Традиционално и оваа година, скијајте во најдобро друштво и со искусни водичи, на легендарните ски стази на олимписки шампион Jean-Claude Killy. На само 5км од француско- италијанската граница, се наоѓа еден од најатрактивните скијачки центри во Франција – Espace Killy, именуван по трократниот олимписки шампион Jean-Claude Killy. Espace Killy –Tignes и Val d'Iser, е ски област во Савојските Алпи кои ја сочинуваат ски стази со должина од 300 км. на надморска височина од 1550м до дури 3450м надморска височинаи важи за еден од најдобрите ски центри во светот. Исто така овој центар го носи и епитетот најдобар во поглед на атмосферата и ноќниот живот кој го нуди. Ќе имате можност да скијате на исклучително долги стази, од кои секако најпозната е велеслаломската стаза во Val d'Isere на која се вози Светскиот куп. Скијајте на местото каде што скијаат НАЈДОБРИТЕ! и, каде има најдобра Apres ski забава како на терените така и во градчињата. Делот Tignes/Le Lac/Lavachet/Val Claret e по наше мислење најдобар избор поради близината на глечерот Grande Motte, врската Val d Isere и одличниот ноќен живот.
Термин: | TIGNES - VAL D’ISERE | од 759€ |
16.01.2026 | Ski F R A N C E 2026 |
TIGNES LE LAC | | | | 16.01.2026 |
Тип на сместување | Број на кревети | |
RESIDENCE | 7 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 |
BEC ROUGE 704, СТУДИО мах. 4 лица | | | | 759 | 839 | 999 |
BEC ROUGE 922, СТУДИО мах. 4 лица | | | | 759 | 839 | 999 |
PALAFOUR 306, СТУДИО мах. 4 лица | | | | 759 | 839 | 999 |
PALAFOUR 705, СТУДИО мах. 4 лица | | | | 759 | 839 | 999 |
PALAFOUR 807, СТУДИО мах. 4 лица | | | | 759 | 839 | 999 |
PALAFOUR 809, СТУДИО мах. 4 лица | | | | 759 | 839 | 999 |
PALAFOUR 1003, СТУДИО мах. 4 лица | | | | 759 | 839 | 999 |
DUC DE SAVOIE 11, АПАРТМАН мах. 6 лица | | 779 | 829 | 909 | | |
BEC ROUGE 931, АПАРТМАН мах. 6 лица | | 779 | 829 | 909 | | |
CHALTOUR 1, АПАРТМАН мах. 6 лица | | 779 | 829 | 909 | | |
BEC ROUGE 121, АПАРТМАН мах. 7 лица | 769 | 819 | 889 | 999 | | |
ARMALILLIS 15, АПАРТМАН мах. 7 лица | 769 | 819 | 889 | 999 | | |
PALAFOUR 601, АПАРТМАН мах. 7 лица | 769 | 819 | 889 | 999 | | |
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОПЛАТА ЗА ESPACE KILLY SKI PASS: 30 ЕВРА
Цените се дадени за пакет аранжман во Евра по лице. Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мкд
ПРОГРАМА
1.ден-петок. СКОПЈЕ-TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET:Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за VAL CLARET во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2. ден-сабота. TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET: Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање
3. – 8.Ден. TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET: 6 дневно скијање во Espace Killy. Ноќевање
9. ден-сабота. TIGNES LE LAC- LAVACHET-VAL CLARET-СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)
10. ден–недела: Скопје: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Во цената е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје –TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET – Скопје
- 7 дневно сместување:студиa/апартмани во TIGNES: LAVACHET / LAC / VAL CLARET
- 6 дневен скипас за стазите на TIGNES / VAL CLARET
- Туристички пратител за време на турата и престојот во скијалиштето.
Во цената НЕ Е вклучено:
- Задолжително патничко, тип Конфорт, осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 800 ден. Агенцијата го обезбедува.
- Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице. Се плаќа во агенција.
- Задолжителна доплата за електронска ски карта: 2 €. Се плаќа во денари во агенција.
- Постелнина, крпи, и завршно чистење на апартманите.
- Задолжителна доплата за Ски комплекс Espace Killy :TIGNES -VAL CLARET -VAL D’ISER- Grande Motte ), 300 km стази: 30€ во МКД во агенција при резервација.
За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со Лиценца “А” бр.УГИ-69-653, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоции кои важат според наведеното за овој ски аранжман).
Важни завршни напомени
- Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, зa 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз. .
- РЕЗЕРВАЦИЈА:
- Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 12.000 денари по лице, остатокот се доплаќа НАЈДОЦНА до 15 Декември 2025.
- Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
- Уплатата може да се плати во готово или со кредитна/дебитна картичка, или вирмански преку банка.
- Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.
Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.
3. Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје). Од момент на влез во Шенген зоната, патникот во претходните 180 дена не треба да има престој подолг од 80 дена (со 10 дена ски програм, вкупно дозволени 90 дена во 180 дена). Организаторот не може да сноси одговорност во случај на гранични проблеми при влез во Шенген зоната.
- За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
- Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект, повеќе од наведеното во понудата, дадено од страна на локалната агенција.
- Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите (гориво, сместување, ски пас, туристичка такса.. ) за кои агенцијата не може да влијае.
- FIRST MINUTE цена важи до 30 Септември 2025.
После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување. Уплатениот пакет аранжман до тој датум останува по стара цена.
- Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање. .
- БАГАЖ: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба максимум 23 кг.), 1 пар ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус. .
- Распоредот на седишта во автобус е според датумот на уплата.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 30 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.
- Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до 15.12.2025. Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок, резервацијата ќе биде автоматски откажана. Патникот ќе биде теретен според отказните трошкови.
ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:
- Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до НЕХАР ТРАВЕЛ, со образложение за отказот.За ова патување важат отказните трошкови кои се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои НЕХАР ТРАВЕЛ не може да влијае, и тоа:
Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:
> Од моментот на пријавување до 12 недели пред поаѓање: 10% од цената
> 12 - 8 недели пред поаѓање: 20% од цената
> 8 – 4 недели пред поаѓање: 50% од цената
> 4 недели пред поаѓање: 100% од цената
- Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите, постелнина, тоалет хартија, сапуни, шампон во студијата и апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигнување по цена од: 15€ - единечна постелнина или 17€ -брачна постелнина и 15€ за сет крпи (2 за купатило, 1 за под, 1 за кујна), по лице. Сет за чистење: 6€. Детско креветче 50€. Потребно е да се резервира и уплати за крпи и постелнина при резервација во агенција (подоцна неможе да гарантираме достапност). Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свој сет на постелнина и крпи. Цените се информативни.
- Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 500€ по Студио за 4 лица, 600 евра по Апартман за 5 лица, 700 евра по Апартман за 6 лица, 800 евра по Апартман за 8 лица. Се плаќа при пристигнување, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од кредитна картичка (VISA или MASTERCARD).Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката). Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови. За точната цена на депозитот и начин на плаќање, информации во агенција, 1 месец пред тргање.
- SKI PASS: После уплатата на депозитот за сместување, водичот ви ги дава Ски картите.
- Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
- Цена за чистење: Студио за 4 лица:71€, Студио со кабина за 4 лица: 81€, Апартмани со 2 соби за 6 лица: 98€. Цените се информативни.
- Сите дополнителни услуги мора да се резервираат при пријавување во агенција и истите се плаќаат на лице место при сместување.
- Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
- Влез во објект: од 17.00 Напуштање на објект: 08.00 – 09.30
- ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА.
Генерален опис на сместување во Tignes LE LAC
Residence BEC ROUGE
Резиденцијата Bec Rouge се наоѓа во центарот TIGNES LE LAC (2100 m), на улицата La Poste, во близина на сите продавници и директен пристап до ски лифтовите (ski in, ski out). 50 м. од водениот парк Lagon, 100 м оддалечен од Спортско-Конференцискиот центар Tignespace. Има добро опремени и конфорни апартмани на 8 спрата со лифтови. Има 3 посебни влеза и приватни шкафчиња за скии. На барање можен пристап до WiFi, изнајмуваме мали кутии за WiFi. На барање, може се плати однапред задолжителен затворен јавен паркинг (50м) SKI IN-SKI OUT
*Студио 922, за 4 лица,28m2,јужна страна,балкон.
Дневна соба: Маса, столици. ТВ. Софа за седење која се претвара во лежај за 1 лице + Кревети на спрат, каде долниот кревет е брачен за 2 лица а горниот кревет е единечен за 1 лице.
Кујна отворена кон дневна соба: рерна, 4 керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови, микробранова печка. Бања: када, лавабо, тоалет
*Студио 704, за 4 лица,28m2,приземје, јужна страна,балкон.
Дневна соба: Маса, столици. ТВ. Софа за седење која се претвара во лежај за 2 лица
Кабина:2 единечни кревети на спрат за 2 лица.
Кујна отворена кон дневна соба: рерна, 2 керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови, микробранова печка.
Бања: туш кабина, лавабо. Тоалет: посебна просторија
*Апартман 931, за 6 лица, 2 соби, 70м2, влез бр.9, 3-ти спрат,југ
Апартман со поглед на 2 страни (југ и исток), на 3-ри спрат. Балкон на јужната страна и прекрасен поглед кон езерото и ледникот Grande Motte. Источната страна со поглед на Grande Sassière. Големи прозори. Многу топла и пријатна атмосфера.
Ходник / влезен дел
Дневна соба : Голема дневна соба: 3 единечни лежаи, маса, столици, клуб маса, 2 фотељи
Кујна: отворена кон дневната соба: 2 индукциони рингли, фрижидер, рерна, машина за миење на садови.
Спална соба: со балкон кон исток, 1 голем кревет за 2 лица, 1 единечен кревет, ТВ
Бања 1: со када и лавабо, Бања 2:со туш кабина,лавабо. 2 х Тоалет: посебни WC-a
*Апартман 121, за 7 лица, 3 соби, 53м2, влез бр.1, 2-ри спрат.
Апартман со балкон на јужната страна и прекрасен поглед кон езерото и ледникот Grande Motte.
Дневна соба : Софа која се претвара во двоен кревет за 2 лица, ТВ, Маса, столици
Кујна: отворена кон дневната соба: 3 керамички рингли, фрижидер, рерна, машина за миење на садови, микробранова печка.
Спална соба: 2 единечни кревети
Кабина: 2 единечни кревети на спрат
Ходник / влезен дел: 2 единечни кревети на спрат
1 бања: со када и лавабо, 1 бања:со туш кабина Тоалет: посебна просторија
Residence PALAFOUR:
Резиденцијата PALAFOUR се наоѓа во центарот TIGNES LE LAC (2100 m), со директен пристап до ски-лифтот (лифтот Palafour и гондолата Tovière) и до точката за состанување на ски училиштата. 50 m од водениот парк Лагон, 100 m од Спортско-конференцискиот центар Tignespace. комерцијална галерија со сите продавници и услуги (скијачки продавници, француска скијачка школа ESF, супермаркет, пекара, пабови и ресторани).11 ката со 4 лифтови. Приватни шкафчиња за скии во подрумот. На барање можен пристап до WiFi, изнајмуваме мали кутии за WiFi. На барање и да се плати однапред задолжителен затворен јавен паркинг на 50м
*Студио 1003, за 4 лица, 28м2,10-ти спрат, јужен поглед Влезен дел-ходник: 2 единечни кревети на спрат, одвоени со завеса од дневниот дел.КУЈНА: Отворена кон дневната соба. Фрижидер, 3 керамички рингли , Микробранова печка, Машина за миење садови.Дневнасоба:Софа за седење која се претвара 2 единечни лежаи, ТВ, маса, столици.Купатило: со када, умивалник и WC*
Студио 807, за 4 лица, 28м2, 8-ми спрат Tераса свртена кон југ, со поглед на езерото. Ходник со кревети на спрат. Дневна соба со софа на извлекување за 2 лица. Една клизна врата ја одваја дневната соба од ходникот. ТВ. Кујна отворена кон дневната соба: 3 керамички рингли, фрижидер, рерна, машина за миење на садови. Бања со када, лавобо и ВЦ. Сите кревети се со јоргани.
Студио 306, за 4 лица,. *Студио 809, за 4 лица, 28м2, 8-ми спрат .Тераса свртена кон исток. Ходник со кревети на спрат. Дневна соба со софа на извлекување за 2 лица. ТВ. Кујна отворена кон дневната соба:2 керамички рингли, фрижидер, рерна, микробранова печка, машина за перење на садови. Бања со када, лавобо. Посебна просторија со ВЦ. Сите кревети се со јоргани.
Апартман 601, за 7 лица, 3 соби – 63 м2 , 6-ти спрат. Апартман со 3 соби со двоен поглед кон север и југ, балкон со поглед кон југ. 6-ти спрат со убав поглед кон езерото, жичарата Tovière и глечерот Grande Motte Glacier.
- одвоен простор со кревети на спрат за 2 лица,
- Дневна соба/ трпезарија / кујна: 1 единечен лежај, 1 софа на извлекување за 2 лица, ЛЦД ТВ, клуб маса, 1 фотелја , 1 комода.
- Кујна отворена кон дневната соба: 4 ел. Рингли, фрижидер, рерна, микробранова печка, машина за миење на садови.
- 1 Спална соба со голем француски кревет за 2 лица, тоалетни масички со светло, плакар.
- 1 Спална соба со 2 кревета,
- 1 бања со када и лавабо, 1 бања со туш кабина, лавабо и ВЦ
- 1 посебна просторија само со ВЦ.
Residence ARMAILLIS
Резиденцијата ARMAILLIS sе наоѓа во TIGNES LE LAC (2100 m),улица « La Poste »,во близина продавниците и ски терените, водениот парк Lagon, Спортскиот и Конференциски центар на TIGNES. Има прекрасен поглед кон езерото и глечерот Grande Motte. Апартманите се комфорни и добро опремени. Резиденцијата има 6 спрата, лифт, сопствени шкафчиња за ски опрема.
*Апартман ‘’ARMAILLIS’’ 15, за 7 лица, 62м2, 3 соби, 4-ти спрат, југ
Апартманот има прекрасен поглед кон езерото и глечерот Grande Motte.
Спалните соби гледаат кон север, дневната соба и кујната гледа кон југ.
Ходник:
Кујна:комплетно опремена, 4 ел.керамички рингли, фрижидер, мултифункционална печка, микробранова печка, машина за миење на садови, шанк. Кујната е отворена кон трпезарискиот дел кој е поврзан со дневната соба.
Трпезарија: Многу убаво опремен простор со маса и столици, полици и излез на балкон.
Дневна соба: Тросед за седење кој се претвара во 2 единечни лежаи, ТВ, излез на балкон.
Спална соба 1: 2 класични единечни кревети.
Спална соба 2: 2 единечни кревети на спрат + 1 единечен кревет.
Купатило 1: Када, лавабо,WC
Купатило 2: Туш кабина, лавабо.
Тоалет: Посебна просторија
Residence DUC DE SAVOIE
Резиденцијата Duc de Savoi sе наоѓа во TIGNES LE LAC (2100 m), на 20 м. на сите продавници. 50 m od ски лифтовите (Palafour chairlift and Tovière gondola), 100м од водениот парк Lagon, 100 м. од Спорскиот и Конгресен центар Tignespace. Има лифт и убав поглед кон планините и езерото.
*АПАРТМAN DUC DE SAVOI 11, за 6 лица, 56 m2, 2 соби,1-ви спрат
Апартман со 2 соби на 1-ви спрат со голема тераса на јужната страна. Прекрасен погле од дневната соба кон езерото и Tovière and Grande Motte Glacier ледникот.
Дневна соба / трпезарија со софа на извлекување за 2 лица, ТВ, 2 фотењи, клубска маса,
Кујна со поглед кон север: ел. Рингли, рерна, фрижидер, микробранова печка, машина за миење на садови. Спална соба со 2 х кревети на спрат за 4 лица, со поглед кон север, маса, 1 фотеља.
Купатило со 2 лавабоа. Посебна просторија само со ВЦ.
- Сите кревети се со јоргани.
Residence CHALTOUR
Апартман 1, за 6 лица, 40 м2,
Ограничен број на Студиа/Апартмани !
Espace Killy ski area
Espace Killy е огромен комплекс на скијалишта во Савојските Алпи, сместен на надморска висина од 1550 м.-3450 м. и ги опфаќа скијалиштата Val d'Iser со 150 км ски патеки и Tignes исто со 150 км ски патеки. Вкупно 300 км. ски патеки. Изузетно добро припремени и долги ски патеки. Тука се наоѓаат и 2 глечера и за летно скијање: Grande Mote (3656 m/n.v.) над Tignes, иPissaillas (3488 m/n.v.) над Val d'Iser. Магично скијалиште, каде може во едно смуштање да скијате на преку 1600 м висинска разлика, од Grande Mote до Val d'Iser. И секако, најдобрата црна ски патека на светот: La Face de Bellevarde
Корисни информации за скијачите за комплексот Espace Killy:
- Вкупен број на ски лифтови: 96 ( 2 ски воза, 8 гондоли, 45 седишници, 41 влечуги )
- Вкупно категоризирани ски патеки: 137 (16 црни, 35 црвени, 64 плави, 22 зелени )
- 2 snowparka
- 331 топ за вештачки снег
Val d'Iser: Модерно скијалиште,сместен на 1800 м/н.в. и оддалечен 12 км од Tignes. Има прекрасен поглед кон глечерот.Убавината на местото ја дава и единствената камена архитектура на објектите. Поради одржувањето на Светскиот куп, целото место е преполно со тимови и посетители. Можда затоа понудата на забава е побогата но и поскапа. Многубројни ресторани, продавници,маркети, дневни и вечерни барови, ноќни клубови, дискотеки, кино, затворен базен и природно лизгалиште.
Tignes :Скијашка мека, покрај заледено езеро, сместен на 2100 м/н.в. Познат и по најдобрите off ски патеки во Европа. Дури постои СПОТ зона за едукација и вежбање за скијање на off патеки. Се состои од 3 населби: Val Claret, Le Lac i Le Lavachet кои се поврзани со бесплатен ски бус. Дополнителната понуда е многу богата и заокружена е со модерен wellness центар и базен со бесплатен влез за иматели на skipas Espace Killy.
Le Lac : многу жив дел, со ресторани и продавници. Во лето областа нуди пешачки патеки, голф и велосипедски парк, плус скијачки патеки на глечерот Grande Mote. Целиот ресорт е направен за потребите на скијачите, така да нема ски лифт премногу далеку од влезната врата на вашето сместување.
Val Claret е идеално лоциран, со ski IN-ski OUT сместување, и во непосредна близина на возот кој вози до глечерот Grande Mote. . Тука се наоѓа XXL SuperPipe, најголем halfpipe во Франција. Долг 190м,19м.широк, 7 м. висок. Секако богата ноќна програма за секого. Најдобрите ноќни клубови се Deep во Le Lac и Melting Pot во Вал Кларет.
La Face de Bellevarde- најадреналинска црна ски патека во Европа https://www.youtube.com/watch?v=qzPT_aYNJG8
Најпозната црна ски патека во Европа, припремена за машка спуст патека за Зимските Олиписки игри 1992 во Албервил. Црна писта со слика на `вертикална граница` за најискусните, најхрабрите скијачи. Дури и такмичарите тогаш реагирале на неверојатната стрмнина и почетна брзина од над 150 км/час, па организаторите поставиле дополнителни врати за да се успори брзината. Патека со голем технички предизвик стрмнина од 71% во долниот дел. Тука се одржале и трки за Светскиот куп 2009.
Факти за La Face. Должина: 3км, Вертикална висинска разлика: 959 м. Стартот е на 2905м. Нагиб: од 5%-71%. Може да се дојде со Олимписката гондола и ски лифт од Val d'Iser. Но La Face и не е толку страшна. Две третини на почетокот се дури и многу пријатни но последната третина е изузетно стрма. Најдобар период е да скијате помеѓу 12.00 и 14.00. Наутро е ледена а подоцна прилично неравна. И секако имајте неколку дена скијање на други патеки и со добра кондиција дојдете тука. Но само за многу искусни скијачи и секако направете кафе пауза на пола патека.
Но имаме и една тајна како да го одбегнете најстрмниот долен дел !. Под La Peau de Vache делот и баш над самата стрмина, има патека која води десно, кон Joseray. Тоа е црвена ски патека која ве води до подножјето на La Face. Нема да откриеме дали сте ја користеле.