VILLA CAVO D'ORO - ПЕФКИ 2026

 Villa CAVO D'ORO 
Пефки, Остров Евија
Villa Cavo D'Oro се наоѓа на првата линија од објекти изградени покрај главната улицата која се протега покрај плажата и морето на Пефки. Студијата за сместување изградени над истоимената пицерија, имаат капацитет за престој на две или три лица. Секоја од единиците располага со комлетно опремена кујна, тоалет, балкон, како и ТВ и клима уред. Ресторанот-пицерија кој е дел од оваа вила, на блиската плажа располага и со свои лежалки и чадори, кои со нарачан пијалок или кафе е можно да се користат во текот на денот. 
* Објектот е "pet friendly" и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА
 - 30% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ВО ПЕРИОД 01.12 - 31.12.2025 

ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ + ТРАЕКТ

Престој во термин:STD 1/2 (2 лица)STD 1/2 SV (2 лица)STD 1/2+1 (3 лица)STD 1/2+1 SV (3 лица)
23.05 - 30.05.2026154  123 159  126 159  126 164  130 
30.05 - 06.06.2026166  131 171  135 171  135 178  140 
06.06 - 13.06.2026173  136 180  141 180  141 187  146 
13.06 - 20.06.2026204  158 211  163 211  163 220  169 
20.06 - 27.06.2026204  158 211  163 211  163 220  169 
27.06 - 04.07.2026213  165 222  171 222  171 231  177 
04.07 - 11.07.2026224  172 232  178 232  178 243  185 
11.07 - 18.07.2026234  179 245  187 245  187 255  194 
18.07 - 25.07.2026243  185 253  197 253  197 264  200 
25.07 - 01.08.2026243  185 253  197 253  197 264  200 
01.08 - 08.08.2026243  185 253  197 253  197 264  200 
08.08 - 15.08.2026243  185 253  197 253  197 264  200 
15.08 - 22.08.2026234  179 245  187 245  187 255  194 
22.08 - 29.08.2026224  172 232  178 232  178 243  185 
29.08 - 05.09.2026213  165 222  171 222  171 231  177 
05.09 - 12.09.2026213  165 222  171 222  171 231  177 
12.09 - 19.09.2026194  151 201  156 201  156 210  162 
19.09 - 26.09.2026164  130 169  134 169  134 176  139 
  • Цените се дадени по лице  за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз + траект

ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ НА СТУДИО (7 НОЌЕВАЊА)

Престој во термин:STD 1/2 (2 лица)STD 1/2 SV (2 лица)STD 1/2+1 (3 лица)STD 1/2+1 SV (3 лица)
23.05 - 30.05.2026207  145 217  152 217  152 228  160 
30.05 - 06.06.2026231  162 242  170 242  170 256  180 
06.06 - 13.06.2026245  172 259  182 259  182273  192 
13.06 - 20.06.2026308  216 322  226 322  226 340  238 
20.06 - 27.06.2026308  216 322  226 322  226 340  238 
27.06 - 04.07.2026326  229 343  241 343  241 361  253 
04.07 - 11.07.2026347  243364  255 364  255 385  270 
11.07 - 18.07.2026368  258 389  273 389  273 410  287 
18.07 - 25.07.2026385  270 406  285 406  285 427  299 
25.07 - 01.08.2026385  270 406  285 406  285 427  299 
01.08 - 08.08.2026385  270 406  285 406  285 427  299 
08.08 - 15.08.2026385  270 406  285 406  285 427  299 
15.08 - 22.08.2026368  258 389  273 389  273 410  287 
22.08 - 29.08.2026347  243364  255 364  255 385  270 
29.08 - 05.09.2026326  229 343  241 343  241 361  253 
05.09 - 12.09.2026326  229 343  241 343  241 361  253 
12.09 - 19.09.2026287  201 301  211 301  211 319  224 
19.09 - 26.09.2026228  160 238  167 238  167 252  177 
  • Цените се дадени за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз)
*Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба (до 31.12.2025), организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. 
 
Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.  
За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
 
Програма на патувањето
1 ден:       Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент или советник за патување. Влез во објектот по 14:00 часот или во време во договор со домаќинот. Ноќевање.
2 - 7 ден:  Престој во објектот според избраната услуга. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални туристички атракции  и културно-историски локалитети. Ноќевање.
8 ден: Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз,  во договореното време се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.
 
АВТОБУСКИ и БРОДСКИ ПРЕВОЗ          
Цена на повратен автобуски превоз:  70 EUR (50 EUR за дете 02 до 12 год.) 
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
Сатници на поаѓање до 20.Јуни 2026:                                               Сатници на поаѓање од 27.Јуни 2026:
- Скопје, во  00:30 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")                     - Скопје, во  23:30 ч. (петок навечер - паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Велес, во  01:00 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)                  - Велес, во  24:00 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во  01:30 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")                       - Неготино, во  00:30 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во  02:00 ч.  (бензиска пумпа "Shell")                                - Смоквица, во  01:00 ч.  (бензиска пумпа "Shell")
- Гевгелија, во  02:30 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин) - Гевгелија, во  01:30 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)
 
Поаѓање од Грција: 
- Истиот ден попладне.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. 
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. 
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
 
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и  одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши   по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
 Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од   вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. 
  Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и   локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите  и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална    опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите. 
 Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .
ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.
Цени и услови на плаќање
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2026 година, или до објава на нов ценовник.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
*За овој аранжман важат Општите услови на патување кои се составен дел од Договорот за патување.
Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти - EB):
- 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
- 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето
2. За резервации по Општа понуда - со редовни цени (освен EB и LM)
- 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
- 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
- 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;
Отказни трошоци во случај на отказ на услугите 
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот). 
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
 Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
- за отказ  до 30 дена пред патувањето 30%
- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
- за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
- за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
- за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute  (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

Опис на сместувачки капацитети

Прв кат:  
- С
тудио бр.20 тип 1/2+ 1 SV (еден брачен кревет со ширина 140 cm и еден единечен со ширина 90 cm)
- Студио бр.21 тип 1/2  (два единечни кревети со ширина 90 cm)
- Студио бр.24 тип 1/2+1  (еден брачен кревет со ширина 140 cm и  еден единечен со ширина  90 cm) 
- Студио бр.25 тип 1/2  (два единечни кревети со ширина 90 cm)
- Апартман бр.26 тип 1/2+1 (еден брачен кревет со ширина 140 cm и  еден единечен со ширина 90 cm)
 
Сите студија се опремени  со кујна (стд бр. 24 одвоена од собата), кујната е опремена со мини фрижидер сo комора, решо со две рингли, висечки елемент над кујна и под кујна и се опремени со LCD TV, клима и маса и столчиња, (соодветен број на кревети). Прозорите имаат шибер ролетна, но немаат комарник. Тоалетот е со туш директно на плочки.
 
Околина: Во самата вилата се наоѓаат мини пицерија, на прва линија од плажа, место за паркирање на автомобили,во должина на шеталиштето има повеќе таверни и ресторани, фурна, мини маркет.  
Чистење: студијата се чистат еднаш за време на престој, промена на постелина еднаш за време на престој.
Забелешка: Има Wi Fi Internet.
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија