12.10.2024 (сабота) ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Ноќевање.
13.10.2024 (недела) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Во договорено време со водичот на групата заминување кон Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО цена за пријави до 15.09.2024 - 139€ / 8.618ден
Редовна цена на аранжманот - 159€/9.858ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.
Цена по лице за најмалку 2 лица во соба.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел Фонтана 4* во центарот на Врњачка Бања во СУПЕРИОР соби
- Исхрана на база 2 ноќевања со поjaдок (опционална доплата за вечера 15€ по лице од ноќ)
- Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
- Секојдневно користење на Велнес и Спа центар на хотелот
- Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби
- Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжително патничко и здравствено осигурвање
- Доплата за туристичка такса 5€/310ден вкупно за 2 ноќи (доплата во агенција)
- Факултативна посета на манастирот Жица 5€ (доплата на лице место)
- Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден на цената на аранжманот
Попусти и опционални доплати:
- Намалување за сопствен превоз -10€/620мкд по патник
Напомени:
- За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Т.А. Супер Травел.