Val Thorens 01.01.2027

 Les 3 Vallees Savoi FranceПакет цена по лице во € од  769 €
 VAL THORENS01.01.2027Максимален број на кревети
РезиденцијаТип на сместување87654321
 VANOISE 658СТУДИО2 лица8491129
 VANOISE 273СТУДИО2 лица8491129
 VANOISE 178СТУДИО3 лица7898991199
 VANOISE 675СТУДИО 2 Простории4 лица8198891039
 ETERLOUS 28СТУДИО 2 Простории4 лица799869999
 HAUTS DE CHAVIERE 2СТУДИО3 лица7999191239
 HAUTS DE CHAVIERE 3СТУДИО3 лица7999191239
 HAUTS DE CHAVIERE 4АПАРТМАН 4 Простории8 лица89993999910891199
 REINE BLANCHE 108СТУДИО 2 Простории4 лица7998791019
 REINE BLANCHE 115АПАРТМАН 3 Простории6 лица8799199991149
 ZENITH 31АПАРТМАН 2 Простории6 лица779799859969
CIMES DE CARON 1206СТУДИО 2 Простории4 лица769839949
CIMES DE CARON 2505СТУДИО 2 Простории4 лица769839949
 LAC DU LOU 2СТУДИО4 лица769819929
 TEMPLES DU SOLEIL MACHU 208СТУДИО 2 Простории4 лица799869999
ДОПЛАТА ЗА 3 ДОЛИНИ “SKI PASS”: 45 €, резервација и уплата во агенција

Програма:

1.ден-петок 01.01.2027. Скопје – Val Thorens Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 06:30 часот. Поаѓање за Val Thorens во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден-сабота. Val Thorens: Пристигнување во пладневни/попладневните часови. Сместување во апартманите помеѓу 17.00-19.30 ч. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање.

3–8 ден. Val Thorens: Шест дневно скијање во Val Thorens/Orelle или “Les 3 Vallees”. Ноќевање

  1. ден-сабота. Val Thorens – Скопје: Напуштање на собите до 09:30 часот. Клучевите се предаваат на водичот. Поаѓање за Скопје со попатна посета (2 часа) на еден од најголемите шопинг outlet центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)

10 ден–недела 10.01.2027. Скопје: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

За ова патување важат општите услови за патување на Нехар травел со Лиценца “А” бр.УГИ-69-653, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоции кои важат според наведеното за овој ски аранжман).

Residencе Vanoise

Термин1/21/2 студи (658)1/21/2 студио (273)1/31/3 студио (178)1/41/4 студио (675)
01 јануари 2027
9 ноќи
1.129 €1.129 €1 лице · по лице849 €2 лица · по лице1.199 €1.039 €2 лица · по лице889 €3 лица · по лице819 €4 лица · по лице

Аранжманот вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје–Val Thorens–Скопје
  • 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот, во Val Thorens
  • 6 дневен скипас за стазите на Val Thorens/Orelle (150 км стази).
  • Туристички пратител за време на турата и престојот во Ски центарот.

Не е вклучено

  • Доплата за “3 Долини ски пас” (600 км стази) изнесува 45€ по лице. Задолжителна предрезервација при пријавувањето и плаќање во агенција.
  • Постелнина и крпи.
  • Завршно чистење на апартманите.
  • Задолжително индивидуално патничко осигурување со вклучен додаток од спортски ризик: 996 ден.
  • Задолжителна туристичка такса 15€ по лице за цело време на престој. Се плаќа во денари во агенција.
  • Задолжителна доплата за електронска ски карта: 2€. Се плаќа во денари во агенција.

  • Residencе Vanoise

    Резиденцијата „Ваноаз“ (Vanoise) има одлична локација во Вал Торанс. Сместена е во центарот, а скијачките патеки се на пешачка оддалеченост. Наутро, доволно е само да ги ставите скиите и да тргнете во истражување на оваа огромна скијачка област. По долгиот ден на патеките, задолжително упатете се кон центарот и уживајте во заслужен пијалак во некој од многубројните барови и ресторани. Апартманите се едноставни, но добро одржувани.

    Студио 658 - 2 лица 18м2, 6-ти спрат,балкон југ

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, мини рерна, машина за садови, тостер, микробранова..

    Дневна соба: ТВ,  Софa за седење која се претвара во лежај за 2 лица, маса со столици.

