СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - НОВА ГОДИНА 2025 - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ 🚌 - Будва-2 ноќи Нова Година

Будва-2 ноќи Нова Година

Св.Стефан- Будва - Дубровник – Котор -Тиват -  Порто Монтенегро

 *МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО ВАЖЕЧКА ЛИЧНА КАРТА 

30.12-02.01.2025 - 2 ноќевања

 

1 ден  : 30.12.202(Понеделник) Велес

Состанок на групата . Бесплатни трансфери за патниците од Кавадарци,Неготино,Штип.Поаѓање од Велес за Црна Гора во вечерните часови-попатно земање на патници од Скопје и Куманово . Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. 

           

ден : 31.12.2024 (Вторник)- Будва -Св.Стефан

Пристигнување на Св. Стефан, едно од најмонденските летувалишта на црногорското приморје, панорамско фотографирање и поаѓање за Будва. Сместување во  приватни апартмани во Будва. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот...или прошетка за кафе или ручек по кејот на Словенска плажа во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Во вечерните часови музичка програма за дочек на Новата година со некои од најголемите музички имиња пред платото на Стариот град .Ноќевање.

 

3 ден : 01.01.2025 (Среда)   Будва - Дубровник - Будва

Во раните утрински часови поаѓање за Дубровник на целодневен факултативен излет. Патувањето се одвива преку Тиват со траект. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на градот Дубровник : Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија...Попладне враќање во Будва. Вечерта реприза на новогодишната ноќ со концерт пред платото на Стариот град во Будва. Ноќевање.

 

4ден : 02.01.2025 (Четврток) Будва – Котор -Тиват -  Порто Монтенегро - Велес

Напуштање на апартманите. Можност за факултативна посета на Котор. Индивидуална прошетка во стариот дел на прекрасното гратче. Moжност за посета на катедралата Св.Трипун ( заштитник на градот ), Столбот на срамот, црквата Св.Никола ....  Наш предлог е искачувањето на Которската тврдина со единствен поглед на Которскиот залив. Патот не води кон Тиват, разглед на стариот град и монденското пристаниште Порто Монтенегро, несекојдневно чувство на богатство, спој на природна убавина и човечки ресурси.Индивидуално време за уживање и фотографирање.

Тргнување за Македонија попладне со попатни паузи и царински формалности.

Очекувано пристигнување во Велес во доцните вечерни часови.

 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ...........119 ЕУР  (7380,00 мкд )

ПРОМО ЦЕНА  99 ЕУР 6140,00 мкд

 

 

 

Во цената се вклучени следните услуги:

-  Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;

 2 ноќевања , сместување во  вили;

-  Организација, реализација и  лиценциран придружник за време на целото патување.

 

Во цената не е вклучено:

Посета на Дубровник 30 еур;

- Посета на Котор, Тиват, Порто Монтенегро.....15 еур;

- Влезници за музеите и културно историските споменици;

- Задолжително патничко и здравствено осигурување;

Задолжителна туристичка такса 1 еур по лице на ден (се плаќа во автобус).

 

Напомена:
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош или лична карта, комплетна доплата 10 дена пред поаѓање
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд 
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки однесување во автобус од страна на организаторот;
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;

- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот за реализација на програмата;  

-Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.

-Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

 - Уплата исклучиво во денари.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија