АМУЛИАНИ
На само 10 минути возење со траект од пристаништето Трипити ќе пристиганете до прекрасниот Божествен остров – рајот на Халкидики – островот Амулиани.Со површина од само 4,5 км2 и со околу 600 жители ,прекразна тиркизна вода ,ситен песок,маслинови и борови насади ,повелете да уживате.Ценатарот на островот изобилува со многу ресторани со свежа и вкусна риба ,гиро,кафетерии,продавници -супермаркети,слаткарници,бутици,сувенирници и занимливости за најмалите-рента кар услуги .На источната страна на островот се наоѓа градот Амулиани.Од тука можете да ги посетите и да уживате на непосредните плажи , но незаборавајте да ги посетите на источната страна:Мегали амос,Св.Ѓорги,Вавос,Елефант биџ, на запаната и северозападната страна Фака ,Карагација,Аликес биџ….. и уште неколку други Божествени убавини.
Вилата “ЏОРЏ и МАРИОС“лоцирана е во центарот на градот Амулиани.Убаво опремена вила. Секоја соба има мини кујна опремена со кујнски инвентар,кафе мат, мал фрижидер со комора и плотна со 1 рингла.Секоја соба има стандардно купатило и вц.Секоја соба има клима уред и тв и тераса со маса и столици.Вилата има и безжичен интернет, во непосредна близина има паркинг јавен кој функционира на принципот прво слободно место.