Италија важи за една од најубавите земји во Европа. Превкусна храна, неверојатно убави градови, историја која датира векови и векови наназад, дом на многу модни дизајнери се само дел од епитетите со кои можеме да ја опишеме Италија. Искористете го овој продолжен викенд и истражете ги убавините на оваа прекрасна земја, со еден збор – дозволете си себеси накратко да го впиете италијанскиот дух и начин на живот.
ПРВ ДЕН 05.12.2024 (четврток)
Местото на собир на групата на паркингот кај хотел Русија по 16.30 часот. За точното време за собир на групата ќе добиете известување по СМС порака 2 дена пред поаѓање. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
ВТОР ДЕН 06.12.2024 (петок)
По ноќното возење, пристигнување во Италија во утринските часови. Првиот град кој ќе го посетиме во програмата е неодоливата Падова. Град каде се спојуваат две култури, пресекот помеѓу венецијанската и миланската култура. Град кој ќе сакате повторно да се вратите, а секако ќе имаме околу 4 часа токму во најубавиот централен дел на Падова. Ќе имате прилика да прошетате на плоштадот Pratto della Valle, ќе ја видите саат кулата на Piazza dei Signori, познатата катедрала на Падова, Регионалната палата, ботаничката градина. Бидејќи самиот град е спој на минатото и сегашноста, во непосредна близина на центарот има и шопинг центар кој може да го посетите. Во договореното време, се упатуваме во хотел, кој е лоциран на 15 километри од Падова. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 07.12.2024 (сабота)
По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна факултативна екскурзија во Милано… Замокот Sforzesco, Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano. По разгледот на градот со локалниот водич, слободно време за индивидуална прошетка низ градот на модата, можност да пробате некој од локалните специјалитети, како што се миланското рижото, познатото џелато, панцерота, тестенини или пица во големиот број ресторани сместени во преубавиот центар на градот. Во попладневните часови поаѓање назад кон хотел. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН 08.12.2024 (недела)
По појадок во хотелот, одјавување и поаѓање кон Пунта Сабиони, пристаништето каде со брод се упатуваме кон безвременскиот град на вода, Венеција. Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, каналот Гранде, мостот Риалто…. Слободно време за индивидуална прошетка. Во договорено време, од пристаништето во Венеција, се упатуваме кон Пунта Сабиони. Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и обавување царински формалности.
ПЕТТИ ДЕН 09.12.2024 (понеделник)
Пристигнување во Македонија околу 13 часот.
ПРОМО цена на аранжманот за резервации до 15.11.2024 - 149€/9.238ден
Редовна цена на аранжманот - 179€/11.098ден
Цени по лице за минимум 2 лица во соба
Цени во евра за уплата во денари по курс 1€=62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
-2 ноќевања со појадок во хотел со 3* (https://www.hotelantille.com/en_hotel.htm)
-Автобуски превоз од Скопје
-Посета на Падова
-Лиценциран придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Патничко осигурување
-Задолжителна посета на Венеција со брод и локален водич – 35евра
-Факултативна посета на Милано со локален водич – 55евра
-Пакет за двете факултативи со пријава во агенција – 80 евра
-Туристичка такса (околу 5 евра се плаќа на рецепција во хотелот)
-Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
Важни напомени:
За реализација на овој аранжман се потребни минимум 50 патници.
Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Доплата за еднокреветна соба 40 евра
Доплата за дете до 11.99 години – 129 евра
Трансфер од Битола, Прилеп, Негоино, Кавадарци, Велес, Штип и Гевгелија – 10 еур по лице (во правец)
За ова патување важат Општите Услови на Патување и Правните Напомени на Т.А. Супер Травел.