Задолжителна допла за туристичка такса за сите хотели во Грција (се плаќа на лице место):
• 5* хотели: 10 € по соба на ноќ;
• 4* хотели: 7 € по соба на ноќ;
• 3* хотели: 4 € по соба на ноќ;
• 1 & 2* хотели: 2 € по соба на ноќ;
• 1 & 2 key апартмани: 2 € по соба на ноќ;
• 3 key апартмани: 2 € по соба на ноќ;
• 4 key апартмани: 2 € по соба на ноќ;
Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд
НАПОМЕНИ ЗА ПОПУСТИ:
* Бројот на соби кој може да се резервира со Early booking попусти е ограничен!
* Early booking попустите или било каков друг вид на попусти не се пресметуваат на доплатите, освен ако не е спротивно наведено.
* Агенцијата го задржува правото за промена или прекинување на Early booking попустите пред наведените датуми на истекување на истите.
* Резервациите направени по Early booking не може да се комбинираат со ниеден друг попуст.
* Доколку уплатата не се изврши во предвидениот термин, резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплата.
* Сите промени за резервации направени со попусти за рани резервации, ќе се сметаат како нови резервации и ќе бидат фактурирани по моменталната цена при промената.
* На ПРОМО цените НЕ следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 50% аконтација.
* Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени.
НАПОМЕНИ ЗА ТРАНСФЕРИ:
* Релациите наведени како трансфер се реализираат со патнички возила или комбe.
* Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува автобус.
* Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција во врска со трансферот.
* Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
* Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
РЕЗЕРВАЦИЈА И ОТКАЗ:
* За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.
* Целосната доплата на аранжманот е до 14 дена пред денот на поаѓање (доколку не е поразлично наведено).
* Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
* Резервациите кои се направени и потврдени, со вклучен попуст за рани резервации, или друг вид на попуст не подлежат на рефундација и санкциите за отказ се 100% од износот на резервацијата.
* За сите останати откази важат Општите услови за патување.
ДОПОЛНИТЕЛЕН УСЛОВ ЗА ОТКАЗ:
* Доколку причината за отказ не е сериозна / смрт или сериозно здравствено нарушување / 100% сакции си остануваат по резервацијата.
НАПОМЕНА ЗА ХОТЕЛОТ:
* Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, сликите се од информативен карактер. За повеќе информации обратете се на официјалниот веб сајтот на хотелот-сместувањето.
* Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно).
* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата.
* Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои
* Не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
* При правењето на резервација задолжително е да се наведе точниот датум на раѓање на детето кое патува. Хотелот го задржува правото на лице место да наплати трошоци кои произлегуваат од неточно дадени податоци на патниците.
* Сите Ваши дополнителни барања и желби ќе бидат испратени до партнерите, но агенцијата не го гарантира исполнувањето на истите.
* Дополнителни легла: тие се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети и се на расклопување од метална или дрвена конструкција или фотељи на отварање.
* Гостите се должни првиот ден при влегување во собата да пријават било каков недостаток или оштета која ја забележале. Доколку настане некаква штета во текот на престојот, гостите ќе мора да ја платат истата при напуштање на собата.
ВЛЕЗ/НАПУШТАЊЕ НА ХОТЕЛОТ:
* Влезот во собите од хотелите, НЕ Може да се гарантира пред 15 часот. Напуштањето на хотелските соби е најдоцна до 10 часот, во зависност од кукниот ред на хотелот.
ДОКУМЕНТИ:
* Организаторот на патување не е овластен да ја проценува важноста на патните и други документи. Ве молиме проверете ги Вашите патни документи дали имаат важност најмалку 3/6 месеци од последниот датум на Вашиот престој, односно датумот на враќање назад во Македонија.
ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ:
* Ве молиме информирајте се во агенцијата за деталите на патничко осигурување.