2.Ден 12.10.2024 (сабота) ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок. Организирана прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања во прекрасна природа по т.н. Патеки на Здравјето; Горни Вирови, Милутиново Купатило, Луковска Река... Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 13.10.2024 (недела) ЛУКОВСКА БАЊА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО цена за пријави до 15.09.2024 - 165€/10.230ден
Редовна цена на аранжманот 185€/11.470ден
Цени по лице за најмалку 2 лица во соба
Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација.
- Сместување во двокреветни соби во Хотел Бела Јела 4* на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса).
- Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на база шведска маса)
- Користење на внатрешно - надворешен базен со термо-минерална вода со температура од 33-35⁰C
- Користење на новиот Велнес Центар (сауна, парна бања, солена соба, тепидариум, џакузи).
- Користење на сала за забава и рекреација.
- Туристичка такса.
- Организација и реализација со туристички придружник.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување;
- Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).
Попусти и опционални доплати:
- Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
- Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 80€/ 4.960 (на барање)
- Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање)
- Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
- Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.170ден
- Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.
Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Т.А. Супер Травел.