Hotel Hydra Edipsos 2025

Hotel Hydra 
Edipsos Evia Grcija


Хотел Хидра 2* е лоциран во центарот на Едипсос на околу 200 метри одалечен од термалните извори и плажи. Во непосредна близина на хотелот има маркет, а шеталиштето одалечено на неколку минути пешачење. Хотелот располага со двокреветни и трикреветни соби опремени со сопствен тоалет, балкон, клима, фрижидер, телевизор ... На кровот од хотелот има тераса за користење на гостите од хотелот од која се простира прекрасен поглед на градот и морето. Услугата во хотелот е на база ноќевање со појадок. Гостите од хотелот имаат на располагање оремени заеднички куји на секој кат, односно 8 соби кои користат кујна.

Локација/ Кординати: 38.855533, 23.045075

ПОПУСТИ И АКЦИИ

-20% за резервации со комплетни уплати до 31.12.2024
-10% за резервации со комплетни уплати до 15.03.2025

ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ: АВТОБУС+ТРАЕКТ+СМЕСТУВАЊЕ



371_Picture1


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Автобуски превоз Скопје – Едипсос - Скопје
* Сместување во Студио 7 ноќи
* Траект повратна карта Глифа – Агиос Камос – Глифа
* Туристички придружник за време на патувањето и преставник од агенцијата за време на престојот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Туристичка Такса 2 евра од ден по соба (се плаќа во објектот)


НАПОМЕНИ:
-  Намалување за со сопствен превоз -20 евра по лице
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на собите после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. 
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби, а не се селектирани од една соба, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување. 
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување и Правните Напомени на Ваикики Травел. 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– Доплата за превоз: 65€ за возрасни / 45 за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија