СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 8 ми МАРТ 2025 - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - ТЕМИШВАР и АРАД

ТЕМИШВАР и АРАД

ТЕМИШВАР и АРАД


 

Темишвар во западна Романија е прогласен за европски град на културата во 2023 под мотото – Нека блесне вашата светлина! Тој е најголем град во Банат и исто така е наречен „Мала Виена“ токму заради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт. Различноста во градот се огледа и во градската архитектура. Во центарот се три поврзани плоштади кои заедно ја формираат пешачката зона низ улиците поставени во форма на ѕвезда. Плоштадот на операта или Плоштад на победата, Катедралниот плоштад и Плоштадот на обединување или Плоштад Слобода.Од балконот на Операта во 1989 години е објавено ослободувањето од комунистичката диктатура.


Арад е град сместен на бреговите на реката Муреш. Арад е единствениот град во Романија што го делат две историски провинции во земјата Крисана и Банат. Градот ја следи својата историја до 11 век и се развил како главно трговско место за време на турската окупација, помеѓу 1551 и 1699 година. од страна на императорот Франциско I од Австрија. Денес,Арад е важен индустриски центар и транспортен центар,дом на два универзитета,романска православна теолошка семинарија, Институт за обука на наставници и музички конзерваториум.


Вршац еден од најубавите градови во Банат, се наоѓа во североисточниот дел на Србија, односно југоисточниот дел на Војводина покрај работ на Панонската низина, во подножјето и на падините на планината Вршац. Дел од територијата на општина Вршац го зафаќа подрачјето на природниот резерват Делиблатска пешчара, познат како „Европска Сахара“.


Прв ден 06.03.2025(Четврток) Кавадарци-Темишвар

Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

Втор ден. -07.03.2025(Петок) Темишвар

Пристигнување во Темишвар, организиран разглед со Локален водич на градот. Посетување на Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-кои е подарок од градот Рим. Разгледот продолжува по плоштадот Слобода на кои е изградена Страта Градска куќа во 1734 година во барок стил како и статуата на Дева Марија. Биста на Децебалус - последниот Дачки крал ,плоштадот на Единство каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас се дел од наследстовото на Темишвар. По завршување на разгледот и индивидулните активности поаѓање кон хотелот и сместување.Ноќевање.

Трет ден. 08.03.2025 (Сабота) Темишвер – Арад

Појадок. Факултативна посета на градот Арад или инидивидуално слободно време во Темишвар.

Пристигнување во Арад кој се наоѓа во западниот дел на Романија и е град во регионот Кришана. Разглед со локален водич на Арад. Арад е град богат со архитектонско наследство, со неколку извонредни градби дизајнирани од талентираниот архитект Емил Табаковиќ. Ги посетуваме Малцинската црква, Палатата Арад (Дирекцијата на канадските железници), Палатата Најман, Трговското училиште, Индустриската - Народната банка, Палатата Фелдес и семејната куќа Табаковиќ. Покрај овие, Арад може да се пофали и со други архитектонски вредни знаменитости како што се Градското собрание, Палатата на културата и неоготскиот државен театар. Широкиот градски булевар на револуциите со дрвја е дом на многу од овие монументални градби, вклучувајќи ја и Црвената црква во неоготски/сецесионистички стил и Римокатоличката црква, што го прави Арад дестинација што мора да ја посетат љубителите на архитектурата. По завршување на разгледот и индивидулните активности поаѓање кон хотелот и Ноќевање.

Четврти ден 09.03.2025(Недела) Темишвар -Вршац

Појадок и одјавување од хотелот. Можност за посета на трговскиот центар. Во пладневните часови заминување за Македонија со задолжителна попатна посета наградот Вршац.

Вршац е град кои се издига на Вршачките планини кои се преливаат во питомата банатска рамница. Град на традиција, вина, уметност и град кои го чува богатото културно наследство. Зградите кои го опкружуваат централниот дел се објекти кои датираат од 18 и 19 век. Убаво уредени цветни плоштади љубезни домаќини и добра храна. Главно занимање во Вршац е лозарството и винарството и според нивните податоци секоја фамилија во Вршац поседува вински подрум.

Слободно време и потоа се упатуваме кон Македонија.

Петти ден 10.03.2025(Понеделник) Кавадарци

Пристигнување во Македонија во раните утрински(ноќни) часови.



Промо ЦЕНА 129€/ 8.000 денари

со задолжителна уплата на Арад + Вршац пакет цена од 30 евра



Редовна цена 149€/ 9.240 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,

  • 2 Ноќевања со појадок во Хотел 3* во Темишвар,

  • Пешачки разглед со локален водич на Темишвар

  • Профисионален туристички придружник,

  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Пешачки разглед со локален водич на Вршац 5 еур – Задолжително

  • Целодневен излет до Арад 40 евра (миниум 30 патници)

  • Трансфер од градовите Гевгелија,Битола,Прилеп -10е во правец по лице

  • Здраствено патничко осигурување (задолжително) 200 ден.

  • Туристичка такса 2 евра се плача во агенција

НАПОМЕНА:

Патувањето е од туристички карактер затоа задолжително треба да се избери барем едена од понудените факултативи !



  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;

  • Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;

    Доплата за избор на седиште во двата правци 15 евра;

  • Доплата за дополнително седиште 100 евра;

  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата, не постои можност за задржување на границата поради TAX FREE;

  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;

  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата;

  • Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;

  • Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;

  • Плаќањето на аранжманот се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;

  • За оваа патуваање важат општите услови за патување на Т.А Супер Травел и СКТМ.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија