ДУБАИ –НОЕМВРИ 2024
*СО АВИОН ОД СКОПЈЕ – ГРУПНО ПОАЃАЊЕ*
Ibis one
Central 3* - 755 EUR по лице
ДАТИ НА ПАТУВАЊЕ 13-19.11.2024/ ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 14-18.11.2024 (4 НОЌИ)
*****10 ГРАТИС
ПОСЕТИ МОЖНОСТ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ ЗА ПРВИТЕ 6 ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ, ДОКОЛКУ СЕ ЗЕМЕ
ГРАДСКА ТУРА ДУБАИ!!!*****
Детали од лет
TK1006 13NOV SKPIST 2035 0015*/ TK 762 14NOV ISTDXB 0125 0650
TK 761
19NOV DXBIST 0250 0645/ TK1003 19NOV
ISTSKP 0810 0745
Цените се пакет цени по лице изразени во ЕВРА за уплата
во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на
авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на
места – на барање). Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица
во стандард двокреветна соба (плаќаат полна сума)
Програма на патувањето -
авиокомпанија TURKISH AIRLINES од Скопје, со вклучен 20 кг чекиран багаж и 7 кг
рачен и оброк согласно политика на авио компанија. Саатници на полетување и
слетување се по локално време и согласно моменталнен ред на летање на TURKISH
AIRLINES.
13-14.11/24 - Полетување од
Скопје во 20:35. Слетување во
Истанбул во 00:15 часот.
Полетување за Дубаиво 01:25
часотна 14.11ислетување во Дубаи
во 06:50. Трансфер до хотел во Дубаи. Пријавување –
влез после 14:00ч.
Време за одмор и слободни активности. Во
вечерните часови можност за организирање на факулатативна екскурзија крстарење
по Марината со вклучена вечера.
ФАКУЛТАТИВНИ
ЕКСКУРЗИИ –НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise/ после 19 часот (трае околу 3 часа со
вклучен трансфер од/до хотел) – 70 ЕУР по лице
Во вечерните часови Марина dhow cruise –
крстарење по Марината со вечера. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од
арапска кујна (не е вклучен пијалок).
15.11/24-ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –ГРАДСКА ТУРА Дубаи City
tour (4 часа) – 8-12 Pax – 60 ЕУР по лице/ на српски јазик (ако се пријавени
под 8 лица тура е индивидуална и е поскапа)
Попладне започнува нашата полудневна традиционална градска тура и
разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и
модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се
смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратко
панорамска фотосесија на Atlantis и новиот најскапиот хотел Royal Atlantis.
Застануваме за кратка фотосесија кај МАРИНАТА и одиме накај MADINAD SOUK или
Мала Венеција – модерен пазар во направена т.н. традиоционална градба на стара
арапска куќа, каде има најдобро место за фотографирање на Burj Al Arab. Нашата тура не носи попатно да ги гледаме
импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи. Потоа
продолжуваме кон Дубаи крикот и го посетуваме познатиот пазар на злато и
зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за
сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски
работи. Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL каде се фотографираме.
Остануваме во тргиовсиот центар, индивидуално, за да ги гледаме вечерта
распеаните фонтани (почнуваат после 18 часот на секои 30 минути). Индивидуално
враќање во хотелот.
Burj Khalifa (САМО влезници 45 евра normal hours/ prime hours 1530-1800
часот влезници 65 евра), за 124 кат.
*****10 ГРАТИС
ПОСЕТИ МОЖНОСТ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ ЗА ПРВИТЕ 6 ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ, ДОКОЛКУ СЕ ЗЕМЕ
ГРАДСКА ТУРА ДУБАИ!!!*****
Dubai Mall -
најголемиот шопинг центар во светот. Шопинг центар кој изобилува со активности
за забава и одмор. Има повеќе од 1.200 продавници и огромен избор на храна и
пијалоци. Имаме слободно време за шопинг и истражување на овој центар.
Burj Khalifa - е
највисоката зграда на светот. За нејзината изградба биле потребни 5 години, има
163 ката и има срушено 6 светски рекорди. Изградена е во облик на хименокалис
крин -- цвеќе кое расте во пустините на Дубаи. Можност да се искачите на 124 и
125-тиот кат на Burj Khalifa каде што има панорамски поглед 360° на целиот
Дубаи – се качуваме на врвот на светот.
*Во излетот не е вклучена влезница за
качување на 124ти и 125ти кат на Burj Khalifa, која чини 47€ по-човек
(влезницата треба да се обезбеди однапред -- при пријава или доплата на
целосниот аранжман)
Souk Al Bahar -
е модерен осврт на традиционален арапски пазар. Сместен во срцето на градот,
овој популарен центар комбинира шопинг, забава и јадење. Со поглед на
танцувачката фонтаната во Дубаи и Burj Khalifa оваа локација е совршена за
впивање на погледот на највисоката кула во светот.
Palace Downtown -
Eден од најубавите хотели во Дубаи кои ни нуди неверојатен поглед кон Burj
Khalifa. Изграден во традиционален арапски стил, претставува уникатен спој на
минатото и сегашноста на Дубаи.
Wings of Mexico -
скулптура дизајнирана од мексиканскиот уметник Хорхе Марин и е стратешки
лоцирана пред Burj Khalifa, давајќи спектакуларна позадина за фотографии и
спомени од Дубаи. Оваа скулптура го претставува сонот на луѓето да летаат
слободно, потпирајќи се на нивните желби, верувања и страсти!
Dandelion light sculpture - Оваа спектакуларна инсталација е најголема од ваков вид во светот.
Се восхитуваме на суптилната убавина на 14 глуварчиња идеално поставени покрај
патот до операта во Дубаи.
Dubai Opera -
Иконската архитектура на операта во Дубаи е во облик на Dhow (традиционален
чамец). Ремек-дело на современиот дизајн и стилска почит на наследството на
Дубаи -- како што овие традиционални чамци придонеле кон напредокот на овој
динамичен град, така и операта во Дубаи го остава својот белег на растот,
гордоста и квалитетот на животот во Дубаи.
Dubai Fountain
- Се восхитуваме на најголемата фонтана на светот која не маѓепсува со нејзиниот
перформанс со вода, музика и светлина.
Dubai aquarium - Со
капацитет да собере 10 милиони литри вода, Дубаи Аквариум е еден од најголемите
внатрешни аквариуми во светот (во внатрешноста на трговскиот центар Дубаи)
Waterfalls - Водата
се спушта надолу од околу 30' и има извонредни нуркачки фигури пред водата.
16.11/24- ФАКУЛТАТИВНА
ЕКСКУРЗИЈА - ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И
ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА - после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до
хотел) – 55 ЕУР по лице
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4x4, одиме кон
емиратот Шаржа и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот
град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. По краткиот одмор и
пауза, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве
пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен
за возење во една многу адреналинска тура. Одиме со џипот по див пат off-road и
Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне
адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и како што полека заоѓа
сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По
заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина.
Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска
маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода
вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални
арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на
располагање.
17.11/24– ФАКУЛТАТИВНА
ЕКСКУРЗИЈА - ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА
АБУ ДАБИ (7 часа) - 8-12 Pax – 90 ЕУР по лице/на српски јазик/ БЕЗ ВКЛУЧЕН
РУЧЕК (ако се пријавени под 8 лица тура
е индивидуална и е поскапа).Излетот Излетот почнува од Дубаи,се
поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу
Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по многуте луксузни вили и палати покрај обалата
и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed
Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007
година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед
бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа
џамија. Може да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до
главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници. Џамијата 4
минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи
кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од
17000м2. Возиме покрај претседателската палата и обалата шеталиштето на АБУ
ДАБИ. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace, најлуксузниот хотел на
светот (има официјално 7*) – панорамски разглед. Потоа имаме краток стоп пауза
во Heritage village. Турата ја завршуваме во YAS ILAND со краток стоп во
FERRARI WORLD. !!! НАПОМЕНА Доколку сакате да ја
посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги
панталони покриен глужд (да не е тесно), долги ракави,а за жените е обавезна
марама.
18.11/24–одјавувањеодхотелотво
11-12 часот слободно предпладне за
индивидуални активности.Попладне тура ПОСЕТА НА MIRICLE GARDEN и GLOBAL
VILLAGE/ 60 евра по лице . Неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред
пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе.
Тука се останува околу 1,5 час и после продолжуваме кон големиот модрен панаѓур
на Дубаи со штандови од сите земји од светот. Трансфер до хотел (за да го
земеме багаж) и го трансфер до аеродором.
19.11/24 - Полетување од Дубаи за Истанбул во 02:50 часот. Слетување во Истанбул во 06:45 часот и полетување за Скопје во 08:10 часот. Слетување во Скопје во 07:45 часот.
Ценатае за целосна уплата при резервација , без право на промена на
име или отказ. Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за
сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица
во соба (две полноплатежни суми)
Цената вклучува:
- Повратен авионски билет на релација СКОПЈЕ –
ИСТАНБУЛ – ДУБАИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
- Трансфер аеродром Дубаи– хотел Дубаи– аеродромДубаи;
- 4 ноќевања во избраниот хотел/ тип на соба/ на
база ноќевање со појадок согласно наведена услуга(согласно саатници на check-in & check-out)
- Организација и реализација на патувањето
- локална асистенција во Дубаи (овластен претставник
на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни
екскурзии со уплата на лице место на барање)
Цената НЕ вклучува:
- Влезна виза за
Дубаи -95ЕУР по лице(задолжително за
сите лица)
- Патничко здравствено осигурување
-
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ - НА БАРАЊЕ (зависат од број на
пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници
се подложни на промени согласно инфо на организатор)
- останати тури и индивидуални излети – НА БАРАЊЕ
- Останати индивидуални трошоци и индивидуални
посети и факултативи
- Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот
* туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по
одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од
31.03.2014на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR
пособапоноќ согласно категоризација на хотелот и тип на
соба).
Во случај на апартман со повеќе соби таксата се
плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.
*** МИНИМУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГРУПНО ПАТУВАЊЕ – 15 ЛИЦА
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е
гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно,
гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од
вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред
поаѓање
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на
лица:
- Максимален број на лица во двокреветна соба се две
лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА
НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
- Check in во хотелите е после 14 ч, a check out
најдоцна до 12 ч. Секое користење на
соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се
врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
- Сите оброци во хотелите се на база шведска маса
- Организаторот на патувањето не е овластен и
надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични
исправи на патниците
- Потребни документи за виза: скенирана фотографија
и пасош на патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од
патување)
- За овој аранжман важат Општите услови за патување
на СКТМ
- За сите информации дадени усмено, агенцијата не
сноси одговорност
Важни напомени:
- За
добивање на виза за ОАЕ потребно е при
резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на
враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока
резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош (доколку
ги доставувате скенирани пратете ги на маилот:
voyager@t-home.mk). Износот за трошоците за визирање не се враќа во
случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ.
Постои можност имиграционото одделение
да побара дополнителни документи во
зависнот од поединечни случаеви.
НАПОМЕНА -
Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет
аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги
проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на
редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае.Ве
молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од
овој програм.
Уплатата се врши исклучиво во денарска
противвредност (1EUR = 62 mkd).