1 ден 06.12.2024 (петок) СКОПЈЕ – ДАРУВАР
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) во 21.00 часот. Поаѓање за Хрватска во 21.30 часот. Ноќно возење преку Србија и Хрватска со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
2 ден 07.12.2024 (сабота) ДАРУВАРСКИ ТОПЛИЦИ
Пристигнување во претпладневните часови во Дарувар и сместување во хотел. Кратко слободно време за одмор од патувањето. Во договорено време заминување на прошетка и разглед на градот Дарувар со локален водич: Јулијевиот парк, дворецот на грофот Јанковиќ... Враќање во хотел и слободно време за релаксација и СПА уживање, бесплатно користење на термалните базени во хотелот со температура до 36 °C. Вечера. Ноќевање.
3 ден 08.12.2024 (недела) ДАРУВАР – ЗАГРЕБ (АДВЕНТ 2024) – ДАРУВАР
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета и разглед на еден од најубавите Божиќни пазари во Европа, разглед на главниот град на Хрватска Загреб и загребачкиот божиќен пазар – Адвент 2024. Разглед со локален водич: катедралата Градец – Горни град, плоштадот Бан Јелачиќ, Камената порта, Калчиева улица, Марковата црква... По разгледот следи слободно време за индивидуални прошетки и посета на божиќниот пазар обоен во илјада бои... Во договорено време враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
4 ден 09.12.2024 (недела) ДАРУВАР – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот согласно хотелското правило. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, можност за факултативна посета на Пивовара Дарувар која вклучува дегустација на сирења и пива. Во договорено време во попладневните часови заминување на групата кон Македонија. Дневно и ноќно возење преку Хрватска и Србија со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
ПРОМО цена за резервации до 15.11.2024 - 209€/12.958ден
Редовна цена - 239€/14.818ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено:
• Πревоз со туристички автобус на наведената релација
• Сместување во хотелскиот комплекс Даруварски Топлици во Хотел Термал 3* на база 2 ноќевања
• Исхрана на база полупансион (појадок и вечера шведска маса)
• Бесплатно користење на базените (2 отворени, 1 затворен) во хотелот со термална вода од 30 до 36°C
• Организирана прошетка и разглед на Дарувар со локален туристички водич
• Туристичка такса
• Организација, реализација и лиценциран туристички придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Задолжително патничко осигурување
• Туристичка такса и рецепциска пријава 5€ по лице за цел престој (доплата на лице место)
• Целодневна факултативна посета и разглед на Загреб со локален водич - 30€ (доплата на лице место)
• Индивидуални неспоменати трошоци
Важни напомени:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да ја промени цената на факултативата или истата да ја откаже.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.
- За овој аранжман важат ОУ на патување од СКТМ и Ваикики Травел.