш чекореле историски личности, денес шетаат кралски членови, познати актери, пејачи, спортисти ... а ќе чекорите и вие заедно со нашиот претставник,можеби и вие ќе наполните вода од Големата Онофрониева фонтана , каде пред 600 години започнале да полнат вода жителите на градот ... Во 02.30 часот после полноќ , крузерот ќе замине од пристаништето на овај хрватски бисер, за да ве однесе во нова авантура, пристаништето на Котор, а дотогаш вие уживајте во можностите што ви ги пружа вашиот прекрасен брод...