СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 8 ми МАРТ 2025 - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - СПЛИТ – ШИБЕНИК – МАКАРСКА – ТРОГИР – КРКА

СПЛИТ – ШИБЕНИК – МАКАРСКА – ТРОГИР – КРКА

 СПЛИТ 

 ШИБЕНИК – МАКАРСКА  ТРОГИР – КРКА

1 ден 06.03.2025 Поаѓање од пред агенција во 18.00 часот со туристички автобус, преку Албанија, Црна Гора за Хрватска, ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 07.03.2025 Утрото пристигнување во Ц. Гора, се преминува Бока – которскиот залив, се оди према Хрватска, покрај Дубровник предпладне пристигнување во Сплит, разгледување на градот со локален водич: Диоклецијановата Палата, катедралата на Свети Дује,споменикот на Гргур Нински, Златната и Сребрената порта, плоштадот на Републиката, Хрватскиот народен театар, Сплитската Променада – Рива… Сместување во хотел и слободно попладне за уживање покрај Сплитската Рива-шеталиште. Ноќевање.

3 ден 08.03.2025 Појадок. Целодневен факултативен излет до: Трогир каде ќе се видаткатедралата Свети Ловре, палатата Чипико, тврдината Камерленго, кулата св. Марко… Шибеник при што ќе се видат: Катедралата св. Јаков – која е под заштита на УНЕСКО, Аквариумот, Градската куќа, 4-рите средновековни бунари… а на 10 км. од Шибеник се најдува Националниот парк *Крка* со прекрасните слапови на реката Крка и нивна посета. Враќање во Сплит. Ноќевање.

4 ден 09.03.2025 Појадок.Поаѓање за Македонија преку “Гусарскиот” град- Омиш, па посета на Јадранскиот бисер- Макарска,прошетка по шеталиштето-Рива, Качичевиот плоштад, црквата св.Марко, Стариот град…Потоа,  долж Јадранската Ривиера се поминува покрај убави летувалишта , како Башка вода, Подгора, Дубровник, до Црна Гора,па низ Херцег Нови, преку Бока–Которскиот залив, се застанува и посетува Тиват –пред се монденското пристаниште Порто Монтенегро, кое е спој на природна убавина и човечки ресурси . Продолжување за Македонија преку Албанија, ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 10.03.2025 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.

Цена: 8900 денза резервации и уплати од 30% до 30.01.2025 г.

Редовна цена 9900 ден.

Во цената се пресметани следните услуги:

  • превоз со туристички автобус
  • сместување во хотел Мондо 4* на база 2 ноќевања со појадок
  • разгледување на Сплит со локален водич
  • попатна посета на Макарска
  • организација и придружник на патувањето

Во цената не е пресметано:

  • патничко и здравствено осигурување – без франшиза – 250 ден. до 65год.
  • туристичка такса 2 еур по ден, плаќање во агенција
  • доплата за еднокреветна соба 50 еур
  • факултативен излет со локален водич: Трогир, Крка и Шибеник+влез во Крка-40€
  • влезници за евентуални културно – историски споменици

Напомена: Краен рок на пријавување  до 01.03.2025 година.

За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Супер Травел и СКТМ

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија