СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - 🤽 🤽ЛЕТО 2024🏊‍♂️ 🏄‍♂️ - ☀️🌊ИТАЛИЈА / ЛЕТО - РИМИНИ – ИТАЛИЈА21.06-30.06

РИМИНИ – ИТАЛИЈА21.06-30.06

ЛЕТО 2024 РИМИНИ – ИТАЛИЈА
(Сан Марино,Равена, Болоња, Фиренца)                                                       

Римини – едно од најголемите и најпознати летни туристички летувалишта во Италија, со долги песочни плажи (15 км),ресторани, барови, водени паркови.До Римини се наоѓа најмалата Република во Европа-Сан Марино,што Римини го прави уште поатрактивен за туристите.

21.06.2024 Поаѓање во 12 ч. пред агенција Бран со автобус преку Белград, Загреб, Љублана, со попатни паузи.

22.06.24
 Пристигнување во Италија во предпладневните часови и сместување во 15.00 часот во хотел со 3* во Римини на 50м.од плажа. Слободно попладне за капењеНоќевање.

23.06.24 Појадок. Ден за индивидуални активности, капење… Ноќевање.

24.06.24 Појадок. Слободно време за капење. Полудневен излет до Сан Марино. Ноќевање.             

25.06.24 Појадок. Ден за индивидуални активности, капење. Ноќевање. 

26.06.24 Појадок. Слободно време за капење. Полудневен излет до Равена-град кој нуди многу, прекрасни споменици на историјата, од кои 8 се признати од УНЕСКО. Ноќевање.                     

27.06.24 Појадок. Ден за индивидуални активности, капење. Ноќевање.

28.06.24 Појадок. Слободно време за капење. Можност за посета на Фиренца-град на реката Арно, каде ќе се видат: мостот Понте Векио, Катедралата Дуомо, статуата на Давид, крстилни- цата и звоното Ѓото, Галериа Уфици, Палата Векио. Ноќевање.

29.06.24 Појадок. Слободно предпладне за капење. Околу пладне поаѓање за Македонија со попатна посета на Болоња позната како:црвена,дебела и учена. Црвена поради бојата на зградите, дебела поради неодоливите гастрономски производи (тестенините-Таљатели)  и учена поради Болоњскиот прв (1088г.) универзитет во Европа, каде може да се видат знаменитостите на градот: Пјаца Маџоре, базилика Сан Петронио, фонтаната Нептун… Продолжување преку Словенија, Хрватска и Србија…ноќно возење со попатни одмори.

30.06.24 Пристигнување во Прилеп во пладневните часови.

 

ПРОМО ЦЕНА до 12.02.24: 22000 ден., деца од 2  14 год =16900 ден.
Редовна цена: 28200 ден.

 

Во цената е пресметано:

  • превоз со туристички авотбус на дадената релација
  • сместување во хотел со 3 * – 7 ноќевања со појадок во Римини
  • попатна посета на Болоња
  • лиценциран придружник на патувањето

Во цената не е пресметано:

  • здравствено осигурување без франшиза – 600 денари до 65год.
  • доплата за туристичка такса 2.5 еур по лице по ден (задолжително), деца до 14 г. не плаќаат,
  • доплата за полупансион 105 еур.
  • факултативен излет до Равена (15€)
  • факултативен излет до Сан Марино (10€)
  • факултативен излет до Фиренца и разгледување со локален водич (35€)
  • влезници за посетите на културно историските споменици и други факултативни посети

 

За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување и летување.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Супер Травел и СКТМ.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија