СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 23ти Октомври - АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - АНТИЧКА ГРЦИЈА

АНТИЧКА ГРЦИЈА

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевања со појадок

23.Октомври (среда) СКОПЈЕ – МЕТЕОРИ – АТИНА
Состанок на групата на паркингот спроти СЦ “Борис Трајковски” во 05:30 часот наутро. Поаѓање за Грција во 06:00ч. кон граничниот премин Богородица-Евзони. Патот не води према Тесалија и градчето Каламбака, во чија непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Изградени над камените карпи кои се издигаат над непрегледната рамнина на Тесалија, уште од средниот век христијанските монаси ги создале како едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отворените манастири, цркви, музеи и сувенирниции, со несекојдневна можност за уживање во прекрасните панорами. Во попладневните часови патувањето продолжува кон Атина. Пристигнување во хотелот во вечерни часови. Ноќевање.

24.Октомври (четврток)   АТИНА
Појадок.
 Заминување на организиран панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Партенон - Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... По разгледот, слободно попладне за индивидауални прошетки или шопинг низ атинските трговските центри. Навечер, факултативна вечера во национален ресторан-таверна на Плака, со богато мени од грчката кујна и уметничка програма со грчки песни и танци. Ноќевање.

25.Октомври (петок) АТИНА  ЕГИНА
Појадок.
 Слободен ден за индивидуални активности или единствена можност за целодневен факултативен излет (со автобус и брод) до островот Егина во Сароничкиот залив, со посета на тамошниот манастир и црква посветени на големиот светец - Св.Нектариј Егински. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

26.Октомври (сабота) АТИНА  АРГОЛИДА
Појадок.
 Слободен ден во Атина, или целодневен факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида. Посета на Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Пауза за ручек или посета на работилница (продавница)  за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во вечерните часови. Ноќевање.

27.Октомври (недела) АТИНА  ДЕЛФИ  СКОПЈЕ
Појадок.
 Заминување од Атина. Патувањето кон Македонија скршнува покрај древната Теба и градчето Арахова со попатна посета на античкиот локалитет Делфи - едно од најбогатите археолошки наоѓалишта во Грција (светилиште на богот Аполон), изградено во подножјето на планината Парнас. По посетата, патувањето продолжува покрај Термопилите, Тесалија и Пиерија кон Македонија, со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот:                        225€ (13.950,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено: 
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** во Атина, на база 4 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи и посети (Метеори, Атина и Делфи) според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативна вечера во национален ресторан-таверна на Плака (35 €)
- Факултативни излет на Егина (35 €) 
- Факултативни излет на Пелопонез и Арголида – без влезници (35 €) 
* Сите три факултативни излети во пакет (90 €)
- Влезници при посета на музеите и археолошките локалитети
- Патничко здраствено осигуривање 
- Туристичка такса (1,5 €) по соба од ден, наплата на рецепција во хотелот

НАПОМЕНИ:
- Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за сместување во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За реализација на факултативите е потребен минимум од 30 патници
- Цените се дадени во EUR, за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот
* Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници, да ја промени цената на факултативните излети, или истите да ги откаже
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ 

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија