МАЛТА 11.10.2024

 Дена / 3 ноќевања / Авион

Малтешките острови, опишани како музеј на отворено. Она што ги прави уникатни е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Влезете во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеа христијанството... Каде и да одите, пејсажите на островите и архиотектурата нудат спектакуларна позадина. Впечатливи бои - медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило...

 

11октомври (петок)             СКОПЈЕ - МАЛТА        

Состанок на група на аеродром Скопје во 18.45 часот. Полетувањето е во 20:45 часот. Слетување на аеродром во Малта во 22:30 часот. Трансфер од аeродром до хотел. Сместување. Ноќевање.

 

12 октомври (сабота)           ГОЗО

Појадок. Целодневна факултативна посета со организиран автобуски превоз и траект на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најгoлем остров во Малтешкиот архипелаг каде историјата, природата и културата се здружуваат да создадат навистина магично искуство. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј заробен на нејзиниот остров 7 годиниПо пристигнувањето во Гозо, првата станица е волшебното Внатрешно Море или таканаречено природно чудо со уникатна геолошка формација и прекрасни глетки. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Викториа (Рабат), главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади. Посета на Базиликата Та Пину-Место на Чудата, позната по чудесните приказни, богата историја и духовно значење на ова прекрасно место. Посета на Старата Цитадела богата со калдрмени улици, историски знаменитости и панорамски поглед на островот.

Посета на шармантното село Фонтана со историско значење како центар за перење и традиционални малтешки производи. Слободно време за опуштен ручек во Викторија или заливот Xlaendi во некој од локалните ресторани со традиционална вкусна малтешка кујна. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

13 октомври (недела)          ВАЛЕТА 

Појадок. Факултативно, разглед на главниот град на Малта – Валета опкружен со бројни масивни зидини и тврдини, изграден од Витезите на Св.Јован кои биле болничари во 16-от век. Малтежаните се многу горди на својот главен град чие светско и богато културно наследство се открива веднаш при самото движење на улиците низ градот. Разгледот започнува од портата на Валета преку главната улица до централниот плоштад на Републиката со застанување на важни културно-историски објекти каде се раскажува за историјата на самиот град и на самиот остров. Потоа, прошетката продолжува низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има прекрасен панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Не случајно се снимени толку многу филмови на МалтаИсто така предвидена е и посета на богато украсената Катедрала и музеј на Св.Јован, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети, која воедно е и мевзолеј каде што се погребани големите мајстори од малтешкиот витешки ред (влез во Катедралата - 15еур). Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

14 октомври (понеделник)ИЗЛЕТ ПО МАЛТА BlUE GROTTO - RABAT- МDINA - TAQАLI - SLIEMA

Појадок. Целодневен факултативен излет исполнет со историја, култура и природна убавина!

Посета на прекрасната Сина Пештера (Blue Grotle). Потоа, посета на Мдина стариот средновековен главен град на Малта, наречен - Град на тишината. Прошетка низ тесните поплочени калдрмени улички и грандиозна архитектураразглед на познатите градини Св. Антони, Претседателската Палата... Прошетка до Рабат и слободно време за ручек. Посета на фабриката за стакло Mdina Glass во TaQali, можност да се види специфичната техника на изработка на дувано стакло каде вештите занаетчии создаваат сложени стаклени предмети и одлична прилика да купите уникатни сувенири како спомени од вашето патување. Потоа, прошетка во Слиема - позната како центар за шопинг, преубави ресторани, кафулињата, интересни улички и архитектура создадени за убави фотографии.

 

 Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 23.15 часот. Слетување во 00:5часот наредниот ден.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:449  / 27.840 мкд

Попуст за ранa уплатa до 15.07: 399 € / 24.740 мкд

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

ü  Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје

ü  Аеродромски такси

ü  Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

ü  Сместување во хотел 3*/4* во Малта на база 3 ноќевања со појадок 

ü  Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

ü  Организација на аранжманот и придружник на патување

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Ø  Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

Ø  Посета на  Валета 35 евра

Ø  Излет по Малта (Ta Qali, Rabat, Mdina, Blue Grotto, Sliema) 50 евра

Ø  Посета на Гозо 65 евра

Ø  ПАКЕТ 3 ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ 140 евра

Ø  Туристичка такса 750 мкд   (се плаќа во агенција)

Ø  Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

Ø  Патничко – здравствено осигурување

Ø  Доплата за еднокреветна соба 9.300 мкд.

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.A. СУПЕР ТРАВЕЛ.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија