Вила DORA Apartments – Блок Б

Неа Каликратија е шармантно крајбрежно место во северна Грција, првата летна приказна што ве пречекува кога од Солун ќе тргнете кон Халкидики. Со златни песочни плажи, тиркизно море и жив ритам исполнет со таверни, кафулиња и вечерни прошетки покрај брегот, таа е идеално место за безгрижен одмор и уживање во медитеранската атмосфера.

Локација:Дора Апартментс се наоѓа на околу 250 м.(5 мин. пеш) оддалеченост од песочната плажа и на околу 1 километар од центарот на Неа Каликратија. Вилата се наоѓа на околу 5км од познатата плажа Сахара.

Сместување: Приземје и мезонетидвокреветни студиа, четирикреветни апартмани, петкреветини и седумкреветни мезонети.

  • Студио 1/2- брачен кревет, опремена кујна, ТВ, бања со фен, тераса.
  • Апартман 1/2+2- спална соба со брачен кревет, одделена опремена кујна во која има софа на спуштање, ТВ, бања со фен, тераса.
  • Апартман 1/3+2- на горниот кат спална соба со брачен кревет и еден единечен кревет, на долниот кат одделена опремена кујна во која има аголна гарнитура на спуштање или две софи,ТВ, бања со фен, тераса.
  • Апартман 1/5+2- на горниот кат една спална соба со брачн кревет и една спална соба во брачен и единечен кревет, на долниот кат одделена опремена кујна со аголна гарнитура на спуштање, ТВ, бања со фен, тераса.
  • Бебешко креветче- на барање.
  • Клима уредот е вклучен во цената.
  • Пешкири има во сместувачките капацитети.
  • Водата НЕ се пие.
  • Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).
  • Во склоп на комплексот има мини забавен парк за деца (30 м2) и заеднички простор за дружба со летниковци и скари. (можност за користење на паркот за деца од 08:30-15:00 и 17:30-22:00 часот)
  • Во склоп на објектот има 4 надворешни туш кабини како и машина за перење алишта, која се доплаќа 4 евра од перење.
  • Обезбеден паркинг за сите гости на објектот.
  • Време за одмор, мир и тишина во објектот, од 15:00-17:30 и 23:00-08.30часот
  • Бесплатен паркинг за гостите од вилата во центарот на Неа Каликратија (со претходна најава)
  • Лидл и Масутис се наоѓаат на околу 1км од вилата.

ЦЕНОВНИК   ЗА  7 НОЌИ

ПериодБр.на ноќи1/3+2 мезонета Блок Б
23.05-30.057269€
30.05-06.067309
06.06-13.067389
13.06-20.067459
20.06-27.067529
27.06-04.077599
04.07-11.077649
11.07-18.077689
18.07-25.077689
25.07-01.087689
01.08-08.087689
08.08-15.087689
15.08-22.087689
22.08-29.087649
29.08-05.097589
05.09-12.097509
12.09-19.097409
19.09-26.097279

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО  ЗА 7 ноќи.

Задожолжителна  доплата за туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во Агенција)

Превозот се доплаќа

 Повратен превозЕден правец
Возрасен 50€40€
Деца од 02-12 год.40€30€
Деца до 2 год.Бесплатно (без седиште)Бесплатно (без седиште)
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 € по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

НАПОМЕНА

  • Во апартманите и студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
  • Сместувањето во апартманите и студијата е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на апартманите и студијата е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • Водата во апартманите не е за пиење;
  • За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите.
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени.
  • Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст, на вториот аранжман.
  • За уплата на аранжман преку Синдикатите со кои имаме склучено договор плаќањето е на 9 рати.
  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка.
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност  1€ = 62,оо ден.

                                                                      ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде е склучен Договорот за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.

Важат општите услови за патувањe на Т.А СУПЕР ТРАВЕЛ и СКТМ!

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија