СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 23ти Октомври - ЕДНОДНЕВНИ ПАТУВАЊА - ЛЕСКОВАЦ – ПЕЧЕЊЕВЦE РЕСТОРАН “ТОМИНА ПРИЧА” 23.10.2024

ЛЕСКОВАЦ – ПЕЧЕЊЕВЦE РЕСТОРАН “ТОМИНА ПРИЧА” 23.10.2024

ЛЕСКОВАЦ – ПЕЧЕЊЕВЦE
РЕСТОРАН  “ТОМИНА ПРИЧА
23.10.2024

Поаѓање во 05.00 часот преку г.п  Табановце со попатна кафе пауза , а потоа се продолжува низ Грделичка Клисура за Лесковац – град со богата културна традиција,познат по Лесковачката скара, па затоа секоја година се одржува традиционална Лесковачка роштиљијада.Кратка прошетка во центарот на градот , при што ќе се видат:Соборната црква св.Тројца(1921-1931г),црквата Оџаклија од 1803г.,посветена на Пресвета Богородица,вкопана 1 метар во земја,бистата на Тома Здравковиќ, која се наоѓа не местото каде прв пат се среќава со познатата пејачка Силвана Арменулиќ. Тома  е роден во село Печењевце и секогаш се претставувал дека е роден во Печењевце – Лесковац. Во Лесковац има можност за шопинг во трговските шопинг центри:Сајам,Стоп Шоп,ЛИДЛ, а потоа факултативно, се оди до Печењевце во ресторанот “Томина прича”,тоа е култно место за собирање на љубителите на добрата храна и музика.. Ресторанот е отворен во чест на Тома Здравковиќ, најпознатиот пејач и композитор на народни песни во Ју просторите.Ресторанот е отворен во просториите на поранешната општинска сала во која тогаш пеел Тома , а има “Томин кутак” во ресторанот за одржување “Томини седенки”, при што се свират и пеат песни од Тома Здравковиќ. Ресторанот подсеќа на некогашната кафана “Радан”, во која пеел Тома со Силвана Арменулиќ.Во ресторанот се служат специјалитети кои ги сакал Тома, а тоа се :Томина плескавица ,Томина салата ,Томини колачи….Ручекот ќе биди во добро расположение со жива музика,со песни на легендата Тома Здравковиќ.По ручекот , заминување за Македонија и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.

ЦЕНА : 990   денари

Во цената на аражманот се вклучени следните услуги:
– превоз со туристички автобус на наведената релација
– организација и придружник на патувањето.

Во цената не се вклучени следните услуги:
– патничко здравствено осигурување-80 ден. до 64 год.; 120ден. од 65-70год. и 300ден.над 70год.возраст.
– ручек во рес. Томина прича со жива музика= 20еур. Мени:мешана салата,Томина плескавица, десерт, 2 пијалоци (аперитив+сок или пиво)

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување и уживање.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија