Рано наутро одјавување од хотел, организиран ,,launch” пакет - појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Ларнака во 04:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Солун во 06:20 часот. Пристигнување во Солун во 08:35 часот локално време. Следи организирана шопинг тура во Солун, посета на Mega Outlet, Ikea, Cosmos. One Salonica. Пристигнување во Скопје навечер.
КИПАР е островска држава во Средоземното море, четврт остров по големина после Сицилија, Сардинија и Корзика. Потеклото на името има повеќе толкувања: грчкиот збор за чемпрес – kyparissos, кану – kypros или латинскиот назив за бакар – Cuprum (Cyprium) чии рудници некогаш се наоѓале на Кипар. Средоземната медитеранска клима го прави Кипар еден од најтоплите острови со исклучително голем број на сончеви денови преку целата година, околу 340 сончеви денови, а летата се топли, со просечна темп. од 30 °C. Островот Кипар е поделен на грчки и турски дел уште од 1974 година. Никозија или Лефкозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република - Северен Кипар, а поголемиот дел од градот припаѓа на Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа. Бидејќи долго време бил Британска колонија на Кипар се вози од левата страна. Остров каде се мешаат романитката и одморот во релаксирачки природен амбиент.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Директен лет Солун – Ларнака – Солун со Wizz Air;
- Мала кабинска торба/ранец со димензии 40x30x20cm;
- Организиран трансфер: аеродром-хотел-аеродром
- Сместување во хотел 3* со појадок – 2 ноќи
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Организиран трансфер релација Скопје-Солун-Скопје и шопинг тура во Солун - 55 евра по лице
- Организиран разглед на Ларнака со влез во археолошки музеј – 15 евра
- Факултативен разглед на градот Никозија - 30 евра
- Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm)
- Задолжителна Туристичка такса – 2 еврa по ноќ по лице
- Задолжително Патничко осигурување
Напомени: Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби. За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 ден. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 10 патници. При резервација задолжително е пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета … Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање. Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка