СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАТУВАЊЕ - Бугарските вињетки

Бугарските вињетки


Почитувани патници доколку треба да патувате во Бугарија потребно е онлајн да си купите вињетка бидејќи на граница не се продаваат во прилог го имате сајтот и објаснувањето како да си извадете вињетка. Ви посакуваме среќен пат.






Налепниците се купуваат на сајтот www.bgtoll.bg 
https://www.bgtoll.bg/…

Бугарските вињетки отсега ќе можете да ги купите и преку интернет !

 

Од први јануари 2019 година, досегашните пластифицирани вињетки кои беа наменети за лепење на стакло и се купуваа на граница, се заменети со електронски.

 

Новите налепници се купуваат на сајтот www.bgtoll.bg. Можете да изберете помеѓу викенд, неделна, тримесечна и годишна вињетка.

 

Системот овозможува да купите вињетка и да ја активирате со датум најмногу до 30 дена од моментот на купувањето, а истото можете да го направите со кредитна или дебитна картичка, а овозможува и трансфер на средства од банка.

 

По добивањето на идентификациски број на трансакција за купена вињетка, клиентот може да преземе потврда или да внесе маил адреса, на која ќе му биде испратена. Вињетатка нема потреба да се испечати, ниту да се носи во автомобилот или да се покажува на контролните органи.

 

Новина е што се воведува викенд вињетка која чини 10 лева и ќе важи од петок на пладне до недела на полноќ. Неделната карта ќе чини 15 лева, месечната 30 лева, тримесечната 54 лева а годишната 97 лева.

 

Доколку немате купено преку интернет, сепак, вињетка може да се купи на граница со кредитна картица. Има три автомати, каде при уплата добивате фискална сметка и ливче со податоци за возилото и времетраење на вињетката.

 

РЕЗЕРВИРАЈ
Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија