GIFTUN- Paradise Island се ужива во несекојдневна природна убавина, прекрасни плажи и кристално чисти води. Излетот вклучува превоз со јахта за сите вљубеници во морето и извонредниот подводен свет на Црвеното море, но и за сите оние кои сакаат да се капат на интересни  места ова е идеална прилика. Единствена можност да коралните гребени и рајскиот остров, опрема за нуркање (snorkeling), ручек, капење на плажите на островот, ловење риба и уживање во заоѓањето на сонцето.
Резултат со слика за GIFTUN- Paradise Island  Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за GIFTUN- Paradise Island
Поаѓање од хотелот окoлу 08:00 и превоз до марината со автобус. Пред поаѓање на излетот, да се доручкува во хотелот. Во марината ќе добиете опрема, маски и пераи. Укрцување на јахтата. Саат време пловење до првиот корален гребен за снорклинг ( Површинско гњурење ) од окулу 40мин. А потоа уште еден 40 минутен стоп за снорклинг кај друг корален гребан. Следува пловидба кон островот каде цели 3 часа ќе имате можност да уживате во прекрасната, кристално бистра и чиста вода на Рајската плажа.. Ручек на островот. Поаѓање назад окулу 15часот. Пристигнување во хотел во 16.30 часот.
На излет понесете го хотелскиот пешкир за плажа. Во цената е вклучена и опремата за снорклинг,  безалкохолни пијалоци на бродот и ручек на островот.

Цена на излетот: 25 eur за возрасни / 15 eur за деца


САФАРИ
Авантура која не смее да се пропушти. Се заминува кон пустината со џипови и се вози во должина од 45км. со пауза за сликање на „фатаморгана“ и уживање на ситниот песок на една од ретките песочни дини во близина на Хургада.  По пристигнување во бедуинското село возење со баги. Програмата на излетот вклучува разглед на кампот на бедуините, јавање на камили или коњи, културно-уметничка програма, ориентални танци, танц на дервиши, шоу со оган, вечера.
Резултат со слика за safari hurghada Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за safari hurghada
Целодневен излет во пустиња и обиколка на Бедуинско село. Поаѓање од хотелот окулу  11:00 и 12:00 часот. Возење со џипови  (40 min.)  до бедуинското село, ужина и кратко запознавање со животот и обичаите на Бедуинските племиња.  Обиколка на селото, Бедуинска куќа, аптека и пекара. Јавање на камила  и посета на терариум. Возење на баги  (45 min.), spider автомобилиa (10 min), уживање во залез на сонцето, вечера и програма со Бедуински танци ( танчерки, факири, дервиши..) 
На излетот да се понесе:  вода, затворени обувки, наочари за сонце, марами.
Цена на излетот: 30 eur за возрасни / 15 eur за деца


ЛУКСОР
Целодневен излет во археолошката престолнина на Египет. Излетот вклучува: обиколка по источниот брег: посета на храмот Карнак - еден од најголемите храмови во светот кој датира од 3200 г.п.н.е. кој се градел во период од 2000 години, панорамски разглед на Луксор, ручек во национален ресторан, преоѓање на западната страна со бродче преку реката Нил, обиколка по западниот брег - посета на Мемноновите колоси,  „Долината на Кралевите“ каде се наоѓаат познатите гробници на египетските фараони, Dier El Bahari храмот на кралицата Хатшепсут, посета на центарот за изработка на сувенири од алабастер и институтот за изработка на оргинални папируси.
Резултат со слика за luxor hurghada Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за luxor hurghada
Luksor – Tеба со стотина врати – престолнина на древниот фараонски Египет во периодот на Новото Кралство
Поаѓање од Хургада во раните утрински часови, окулу  04:00. Возење со климатизиран автобус до Луксор, со попатна пауза од 20 минути. Доаѓање на западниот брег  - посета на колосите не Мемнон, обиколка на Долината на Кралевите со влез во три Кралски гробници ( Тутанкамоновата гробница не е вклучена ). Посета на најубавиот храм на Кралицата  Hatshepsut ( Прва жена, владетел во древната Египетска држава )  
Пауза во мала мануфактура за алабастер со презентација на обработката на разни камења и изработка на сувенири.. Ручек во ресторан на брегот на Нил и возење со моторен чамец. Следува обиколка на најголемиот храм Карнак, познат под името  "Ансамбли од Храмови ", изграден од повеќе Фараони а во чест на Богот на Сонцето – Амон . Поаѓање за Хургада окулу 17 часот. .
Забелешка: На излетот да се понесе   breakfast box – појадок за носење.
Цена на излетот:  65 eur за возрасни / 35 eur за деца


КАИРО
Целодневен излет во „престолнината на сеќавањата“. Излетот вклучува: посета на платото на Гиза каде се наоѓаат Кеопсовата, Кефреновата и Микереновата пирамида, долината на храмот Кефрен со познатата  Сфинга, ручек во ресторан, влез во Националниот археолошки музеј кој претставува хронолошки уредена ризница на египетското културно богатство и место каде се наоѓа целокупната содржина од гробницата на фараонот Тутанкамон, панорамски разглед на „Градот на мртвите“ и Саладиновата Цитадела, прошетка низ градот,  посета и презентација во центрите за производство на парфеми и папирус.
Поврзана слика Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за cairo egypt
Cairo (со автобус) Поаѓање од Хургада окулу  02:00 после полноќ. Возење со климатизиран автобус окулу  6 часа до Каиро.  Пауза во местото  Zaafarana - појадок. Пристигнуцање во Каиро окулу 08:00, посета и разглед на Националниот Музеј  (разгледување на експонатите  од времето на старата Египетска цивилизација, Старо, Средно и Ново царство, и разгледување на богатството од Гобницата на Тутанкамон ). Следува панорамски разглед на Каиро на патот кон пирамидите во Гиза. Обиколка на комплексот Гиза со посета на трите пирамиди ( Кеопсова, Кефренова и Микеринова , долинскиот Крал Кефрен и Сфингата . Ручек. Посета на традиционална парфимерија каде ќе биде презентиран   начинот на правење парфеми. Поаѓање од Каиро окулу 16.00 часот. Пристигање во Хургада окулу 22.00 часот.

Забелешка: На излетот да се понесе   breakfast box – појадок за носење.
Цена на излетот:  65 eur за возрасни / 35 eur за деца


EL GOUNA
Овој излет е наменет за сите оние кои уживаат во добрата забава, подводниот свет на Црвеното море, капењето и нуркањето. El Gouna по својата архитектура е вистинска посебност , се протега на повеќе острови на брегот во должина од 10 км. создавајќи мрежа од повеќе канали и лагуни. Излетот влкучува: превоз со брод до El Gouna, прошетка со мали чамци низ самото место, посета на аквариумот, опрема за нуркање , ловење риба, капење.


1001 НОЌ 
Вечерен излет во комплексот „1001 ноќ“ кој се наоѓа во јужниот дел од Хургада. Излетот вклучува превоз, билет за шоуто во кое учествуваат исклучителни јавачи на коњ, танчерки на ориентални танци, танц на дервиши – танура, програма со фонтани и познатото Sound and Light show.


НУРКАЊЕ
Единствена можност за оние кои би сакале да уживаат во поголемите длабочини (6-10м. длабочина). Излетот вклучува превоз со брод до коралните гребени, сета неопходна опрема за нуркање, инструктор, ручек на бродот. (Нуркањето е наменето за лица кои се постари од 10год.)
Резултат со слика за hurghada dyving Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за hurghada dyving
Хургада е една од најпознатите нуркачки дестинации во светот позната по живописниот подводен свет и преубавите корали. 

Трансфер од хотелот до марината во 08.00 часот.. Укрцување на бродот и припрема на опремата за нуркање. Две нурнувања од по 20 минути со професионален инструктор и краток курс за нуркање на бродот.
На излетот понесете си пешкир. Во цената е вклучена опремата за нуркање, безалкохолни пијалоци и ручек.
Цена на излетот: 40 eur  


ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ:
- Излетите ги организира и договара локалниот тур-оператор (не се составен дел од Договорот за патување)
- Деца од  0-4 години, вообичаено не плаќаат за излетите
- Деца од 5-12 години, најчесто плаќаат 50% од цената на излетот
- Минимум за реализација на излетот е 6 патници
- За излет на море во цената е вклучена опремата за snorkeling. Пешкир треба да се понесе
- За сите излети точното време на поаѓање го потврдува водичот до 20 часа пред излетот (Доколку не ви стигне порака, контактирајте го водичот).
- За историските излети понесете си breakfast пакет од хотелот како и доцна вечера.
- За излетите е потребно пријавување за време на инфо состанокот.