Тоскана
План
на патувањето
1
ден 29.11.2024 Скопје – Болоња
Состанок
на групата во 11:00 часот.на скопскиот
аеродром. Полетување од скопскиот
аеродром во 13:00.. Слетување во Болоња
во 15:00 часот. Посета на Болоња. Пешачка
прошетка низ градот и запознавање со
Универзитетска Болоња, величенствен
средновековен град со ренесансни палати
и аркади. Центарот на градот го сочинуаат
два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно,
палатата на кралот Енцо, базиликата на
Св. Петроние, фонтаната Нептун... Болоња
го носи епитетот – образована, црвена
и дебела... образована заради универзитетот
и ориентација кон културата и образованието,
црвена заради теракотните фасади и
кровови и дебела заради богатата и врвна
Болоњска кујна. Трансфер до Монтекатини
(околу 90 минути возење). Пристигнување
во хотел. Ноќевање.
2
ден 30.11.2024 Пиза и Лука
Појадок.
После појадокот заминување на целодневен
факултативен излет во градовите Пиза
и Лука. Пиза, град во Италија лоциран на
бреговите на Тосканската ривиера,
некогашна моќна поморска сила чијашто
флота скоро 150 години била најголемата
сила на Средоземното море. Посета на
центарот на градот со водич, каде ќе ги
видиме трите обележја на овој град:
Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата
San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е
едно од најпосетените и најфотографирани
светски атракции). Разглед на Лука -
шармантен град кој ги зачувал своите
средновековни цркви, палати, улици и
плоштади, опкружен со ѕидини на тврдини
кои датираат од 16 - 17 век, разгледување
на стариот град, катедралата „Св.
Мартин“, црквите „Св. Михаил на форумот“
и „Св. Фредјан“, овалниот квадрат.
Враќање во хотел. Ноќевање.
3
ден 01.12.2024 Сиена и Сан Џимињано
Појадок.
Се упатуваме кон San Gimignano, типично
тосканско градче опкружено со винови
насади и маслинови градини. “San
Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван
амбиентот од XIII и XIV век, и 14-те кули кои
прават една целина на ова живописно
мало тосканско градче. Слободно време
за индивидуална прошетка Продолжуваме
кон Сиена, градот кој низ историјата
претставувал најголем ривал на Фиренца
и втор по важност во Тоскана по богатата
ризница на уметничко и културно
наследство. Разглед на градот со водич:
црквата San Domenico, Катедралата Siena
–Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и
плоштадот Del Campo – плоштад во облик на
школка на кој се одржува познатата
коњска трка Palio...Враќање во
Монтекатини.Слободна вечер за индивидуални
прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.
4
ден 012,12.2024 Фиренца
Појадок.
Поаѓање за Фиренца, лоцирана во срцето
на Тоскана на реката Арно, својот подем
го доживува за време на моќната Фамилијата
МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се
познати како големи мецени на уметноста
и културата, поттикнувачи на ренесансниот
период. Разглед на градот со водич:
Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори,
Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот
Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот Понте
Векио, Црквата Санта Кроче, Палатата
Пити. Превоз до Аеродромот во Болоња.
Полетување во 16:05 часот и пристигнување
во Скопје во 17:50 часот.
ВО
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски
превоз на релација Скопје-Болоња-Скопје
Сместување
во хотел со 3 * во центарот
на Mонтекатини – 3 ноќевања со
појадок
Посета
и разглед на Болоња и Фиренца
Аеродромски
такси
Рачен
багаж (1 торба до 8 кг. со димензии
40х30х20см)
Организација
на аранжманот и придружник на патувањето
ВО
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата
за чекиран багаж – куфер до 10кг /
чекиран багаж – куфер до 20кг ·
– информација за цена 7 дена пред
поаѓање
Разглед
на Сиена и Сан Џемињано со водич 80
евра
Разглед
на Пиза и Лука со водич 70 евра
Туристичка
такса (се плаќа во хотелот )
·Доплата
за еднокреветна соба 45 евра