И
С Т А Н Б У Л
Посетата
на Истанбул не е само обична посета на
еден град, тоа е буквално магија која
после првата посета Ве прави зависник
и посакувате повторно и повторно да го
посетите овој магичен град, но зошто е
тоа така?
Затоа
што Истанбул е:
Истанбул во 2023 година е избран
за најпосетуван град во светот,
посетен од над 20 милиони туристи.
Единствениот
град во светот кој лежи на два
континента. - Без
сомнение еден од најголемите градови
во минатото и сегашноста, главен град
на неколку империи, а денес најголем
град во Европа. - Градот во кој има топење
на култури,традиции и обичаи, кој лежи
на едно од стратешки најважното место
на земјата.
Со
над 450 км крајбрежие распослан на двете
страни од протокот Босфор, кој ги спојува
Егејското и Мраморното море со Црното
море.
Затоа
дозволете ни ние од Супер Травел да Bи
го презентираме овој магичен град од
кој сигурно ќе бидете маѓепсани, и
сигурни сме во тоа дека ова нема да ви
остане прва и единствена посета.
Нашата
програма за посета на Истанбул е следна:
1
ден 06.03.2025
(Четврток)
Поаѓање
во пладневните
часови од градовите
2
ден 07.03.2025 (Петок)
Пристигнување
во Истанбул. Во зависност од времето на
пристигнување доколку е порано во тој
случај прво се
остава багажот
хотелот кој се наоѓа во областа Аксарај
или Лалели, а
во спротивно се продолжува со реализација
на програмата односно - првиот пакет .
Со
локален водич го започнуваме разгледот
на Европскиот дел на Истанбул.
Најпрво
панорамски разглед на областите Аксерај
и Лалели, Универзитетот Бејазит под
Римскиот аквадукт, Џамијата Сулејмание,
покрај Египетскиот пазар, Галата мостот
итн. Разгледот продолжува
покрај заливот ''Златниот
Рог'' кој е долг 7 км и
го дели европскиот дел на два дела и
пристигнуваме до самиот крај на заливот
каде што се наоѓа едно панорамско
возвишување ''Пјер Лоти''
по името на познатиот
Француски поет, кој уживал на ова место
во прекрасен поглед кон заливот и
Истанбул, а Вие во прекрасниот поглед
можете да уживате во утринското Турско
кафе приготвено во жежок песок.
Потоа се упатуваме кон христијанската
населба Балат која
е позната по многуте шарени куќи обоени
во различни бои, кои и даваат посебен
сјај на оваа населба, исто така овде се
наоѓа и Вселенската
патријаршија, старата Грчка гимназија
и Железната црква која
е градена од македонски мајстори и овде
е закопан Партеније Зографски.
Таксим
– плоштадот до кој се
пристигнува по познатата улица Истиклал
која изобилува со многубројни бутици,
ресторани, кафетерии и по која се движи
познатиот црвен трамвај а на другиот
крај на улицата Истеклал се наоѓа кулата
Галата.
По
завршување на посетата на Таксим се
упатуваме кон хотелот каде сместувањето
е после 14:00 часот. По кратката пауза за
одмор, имате можност за индивидуална
прошетка до Капали
чаршија и потоа се
продолжува до Хиподромот на кој се
наоѓаат Аја Софија,
Сината џамија итн. каде
се остава групата за слободни активност.
-
Хиподромот (во
вид на потковица, кој некогаш служел за
коњски трки) а денес е познат како
плоштадот Султан Ахмет каде се наоѓа
исто имената Џамија денес позната како
Сината Џамија.
-
Сината Џамија можност за индивидуална
посета (чија каректеристика е тоа што
е единствената џамија со 6 минариња на
сино-зелените кристали и мермерни
камчииња по кои што го добила и името
Сината).
Аја
Софија со можност за индивидуална
посета (најпрво изградена како црква
на Светата мудрост градена во време на
византискиот цар, по освојување на
градот од Мехмед освојувачот ја претвара
во џамија за покасно да биде прогласена
за музеј и била една од најпосетуваните
атракции во Истанбул, но претседателот
Ердоган повторно ја претвора во џамија)
Ноќевање.
3
ден 08.03.2025
(Сабота)
Појадок.
После
појадокот се упатуваме на Крстарење
по Босфорот, Долмабахче ( за разглед се
доплаќа влезница) + Азиски дел на
Истанбул.
-
Долма Бахче палатата, утринското
кафе може да го испиеме во ресторанот
кој се наоѓа во дворот пред влезот на
палатата, доколку има заинтересирани
можност и за факултативна посета односно
влезница во палатата со локален водич.
(Палатата во која е преточено целото
богатство и раскош во кој уживале
султаните, раскошот на внатрешноста
може само да се доживее со посета на
истата, за која се употребени 14 тони
злато, 40 тони сребро прекрасни лустери
288 соби, 68 тоалети прекрасни градини...)
