Вила Кристофер

Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање

Ипсос се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Ипсос е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор. Опкружен е со продавници за изнајмување автомобили, продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, барови итн. Плажата повеќе пати беше обележана со Сино знаме за чистиот брег и води со тоа што ја прави една од најбезбедните плажи на Крф.

Вила Кристофер e лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 200м од плажа,а сепак со многу лесен пристап до главната улица. Сите се опремени со сопствена кујна, тоалет, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата)

10% ПОПУСТ за резервации до 15.05.2024
За резервација е потребно уплата од 30%
(остатокот на 7 дена пред поаѓање)
Цените се од лице.

50 ЕВРА ПОПУСТ ПО СОБА,АКЦИЈА ЗА ТЕРМИНИ ВО ЈУНИ
ЦЕНИТЕ КОИ СЕ СО ЦРВЕНО, СЕ СО ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ ОД 50 ЕВРА

O
СТАНАТИТЕ ТЕРМИНИ СЕ СО ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ ОД 10%

Термин

Редовна цена

22.06-29.06.2024

149€ 124€

29.06-06.07.2024

159€ 134€

06.07-13.07.2024

169

13.07-20.07.2024

179

20.07-27.07.2024

199€

27.07-03.08.2024

209

03.08-10.08.2024

209

10.08-17.08.2024

229

17.08-24.08.2024

229

24.08-31.08.2024

229

31.08-07.09.2024

169

07.09-14.09.2024

149

14.09-21.09.2024

139


Во цената на аранжманот е вклучено:
-Автобуски превоз
-7 ноќевања во вила Кристофер
-Туристички придружник од агенција за време на престој

Во цената на аранжманот не е вклучено:
-
Повратен билет за траект 20 евра од лице
-Туристичка такса (10.5 евра од соба за 7 ноќевања)
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Клима уред (се доплаќа на лице место 35-40 евра за целиот престој
-Индивидуални трошоци



Факултативни излети:
Остров Крф е место што вреди да се истражи. Нашиот тим организира екскурзии за подобро да го запознаете острово а во продолжение следува опис на истите...

Тура на север (Палеокастрица и Сидари)
Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата  Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив. Од овде се оди во  Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.
Цената на излетот ќе биде објавена во месец јуни

Посета на плажата Глифада

Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
Цената на излетот ќе биде објавена во месец јуни

Крстарење со скара 
Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи најсеверната точка на островот.Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и  ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.
Цената на излетот ќе биде објавена во месец јуни

Крстарење Паксос и Антипаксос
Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос (грчкото Малдиви), остров со уникатен бел песок, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.
Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски остров.
Цената на излетот ќе биде објавена во месец јуни

Напомени:
-CHECK IN: 14:00 h
-CHECK OUT: 09:00 h
-Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
-За споен термин се одбива 10% попуст на вториот термин на редовните цени.
-Двокреветни,трокреветни студија (во двокреветните може да се додаде дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
-Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
-
Термините кои се со црвено се промотивни и не се одбива за сопствен превоз.
-Дете од 0 до 3,99 години -
Бесплатно (спие во кревет со еден од возраснитеп)
-Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
-
Возрасен на дополнително легло има 30% попуст
-За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
-Поаѓањето 
со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,
-За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А СУПЕР ТРАВЕЛ


Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија