НА ПЛАЖА
ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос.Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос. Во местото има супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.
Вилата “КЛЕОПАТРА“ е модерна вила,лоцирана е на самата плажа, модерно опремена вила и реновирана 2024 година. Секоја соба има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар додека во апартманите има голем фрижидери и плотна со 2 рингли.Секоја соба има стандардно купатило и вц.Секоја соба има клима уред и тв.Вилата има и безжичен интернет и голем паркинг кој функционира на прво слободно место.