    Бања: када  и умивалник, тоалет

     

    СТУДИО 273,-2 лица 17м2, 1-ви спрат, балкон, север

    Чајна кујна: 2 електрични рингли, фрижидер, мини рерна, машина за садови ..

    Дневна соба: ТВ,  Софa за седење која се претвара во лежај за 2 лица, маса со столици.

    Бања: Туш  и умивалник, тоалет

     Студио 178, 3 лица   20м2, 1-ви спрат, лифт, балкон, север

    Чајна кујна:  електрични индукциони рингли, фрижидер, микробранова, апарат за филтер кафе ..

    Дневна соба: ТВ,  Софa за седење која се претвара во 2 единечни лежаја (2х80х1900, маса со столици.

    Бања: Туш  и умивалник,

    Тоалет: посебна просторија

    Апартман 675, 2 Простории, 4 лица, 27м2, 6-ти спрат, лифт, север

    Чајна кујна: електрични  рингли, фрижидер, микробранова,

    Дневна соба: ТВ,  Софa за седење која се претвара во лежај за 2 лица, маса со столици.

    Спална соба бр.1: 1 брачен кревет за 2 лица, одвоена со завеса,

    Кабина : Кревети на спрат за 2 лица

    Бања: када, умивалник, тоалет.

  • Residence Eterlous

    Резиденцијата Етерлус, со лифт, се наоѓа во централната област Карон Вал Торенс, близу до сите удобности, туристичката канцеларија, училишта за скијање, место за состаноци, банки, продавници, ресторани итн. резиденцијата е непосредно пред скијачките патеки

    Студио - Кабина (28)  за 4 лица,  28м2, 4-ти спрат, лифт, балкон, југозапад, реновирано.

    Чајна кујна: ел. рингли, фрижидер, машина за миење на садови, рингла,

    Дневна соба: ТВ, Двосед софа која се претвара во брачен лежај за 2 лица, маса со столици.

    Кабина  : со 2 единечни кревети на спрат за 2 лица.

    Бања: туш  и умивалник.  Тоалет: посебна просторија.

  • Residence Hauts De Chaviere

    Резиденцијата „Les Hauts de Chavière“ се наоѓа во горниот дел на Вал Торенс,во срцето на тивката населба Слалом.

    Трговскиот центар „Péclet“, рестораните и билетарницата за ски-лифтови се оддалечени 50 метри.

    Свртена кон скијачките патеки.

    Најблиските продавници на „SKISET“ се „Snowberry“ и „GS1“ во трговскиот центар „Péclet“.

     

     Студио 2,  3 лица, 23m2, 1-ви спрат, балкон, југ, реновиран

    Чајна кујна: рерна, керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови,

    Дневна соба: ТВ, софа на извлекување за 2 лица, маса со столици. ТВ

    Предсобје: 1 единечен кревет

    Бања: када и умивалник, Тоалет

    Студио 3,  3 лица, 23m2, 1-ви спрат, балкон, југ, реновиран

    Чајна кујна: рерна, керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови,

    Дневна соба: ТВ, софа на извлекување за 2 лица, маса со столици. ТВ

    Предсобје: 1 единечен кревет

    Бања: када и умивалник,

    Тоалет: посебна просторија

    Апартман 4,  4 Простории,  8 лица, 90м2, 1-ви спрат, тераса, 2 балкона, лифт, југ

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, машина за миење на садови, електрично Nespresso кафе машина (без таблети)...

    Дневна соба: ТВ, 2 х софа на извлекување која се претвара во одвоени 2 лежаји. ТВ

    Спална соба бр.1: 1 брачен кревет 160х200 за 2 лица

    Спална соба бр.2: 2 единечни кревети за 2 лица

    Спална соба бр.3: софа која се извлекува  во лежај за 2 лица + 2 единечни кревети на спрат

    Бања: када и умивалник.

    Бања во спална бр.1: када и умивалник, тоалет. Тоалет: посебна просторија.

  • Residence Reine Blance

    Резиденцијата „LA REINE BLANCHE“ се наоѓа на крајот од тивка слепа улица на влезот во одморалиштето, со директен пристап до скијачките патеки. Таа е во близина на трговскиот центар „Caron“ и неговите продавници, спортскиот центар и автобуската станица.

    Апартман 108,  2 Простории,  4 лица, реновиран, 30м2, 3-ти спрат, балкон, лифт, југ

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, машина за миење на садови ,апарат за филтер кафе, тостер

    Дневна соба:  трпезариска маса со столици, ТВ

    Спална соба: Софа која се претвара во лезај за 2 лица

    Кабина: 2 единечни кревети на спрат за 2 лица

    Бања: када, умивалник, греен држач за крпи.

    Тоалет: посебна просторија.

    DUPLEX Апартман 115,  3 Простории,  6 лица, реновиран, 60м2, 4-ти спрат, балкон, лифт, југозапад

    Чајна кујна: керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови, микробранова,апарат за филтер кафе, тостер, рерна, грејач за топла вода.

    Дневна соба:  софа  за седење,  трпезариска маса со 6 столици, ТВ, ДВД

    Спална соба бр.1: 1 брачен кревет за 2 лица

    Спална соба бр.2: 2 единечни кревети + Кабина со 2 единечни кревети.

    Бања 1: када, умивалник, греен држач за крпи.

    Бања 2: туш кабина, умивалник, тоалет.

    +Тоалет: посебна просторија.

  • Residence Zenith

    Résidence Le Zénith, ski-in, ski-out, лоциран директно на плоштадот Caron  во центарот на Вал Торенс, веднаш до ски стазите, продавниците и ноќните клубови.

     

    Апартман  31,  2 Простории,  6 лица, 35м2, приземје, југоисток

    Чајна кујна: микробранова печка, електрични рингли, фрижидер, машина за миење на садови,

    Дневна соба: ТВ, софа на извлекување која се претвара во брачен кревет за 2 лица.

    Спална соба бр.1: 1 брачен кревет за 2 лица

    Спална соба бр.2: 2 единечни кревети на спрат за 2 лица и 1 единечен кревет.

    Бања: када и умивалник.  Тоалет: посебна просторија.,

  • Residence Cimes De Caron

    Residence Cimes de Caron се наоѓа на влезот во селото во областа Arolles. Ова сместување е особено популарно меѓу спортските ентузијасти, бидејќи куќата се наоѓа спроти спортскиот трговски центар со ресторани и продавници. Наспроти улицата се наоѓа супермаркет. Реновирани се заедничките простории.
    Резиденцијата нуди директен пристап до скијачката патека, бидејќи жичарницата Керн е оддалечена само 50 метри. Можете да скијате пред резиденцијата.

     

    Студио - Кабина   (1206)  за 4 лица,  24м2, 2-ри спрат,лифт, балкон, север.

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, мини микробранова печка....

    Дневна соба: ТВ, маса со столици, софа

    Отворена мала спална: кон дневната соба со 1 брачен кревет за 2 лица

    Кабина:Во влезниот дел од студиото има  2 единачни (80х190) кревети на спрат.

    Бања: туш  и умивалник, тоалет

     

    Студио- Кабина   (2500)  за 4 лица,  24м2, 5-ти спрат,лифт, балкон, север.

    Чајна кујна: ел.керамички рингли, фрижидер, микробранова печка, машина за миење на садови, апарат за филтер кафе,тостер

    Дневна соба: ТВ,  2 х Софa за седење која се претвараат во 2 единечни лежаи, маса со столици.

    Отворена мала спална: кон дневната соба со 2 единечни кревети.

    Бања: туш  и умивалник, тоалет

     

  • Residence Lac Du Lou

    Резиденцијата “LAC DU LOU” е сместена во самиот центар на ресортот, оддалечен само 50 м. од првите ски лифтови, 100 м. од центарот на ресортот и продавниците. Од оставата за скии се излегува директно на ски стаза.

    СТУДИО LL2: 24м2, за 4 лица, приземје, лифт, балкон,  јужна страна

    Чајна кујна: микробранова печка, електрични рингли, фрижидер, машина за миење на садови,

    Дневна соба: ТВ, софа на извлекување за 2 лица, маса со столици.

    Предсобје: 2 единечни кревети на спрат за 2 лица .

    Бања: када и умивалник.  Тоалет: посебна просторија

  • Residence Temples Du Soleil Machu

    Комплексот на Резиденцијата Temples du Soleil вклучува 5 поврзани згради (Cuzco, Machu, Nazca, Pichu, Tikal)

    Nazca е директно врзана со Machu.

    Комплексот се наоѓа во долниот дел на Val Thorens во населбата Soleil. Во рамките на Комплексот има ресторан, бар, супермаркет, продавница за спортска опрема. Со доплата може да користите фитнес центар, сауна, џакузи, парно купатило.

    Од оставата за скии имате директен пристап до скијалиштето.

     

    Апартман со 1 спална   MACHU  2I    4 лица   28м2,  1-ви спрат-гледа на стази, балкон, југ, лифт 

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, микробранова печка, тостер, апарат за филтер кафе..

    Дневна соба: ТВ,  2 х Софa за седење која се претвара во 2 единечни лежаи, маса со столици.

    Спална соба : кон дневната соба со 2 единечни кревети.

    Бања: када  и умивалник, греен држач за крпи.

    Тоалет: Посебна просторија


ℹ️ Важни завржни напомени:

  1. Дадената цена е пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за                 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз.                                          
  2. РЕЗЕРВАЦИЈА:
  • Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 12.000 денари по лице, остатокот се доплаќа НАЈДОЦНА до 01.Декември 2026.                                                         Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција.  
  • Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
  • Уплатата може да се плати во готово или со кредитна/дебитна картичка, или вирмански преку банка.
  • Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.

Затоа, дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.

  1. Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје). Од момент на влез во Шенген зоната, патникот во претходните 180 дена не треба да има престој подолг од 80 дена (со 10 дена ски програм, вкупно дозволени 90 дена во 180 дена). Организаторот не може да сноси одговорност во случај на гранични проблеми при влез во Шенген зоната.

4.    За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.

5.    Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект, повеќе од наведеното во понудата, дадено од страна на локалната агенција.

6.    Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите (гориво, сместување, ски пас, туристичка такса.. ) за кои агенцијата не може да влијае.

 

7.    FIRST MINUTE  цена важи до 15.Октомври 2026.

После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување. Уплатениот пакет аранжман до тој датум останува по стара цена.

8.   Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.              .

9.    БАГАЖ: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба максимум 23 кг.), 1 пар ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус.                                                                                  

10. Распоредот на седишта во автобус е според датумот на уплата.

11. Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 30 дена пред тргнување. Во  таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.

12.  Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до 01.12.2026. Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок, резервацијата ќе биде автоматски откажана. Патникот ќе биде теретен според отказните трошкови.

ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:

13.  Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до НЕХАР ТРАВЕЛ, со образложение за отказот. За ова патување важат отказните трошкови кои се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои НЕХАР ТРАВЕЛ не може да влијае, и тоа:

     Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:

             > Од моментот на пријавување до 12 недели пред поаѓање: 20% од цената

             > 12 - 8 недели пред поаѓање:   30% од цената

             >  8 – 4 недели пред поаѓање:   50% од цената

             >        4 недели пред поаѓање: 100% од цената

  1.  Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите, постелнина, тоалет хартија, сапуни, шампон во студијата и апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигнување по цена од: 16€ - единечна постелнина или 18€ -брачна постелнина и 16€ за сет крпи (2 за купатило, 1 за под, 1 за кујна), по лице. Сет за чистење: 7€. Детско креветче 50€. Потребно е да се резервира и уплати за крпи и постелнина при резервација во агенција (подоцна неможе да гарантираме достапност).   Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свој сет на постелнина и крпи.
  2.  Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 500€ по Студио за 4 лица, 600€ по aпартман за 5 до 6 лица до две соби, 700€ по aпартман за 6 лица со 3 соби,  800€ по aпартман за 8 лица.  Се плаќа при пристигнување, непосредно пред сместувањето или online. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од  кредитна картичка (VISA или MASTERCARD). Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе ги добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката).
  3. По сместувањето, гостите се должни најдоцна во рок од 24 часа да го прегледаат и доколку забележат некаква штета, да пријават во агенција преку QR код кој се наоѓа на влезната врата.
  4. Бучава: Гостите се должни да ги почитуваат генералните правилници во зградата и секаква бучава после 22:00 часот. Доколку се наруши редот и мирот, гостите ќе бидат повикани во локалната агенција и казната за нарушување на редот ќе биде веднаш наплатена од страна на локалната агенција во износ од 100€.
  5.  SKI PASS: После уплатата на депозитот за сместување, водичот ви ги дава Ски картите.
  6.  Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
  7.  Цена за чистење: Студио за 4 лица:79€, Студио со кабина за 4 лица: 89€, Апартмани со 2  соби за 6 лица: 105, апартман со 3 соби за 6 лица 119€. Апт. За 8 лица 149-165€.
  8. Сите дополнителни услуги мора да се резервираат при пријавување во агенција и истите се плаќаат на лице место при сместување.
  9. Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
  10. Влез во објект: од 17.00h     -     Напуштање на објект: 08.00h – 09.30h                                         .       
  11. ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА. 










Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија