06.12.2024 СКОПЈЕ - КРАКОВ
Состанок на групата на паркингот спроти Хотелот Holiday Inn во 13.30 часот. Тргнување за Краков во 14.00. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.
07.12.2024 КРАКОВ
Пристигнување во Краков во претпладневните часови, панорамски со автобус и пешачки дел. Разглед на Еврејскиот дел Казимерц...Стариот дел на градот, Срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Дворецот Wawel, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на Главниот плоштад еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица, Сместување во хотел. Ноќевање.
08.12.2024 КРАКОВ – WAWEL - ВЕЛИЧКА
Појадок. Посета на Готскиот Дворец Вавел, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, и се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор. Факултативна посета на рудникот за сол Величка (најстар рудник во Европа) импресивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сол како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 135 метри под нивото на земјата.Враќање во Краков. Вечерта, факултативно посета на национален ресторан. Ноќевање.
09.12.2024 КРАКОВ – АУШВИЦ И БИРКЕНАУ
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Аушвиц и Биркенау, најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на УНЕСКО).
Посета на Оутлет Factory...Ноќевање.
10.12.2024 КРАКОВ – Шиндлеровата фабрика - Outlet Factory
Плоштадот Bohaterów Getta, Плоштадот Zgody место каде 1941 бил претворен во Краков Гето...место каде се заробети Евреите и пратени во Логори. Денес на тоа место се пставени 70 метални столици во знам на сеќавање на настраданите...Посета на Шиндлеротавата фабрика (факултативно)..Во музејот е претставен животот на евреите во Краков, пред и за време на војната, може да се види зидот на Краковско Гето, продавници, фризерски салони, фотографии, трамвајот со ознака "Забрането за Евреи", Шиндлеровата канцеларија со стаклена коцка во која се наѓаат садовите, списокот на спасените евреи и уште многу од тоа...По посета на Шиндлеровата Фабрика заминуваме за Македонија...
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 10 Ноември : 209 € (12.960 ден.)
Редовна цена на аранжманот:229€(14.200 ден.)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со модерен туристички автобус
- Сместување во Хотел во Краков на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран разглед на Краков
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативна посета на Аушвиц 40€
- Факултативна посета на рудникот за сол Величка 45€
- Факултативна посета на Готскиот дворец Вавел 15€
- Посета на Шиндлеровата Фабрика 30€
- Вечера во национален ресторан 40€
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ : 150€
- Патничко-здравствено осигурување 300 денари
- Доплата заеднокреветна соба 4.650 ден.
- Туристичка такса 370 ден.