-
Крстарење по Босфорот (прекрасно
крстарење покрај европскиот и азискиот
брег на Босфор каде се наоѓаат палатата
Долма Бахче, џамијата Ортакој, куќите
на познати турски глумци,политичари и
бизнисмени, многу од нив ќе ги препознаете
од турските ТВ серии...)
-
Бејлербеи
или некои уште ја опишуваат како
минијатурна Долмабахче служела како
летна резиденција на султанот исто така
тука се одржувале многу забави за
гостите, посебно во летниот период.
Истотака место на многу рибни ресторани
и место каде се снимени голем број од
турските филмови.
-
Кадиќој е
прекрасна облас во азискиот дел на
Истанбул на анадолската страна кое е
посебно омилено на локалното население
затоа што тука може да вкусите прекрасна
храна најдобрата пица во Истанбул.
Областа изобилува со мали кафиќи,
продавници раздвижен дел на Истанбул
каде се наоѓаат големи станбени објекти
посебно популарна е да се посети улицата
Bahriye. Враќање кон хотелот.
Слободни
активности.
Ноќно
крстарење на Босфорот -
факултативна можност за три часовно
ноќно крстарење по Босфорот придружено
со традиционални турски танци, неограничени
алкохолни и безалкохолни пијалоци и
три вида мени по избор. Ноќевање.
4
ден 09.03.2025 (Недела)
После
појадокот се одјавуваме од хотелот и
се упатуваме кон шопинг центарот
''ФОРУМ'' во чија близина се наоѓа и
Декатлон. Слободно
време за шопинг. Попладнето
поаѓање за Македонија ноќно возење со
попатни паузи.
5
ден 10.03.2025 (Понеделник
)
Пристигнување
во Македонија во утринските часови.
ПРОМО
ЦЕНА за 109 евра (6,760 ден.)
Редовна
цена: 129 евра (7,990 ден.)
Во
цената на аранжманот е вклучено:
Превоз
на наведената релација со високо
туристички автобус,
2
Ноќевања со појадок во Хотел 3* во
Истанбул,
Посета
на шопинг центар ФОРУМ,
Профисионален
туристички придружник,
Организација
и реализација на патувањето.
Во
цената на аранжманот не е вклучено:
ПАКЕТ
- ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ (со локален Водич)
– 30 евра
Панорамски
разглед на Европски дел,
Пјер
Лоти (жичара + локален водич),
Балат,
Вселенската
Патријаршија,
Плоштадот
Таксим
ПАКЕТ
- КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР и АЗИСКИ ИСТАНБУЛ
(со локален водич)
- 80 евра
Долма
Бахче (се влегува во предворието каде
може да се користи ресторанот покрај
босфорот). За влез во палатата со локален
водич има дополнителна доплата од
50 евра,
Крстарење
по Босфор,
Панорамски
разглед на Азиски дел,
Бејлербеи,
Кадиќој.
Други
дополнителни факултативи и влезници
се :
Везница
во палатата Долма Бахче (влезница
+ локален водич) - 50€,
Ноќно
крстарење на Босфорот - факултативна
можност за три часовно ноќно крстарење
по Босфорот придружено со традиционални
турски танци, неограничени алкохолни
и безалкохолни пијалоци и три вида мени
по избор - 50€
Здраствено
патничко осигурување (задолжително) -
350 ден,
Туристичка
такса за целиот престој 2 евра по
лице (задолжително) се плаќа во агенцијата.
Трансфер
по градови Битола, Прилеп и
Штип -
10е
во правец по лице
Доплата
за еднокреветна соба - 3.000 денари
ЕВРОПСКИ
ПАКЕТ + ПАКЕТ КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР и
АЗИСКИ ИСТАНБУЛ = 100 евра
ИСТАНБУЛ
СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ и ВЛЕЗНИЦИ – 200 евра
НАПОМЕНА:
Патувањето
е од туристички карактер затоа задолжително
треба да се избери барем еден од
понудените пакети!
За
реализација на аранжманот потребен е
минимум од 40 патници;
Доколку
не се оствари реализација за минималниот
број на патници, организаторот го
задржува правото да го откаже аранжманот
најдоцна 5 дена пред поаѓање;
Доплата
за избор на седиште во двата правци
15 евра;
Доплата
за дополнително седиште 100 евра;
Се
предупредуваат патниците дека поради
почитување на часовите предвидени во
програмата, не постои можност за
задржување на границата поради TAX FREE;
Организаторот
го задржува правото за промена на цените
на факултативните излети, во случај на
промена на цената на влезниците на
локалитетите;
Земете
предвид дека поради државни или верски
празници на одредена дестинација на
одредени локалитети или трговски
центри, продавници и ресторани, музеи
можно е да не работат, па постои можност
да се смени редоследот на одредени
содржини во програмата;
Доколку
е потребно, организаторот го задржува
правото за промена на програмата;
Пасошот
мора да има важност минимум 180 дена од
датумот на завршувањето на аранжманот;
Плаќањето
ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за
1€;
За
оваа патуваање важат општите услови
за патување на Т.А Супер Травел и СКТМ.