Вила "Ujvara"-2026

ВИЛА УЈВАРА – КСАМИЛ, АЛБАНИЈА

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење ... и покрај големата побарувачка и посетеност сепак сето тоа го добивате за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.
Вила Ујвара се наоѓа на 200 метри од прекрасната плажа Bora Bora и на околу 100 метри од центарот на Ксамил. Располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни студиа на спрат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима (вклучена во цената), WI-FI. Вилата поседува и базен кој што можите да го користите и бесплатен паркинг.

25% попуст за сите термини во Јуни за резервација до 31.12.2025 и целосна уплата до 31.01.2026

За сите останати термини:
20% попуст за резервација до 31.12.2025 и целосна уплата до 31.01.2026
15% попуст за резервација до 31.01.2026 и целосна уплата до 28.02.2026
10% попуст за резервација до 28.02.2026 и целосна уплата до 31.03.2026
05% попуст за резервација до 30.04.2026 и целосна уплата до 30.05.2026

 ВИЛА UJVARA
ТерминНоќевања1/2 студио1/3 студио1/4 студио1/2  соба1/3 соба1/4 соба
130.05 - 06.067159179199149169189
206.06 - 13.067189209229179199219
313.06 - 20.067269289309259279299
420.06 - 27.067299319339289309329
527.06 - 04.077359389419349379409
604.07 - 11.077409439459399429449
711.07 - 18.077439459479429449469
818.07 - 25.077439459479429449469
925.07 - 01.087439459479429449469
1001.08 - 08.087439459479429449469
1108.08 - 15.087439459479429449469
1215.08 - 22.087419439459409429449
1322.08 - 29.087389409429379399419
1429.08 - 05.097289309329279299319
1505.09 - 12.097269289309259279299
1612.09 - 19.097189209229179199219
1719.09 - 26.097159179199149169189

Напомени:

  • Патниците имаат можност за доплата за појадок (шведска маса) по цена од 10 евра на ден по лице.
  • Патниците имаат можност за доплата за лежалки на плажата Blue Diamond Beach и Maestro Beach кои што се во сопственост на вила Ујвара, но се оддалечени 1400-1500 метри од вилата, по цена од 10 евра за две лежалки и чадор на ден.
  • За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
  • Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
  • Климата е вклучена во цената;
  • Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
  • За хигиената на собите се грижат гостите;
  • За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.

Превоз:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Македонија за Ксамил преку грција:

  • Скопје – 70€ по лице
  • Штип – 85€ по лице
  • Велес – 70€ по лице
  • Дреново – 70€ по лице
  • Битола – 60€ по лице
  • Прилеп – 60€ по лице
  • Струга – 70€ по лице
  • Охрид – 70€ по лице
  • Ресен  – 70€ по лице
    • Деца од 2-11,99год: –10€ помалку од цената на возрасен

Попусти:

  • За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
  • Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!

Плаќање:

  • Плаќањето е во денари по курс 1 евро - 62мкд;
  • Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
  • За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум. 

Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Што можете интересно дa правите кога сте на одмор во Ксамил?

  • Уживајте во зајдисонце: Осигурете се да не го пропуштите зајдисонцето над Ксамилските острови. Кој било бар на плажата или ресторан свртен спрема островите, ќе ви го пружи тоа задоволство!
  • Изнајмете кајак: Речиси сите плажи имаат на располагање изнајмувања кајак и бродови. Дефинитивно изнајмете и прошетајте ги Ксамилските острови!
  • Посетете го националниот парк Бутринт: Има автобус на секој час од Саранда и Ксамил кој вози до Националниот парк Бутринт. Само 3 км по патот се наоѓа светското наследство на УНЕСКО, Бутринт. Бутринт е домаќин на некои од најважните истории на Албанија и целиот Медитеран.
  • Уживајте во Саранда: Сместено на самиот југ на Албанија, Саранда е мал град со повеќе од 300 сончеви денови во годината кој се повеќе наликува на Италијанските приморски градови. Привлекува се’ повеќе гости со својот шарм. Веројатно сте слушнале како некои пријатели го споменуваат ова летно одморалиште. Ова не треба да изненадува бидејќи Саранда е украсена со волшебни плажи со бел песок, бројни маслинови градини, сите на јонското крајбрежје, спроти познатиот грчки остров Крф.
  • Посетете ја плажата "Pema e Тhate", една од најубавите панорамски плажи во јужна Албанија лоцирана на 3 километри југозападно од Ксамил
  • Посетете го "Syri & Kalter" (Плаво око): Прекрасен природен феномен кој е оддалечен околу 50 минути возење од Ксамил. Сири и Калтер е исто така познат како сино око и тука ве чекаат кристално чисти води во тиркизна и зелена боја.
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија