СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ПАТУВАЊА ВО МАЈ 2025 - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ - СИЦИЛИЈА 02.05.2025

СИЦИЛИЈА 02.05.2025

СИЦИЛИЈА

 

Авион/ 6 дена/ 5 ноќевања

02.05 (Петок) СКОПЈЕ – ТИРАНА - КАТАНИЈА

Состанок на групата во Скопје во 05.00 часот. Трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување за Катанија во 12.50 и пристигнување во 14.25 часот. Трансфер до хотелот и сместување.

Катанија е вториот по големина град на истокот на Сицилија, познат по својата уникатна архитектура изградена од вулкански камен и привлекува посетители со своите “живи” плоштади и автентична сицилијанска атмосфера. Пешачка прошетка со водич: главниот плоштад, фонтаната на слонови од 18 век која според легендата има моќ да го смири вулканот Етна, катедралата од бел мермер посветена на Св. Агата, заштитничката на градотдворецот Урсино, Универзитетот... Прошетка по улицата Виа Етнеа, каде  во 1669 година кога Етна еруптирала течела вжештена лава. Слободно време за вечера во некој од локалните ресторани со чаша италијанско вино. Ноќевање.

 

03.05 (Сабота) ЕТНА И ТАОРМИНА

Појадок. факултативен излет до вулканот Етна и градот Таормина.

Вулканот Етна (3.340 m) - најголемиот и единствен жив вулкан во Европа со околу 400 изгаснати и неколку активни кратери. Патуваме по црните патеки, некогаш прекриени со вжештена лава, пристигнување на надморска височина од 1.900 метри и слободно време за индивидуална прошетка околу постарите, изумрени кратери или можност за индивидуално патување со жичарница (доплата на лице место) на надморска височина од околу 3.000 метри до кратерот кој последен пат бил активен во 2001 година (забелешка: патувањето до вулканот Етна зависи од временските услови).

Таормина е модерен град и еден од најубавите места на Сицилија, а се наоѓа на ридот Монте Тауро. Прошетка по главната улица, грчкиот амфитеатар од 3 век п.н.е. кој е еден од најдобро зачуваните амфитеатри од античката ера, палатата ди Стефано, црквата Св. Катерина, Градска општина... Ноќевање. 


04.05 (Недела) СИРАКУЗА И НОТО

Појадок. Факултативен излет до Сиракуза и Ното.

Сиракуза е град богат со историја и култура што датира од периодот на античка Грција, некогаш по улиците на овој град шетал познатиот математичар Архимед, кој исто така е роден овде. Посета на островот Ортиџа - прошетка низ живописните улици до катедралата, која претставува уникатен пример за архитектура, комбинација од грчкиот храм на божицата Атина и барокна црква. Историското јадро на градот е на листата на наследство на УНЕСКО. Уживајте во прошетката во градот кој Цицерон го опиша како „најголемиот и најубавиот грчки град “.

Малото гратче Ното, скриен скапоцен камен на Сицилија, кој исто така е на листата на светско наследство на УНЕСКО, со тесни камени улици и прекрасна барокна архитектура во боја на песок. Прошетка низ историскиот центар, со раскошните фасади на црквите и палатите, централната улица на Виторио Емануел, Градска Порта Реале, црквата Света Кјара, Катедрала Свети Никола, Палатата Николачи... Ноќевање.

 

05.05 (Понеделник) КАТАНИЈА - ЧЕФАЛУ - МОНРЕАЛЕ - ПАЛЕРМО

Појадок. Одјава од хотел и поѓање кон Палермо со попатна посета на градот Чефалу, еден од најубавите историски градови на Сицилија,  изграден под голема карпа во облик на круна. Овој традиционален рибарски град е еден од најпосетените места на островот и е на листата на најубави места во Италија! Слободно време за прошетка низ шарените кривулести улички со кафулиња, ресторани и мали продавници, како и посета на големата песочна плажа, која се вбројува меѓу најдобрите плажи во Италија. Патот продолжува кон гратчето Монреале, сместено на брдото Монте Капуто со поглед на многу плодната долина наречена „La Conca d'oro“ (Златна школка), огромно пространство со дрвја на портокали, маслинки и бадеми, чии производи се извезуваат во големи количини. Во Монреале се наоѓа најпознатата катедрала на целиот остров, нејзините позлатени мозаици зафаќаат површина од 6500 квадратни метри, се смета и за најубава норманска базилика во светот и е ставена на листата на светско наследство на УНЕСКО. Сместување во хотел во Палермо. Ноќевање.

 

06.05 (Вторник) ПАЛЕРМО

Појадок. Палермо е главен град на Сицилија- мултикултурен град кој живее дење и ноќе, има прекрасна архитектура, разновиден културен живот, традиционална сицилијанска кујна и одлична забава. Градот е познат и како поранешno седиште на сицилијанска мафија. Разглед во придружба на локален водич: Новата портаплоштадот Кватро Канти, фонтаната на срамот, театарот Масимо… Слободно попладне, препорачуваме, да ги посетите фасцинантните катакомби на Капучините. Не пропуптајте да пробате сладолед во крофна за кој овде во Палермо ќе ви кажат дека е најдобриот, а вечерта, „задолжително„ да пробате коктел Палермо Муле. Ноќевање.

 

07.05 (Среда) ПАЛЕРМО - КАТАНИЈА - ТИРАНА - СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Катанија. Полетување во 10.50 часот и пристигнување во 12.15 часот. Трансфер до Скопје.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 829 евра   (51.400 денари)

Рана уплата до  07.02: 759 евра   (47.060 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Трансфер на релација Скопје-Тирана-Скопје

Авионски превоз на релација Тирана-Катанија-Тирана

Трансфер Катанија-Палермо-Катанија

Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

Сместување во Хотел Sofia 3*  во строгиот центар на Катанија на база 3 ноќевања со појадок

Сместување во Хотел Del Centro 3* во строгиот центар на Палермо на база 2 ноќевања со појадок

Разглед на Катанија, Чефалу, Монреале и Палермо со локален водич

Организација на аранжманот и придружник на патувањето  

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Туристичка такса се плаќа во хотелите на рецепција

Доплата за багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж - куфер до 20кг, *цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање

- Факултативен излет Етна ( до 1900 метри) и Таормина 70 евра (трансфер, водич)

- Факултативен излет Сиракуза и Ното 60 евра (трансфер, водич)

- Влезници за локалитетите

Патничко – здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба  13.000 ден.

 

-Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. СУПЕР ТРАВЕЛ

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија