Будимпешта е град со
широки булевари и тесни улички, што е потсетник дека некогаш бил дел од
Австроунгарското царство. Градот е совршен за шетање пешки, па затоа тргнете од
центарот, а потоа лутајте по грандиозните булевари и воодушевувајте ѝ се на
прекрасната архитектура.
Прв ден 06.12.2024
(Петок)
Поаѓање во попладневните часови од Кавадарци. Патуваме преку
граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за
одмор и гранични формалности.
Втор
ден 07.12.2024 (Сабота)
Пристигнување
во Будимпешта во утринските часови.
Панорамско разгледување на
градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши,
Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим,
Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската
тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек.
Сместување во хотел.
Ноќевање.
Трет ден 08.12.2024 (Недела)
Појадок.
По појадокот Ве
водиме на целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград - некогашните центри на
кралска Унгарија.
Пристигнување во Естергом - град кој лежи
на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка.
Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е
највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа
летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија.
Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја - каде се негуваат старата
архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи,
галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и
ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност за факултативно
крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен
поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта.Враќање во хотел.
Ноќевање.
Четврти ден 09.12.2024 (Понеделник)
По појадокот, одјавување од хотел.
Слободен ден во центарот на Будимпешта. Потоа
следува посета на шопинг центар.
Поаѓање за Македонија во
попладневните часови.
Ноќно возење со попатни
паузи за одмор и царински формалности.
Петти
ден 10.12.2024 (Вторник)
Пристигнување во Кавадарци во утринските часови.
Промо цена за уплата до 15.11.2024 - 149
евра (9.240ден.)
Редовна цена - 179евра (11.098 ден.)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ
ВКЛУЧУВА:
·
Превоз со високотуристички
автобус,
·
2 ноќевања со појадок во
хотел 3* во Будимпешта,
·
Организација на аранжманот,
·
Лиценциран туристички
придружник.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ
ВКЛУЧУВА:
·
Задолжително патничко
осигурување - 250денари;
·
Крстарење по Дунав - 20€;
·
Посета на Сент Андреа,
Естергом и Вишеград - 30€;
·
Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич - 15€;
·
Влезници за музеи и
културно-историски знаменитости;
Доплата за еднокреветна соба 4.200
денари.
НАПОМЕНИ:
·
За реализација на ова патување,
потребен е минимум од 40 патници,
·
Пасошот треба да има важност
најмалку 3 месеци по завршување
на патувањето,
·
Редоследот на седење е според
датумот и редоследот на уплата,
·
Плаќањето се врши исклучиво во
денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари,
·
За резервација на аранжманот
потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање,
·
Останатите услови на патување,
·
Агенцијата го задржува правото за
отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на
патници или виша сила,
·
Патникот има обврска да се јави
24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
· Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 15 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот),
· Доплата за дополнително седиште 100 евра.
За ова патување важат
општите услови на патување
Т.А. Супер Травел.