ХОТЕЛ РАДАН 3* 2026

ИНДИВИДУАЛНА ПОНУДА ЗА ПРОЛОМ БАЊА - ХОТЕЛ РАДАН 3*

Пролом Бања се наоѓа на југот на Србија, на падините на планината Радан, густо покриена со шума. Таа е една од трите бањи кои се наоѓаат во околината на Куршумлија, веднаш до Куршумлија и Луковска, а меѓу нив е и најмладата, а воедно и најпосетуваната. Бањата Пролом се наоѓа веднаш до истоименото село, по кое го добило своето име, сместени покрај горниот тек на реката Пролом, десната притока на Косаница

ОСНОВЕН ПАКЕТ  -61еур по лице / 3.785мкд (Ноември и Декември 2025)

-66еур по лице / 4.095мкд (од Јануари до Април 2026)

-67еур по лице / 4.155мкд (од 01 Мај до 20 Јуни 2026)

-71еур од / 4.405мкд (20 Јуни до 10 Септември 2026)

-67еур по лице / 4.155мкд (од 10 Септември до 30 Септември 2026)

-67еур по лице / 4.155мкд (Октомври, Ноември и Декември 2026)

(Минимум престој 2 ноќи

(Наведените цени не се применуваат од 01.01-08.01, од 14.02-18.02 и за време на државни празници во  Србија-важат посебни пакети)


ДАДЕНАТА ЦЕНА Е ПО ЛИЦЕ ОД ДЕН ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА И ВКЛУЧУВА :
- Услуга во хотел на база Полн пансион-појадок, ручек и вечера (шведска маса);
- Сместување во двокреветни Стандардни соби: ТВ, WiFi интернет, лековита Пролом вода во сите соби, бањарки, фен за коса;
- Секојдневно користење на Wellness центарот (сауна, солена соба, џакузи базен, тепидариум, отворено-затворен базен);
- Секојдневна употреба на внатрешен базен (16x9m) со лековита вода, температура 30°C;
- Секојдневна употреба на надворешни базени со лековита вода (кога временски услови дозволуваат);
- Секојдневно користење на фитнес сала и спортски терени за ракомет, одбојка, кошарка; користење на салата за забава: пинг-понг, билијард, пикадо, друштвени игри;
- Програма за анимација: групни вежби во теретана и на отворено, прошетки;
- Игротека за деца
-Туристичка такса 


ПОПУСТИ ЗА ДЕЦА ВО ПРИДРУЖБА СО ДВАЈЦА ВОЗРАСНИ:
Деца до 6.99 години се сместуваат бесплатно
Деца од 7 до 11.99 години плаќаат  50% од наведената цена


ПОПУСТИ ЗА ДЕЦА ВО ПРИДРУЖБА СО ЕДЕН ВОЗРАСЕН:
- Дете до 2.99год-бесплатно
- Дете до 3- 6.99 години -плаќа 50% од наведената цена
- Дете од 7години па нагоре-плаќа полна сума, нема попуст


ДОПЛАТИ:
- Доплата за еднокреветна соба: 15€ на ден.
- Доплата за престој во  апартман: 15 € по лице од ден,
Доплата за велнес ЛУКС ден: 10€ по лице од ден,

 

НАПОМЕНИ:
Аранжманот не е во наш закуп, собите се на барање
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
За ова патување важат Општите Услови за Патување на Т.А Супер Травел


Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија