СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 8 Декември - АВИОНСКИ ПРОГРАМИ - Светлосна празнична среќа во Париз

Светлосна празнична среќа во Париз

Почеток:23.11.2024 - 26.11.2024
Времетраење:3 ноќи
Дестинација:Париз, Франција
Начин на транспорт:Авион
Цена:479 € за возрасно лице
429 € цена за дете од 02 - 11.99 години
50 € цена за дете до 02 години
599 € цена со вклучена карта за два парка на Дизниленд и трансфер за возрасно лице
549 € цена со вклучена карта за два парка на Дизниленд и трансфер за дете од 02 - 11.99 години

23.11.2024 - 26.11.2024

Ден 1
Собир на групата на аеродромот во Скопје: 13:10 часот лет од Скопје за Париз. Слетување во Париз: Трансфер до хотелот и сместување Прошетка низ Montmartre: Запознајте се со шармот на историската уметничка населба Montmartre. Посета на базиликата Sacre Coeur со прекрасен панорамски поглед на Париз и прошетка низ уличките каде што има многу улични уметници и шартмантни кафулиња. Посета на Moulin Rouge: Фотографирање и кратка пауза пред познатиот кабаре клуб. Посета на Божиќниот маркет во Montmartre: Започнете со вашето патување со традиционален божиќен маркет, каде што ќе имате можност да пробатре француски специјалитети и да купите сувенири.
Ден 2
Појадок во хотел. Посета на Божиќните маркети кај Нотр Дам и Хотел де Вил: започнете го денот со прошетка до катедралата Нотр Дам и разгледување на традиционалните штандови на Божиќниот маркет, познат по уникатните ракотворби и прекрасни украси. Посета на Лувр ( опционално ) организирана посета за сите заинтересирани патници. Тие што не сакаат да го посетат музејот имаат слободно време за прошетка или шопинг низ околината. Средба со целата група и посета на Champs-Elysees: Прошетајте по најпознатиот булевар во Париз, украсен со празнични светла и Божиќен маркет. Посета на Ајфеловата кула: Фото пауза и можност за посета на Ајфеловата кула или кратка прошетка низ околината. Опции за вечерна активност: Опција 1 : Крстарење по реката Сена ( 1 час ) Уживајте во магијата на Париз од водите на Сена, гледајќи ги осветлените знаменитости. Опција 2: Посета на Божиќен маркет со локални деликатеси и празнични ракотворби.
Ден 3
Појадок во хотелот. Тргнување за Дизниленд Парк: Целодневна индивидуална посета на Дизниленд ( без водич ). Децата и возрасните може да уживаат во светот на фантазијата, со возбудливи возења, паради и спектакуларни претстави. Божиќната атмосфера во паркот ќе биде посебна атракција. Опции за останатиот дел од групата: Водичите ќе дадат препораки за други активности во Париз: Посета на музеи, шопинг, индивидуални прошетки низ париските населби или уживање во локалната кујна. Опционална индивидуална прошетка низ Париз: Можност за сами да ги истражите знаменитостите или да уживате во релаксирана вечер низ градот.
Ден 4
Појадок во хотелот. Одјавување од хотелот и заминување за Версај: Посета на палатата Версај и разглед на раскошната кралска палата, позната по својата историја и уметност. Посета на градините на Версај: За патниците кои не се пријавени за обиколка на палатата, можат да уживаат во прошетка низ градините со музичките фонтани. Прекрасно место за опуштање и уживање во природата и уметноста на француските кралеви. Трансфер до аеродромот. Полетување од Париз за Скопје во 16:50 часот. Пристигнување на аеродромот во Скопје

Во цената е вклучено:

  • 3 ноќевања во хотел со 3* на база BB во избраниот дел на Париз
  • Аеродромски такси
  • Повратен авионски билет
  • Трансфери од аеродром до хотел и од хотел до аеродром

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса од ден по лице
  • Факултативни екскурзии и влезници
  • Патничко осигурување
  • Изнајмување велосипед
  • Локален превоз: билети за метро или автобус

Забелешки:

  • Пасошите мора да важат минимум 90 дена од моментот на напуштање на Шенген зоната.
  • Секој патник треба да има важечко патничко осигурување
  • Со резервацијата треба да се плати аванс од 30% од вкупната сума
  • Плаќањата во денарска противвредност ќе се пресметуваат со курс 1 ЕУР = 62 МКД

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија