СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 8 ми МАРТ 2025 - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - БУДИМПЕШТА- Сент Андреа

БУДИМПЕШТА- Сент Андреа

 БУДИМПЕШТA



За патувањето

Еден од најпознатите градови по течението на најголемата европска река, со векови е “непризнат” центар на светските политички влијанија. Оваа престолнина, во далечното минато формирана од двата града: Будим и Пешта, секогаш го привлекувала вниманието на сите кои го минувале патот од западниот кон источниот дел на стариот континент. Оваа европската крстосница, токму поради нејзината вековна улога, се формирала во таков сплет од остатоци на разни култури, при што успеала да се издвои и наметне со својот единствен стил.

Токму за денот на жената, искористете го за прошетка и градење спомени, тура за сите тие кои сакаат ново искуство.
За ова патување се резервира со време, не 5 до 12 😊
Во продолжение програмата…

 

Цена на аранжманот:189 ЕВРА /11.720мкд

Промо цена: 159 ЕВРА  / 9,858 мкд 


Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Организација и водство на патувањето
  • Задолжителен разглед на Будимпешта со водич (10 еур)
  • Факултативно крстарење по Дунав со чаша шампањ ( 20 еур)
  • Факултативна посета на Сент Андреа (20 еур)
  • Факултативна вечера во национален ресторан (50 еур)
  • Патничко и здравствено осигурување 200 мкд
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба-3.500мкд
  • Туристичка такса 4 евра по лице (се плаќа во автобус)


Програма

Состанок на групата во 17.00час. Поаѓање за Будимпешта во 17.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина...

Сместување во хотел.

Вечерта, факултативно крестарење по Дунав, под прекрасните мостови.

Ноќевање.

Појадок. Moжност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое  се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време за индивидуални активности.

Вечерта можност за факултативна вечера во национален ресторан – традиционална унгарска Чарда, со фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна.

Ноќевање.

Појадок. Индивидуално слободно време за прошетка низ центарот на градот или по познатата улица Ваци или посета на зоолошка градина.

Тргнување за Скопје во пладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење.

Пристигнување во Скопје во утринските часови, на 11.03-Понеделник.

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  •  За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија