СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - Викенд патувања - Будва-Острошки манастир

Будва-Острошки манастир


Будва-Острошки манастир


Датуми на поаѓање:

20.09.2024 (РАСПРОДАДЕН ТЕРМИН) 

27.09 / 04.10 /  18.10

 

Прв ден: Велес- Острог

Состанок на групата во Велес пред агенцијата во 22.00 часот. Поаѓање за Црна Гора.  

Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. 

  

Втор ден:Будва - Острошки манастир

Пристигнување во Црна Гора во утринските часови. По пристигнувањето во Будва слободно време за разгледобир на групата во 13.00 часот на договореното место. Заминување кон Острошкиот манастир. Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица. Разглед на манастирот и моштите на Св.Василие Острошки. Спиење на отворено.

 

Трет ден: Острошки манастир - Велес

Утрото пожелно е присуство на Литургијата во Горниот манастир, која вообичаено се одржува од 06:00 до 07:30. Во Долниот Манастир литургијата започнува во 08:00 ч. Средба на целата група во 09:00 на паркинг кај автобусот. Заминување кон Македонија со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Велес во вечерните часови.

 Цена - 2000 денари

Во цената е вклучено: 

Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;

- Посета на Будва

- Посета на Острошки манастир;

- Трансфер од Штип, Неготино, Кавадарци,Скопје;

- Организација, реализација и придружник на патувањето.

Во цената не е вклучено:

- Превоз од Долниот до Горниот манастир Острог-повратна 2€ (доплата на лице место);

- Туристичка такса 1 евро ;

- Задолжително патничко и здравствено осигурување.


Дополнителни информации:

*Потребно е да се понесе храна за време на патувањето

*Во манастирот се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште со пристојни блузи со ракави.

За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија