Добредојдовте во Палма де Мајорка – град кој совршено ги спојува прекрасните плажи, богатата историја и медитеранскиот шарм, срцето на Балеарските Острови.
– елегантната престолнина на островот Мајорка и едно од најпопуларните медитерански летувалишта во Шпанија. Градот маѓепсува со кристално чистото море, златните плажи и уникатната комбинација од богата историја, модерна атмосфера и жив ноќен живот. Палма нуди импресивна архитектура, со познатата катедрала La Seu, шармантен стар град со тесни улички, автентични ресторани и бројни бутици. Благата клима, одличната гастрономија и разновидните содржини ја прават Палма де Мајорка совршена дестинација за релаксација, забава и незаборавно медитеранско искуство.
Ви го претставуваме хотелот BLUE BAY, кој се наоѓа на само 500 метри од плажата Кала Мајор, каде што можете да уживате во сонцето и кристално чистите води на Мајорка. Хотелот располага со 3 ѕвезди и е совршено лоциран. Неговите одлични содржини и надворешниот базен се идеални за пријатен, забавен и безгрижен одмор на Мајорка.
Важно е да се истакне и близината до центарот на Палма, што го прави хотелот одличен избор за сите оние кои, покрај сонцето и плажата, сакаат да откриваат и нови градови и атракции.
Собите во хотелот BLUE BAY се уредени во едноставен и функционален стил, нудејќи пријатна атмосфера за одмор по ден исполнет со сонце и активности. Секоја соба располага со климатизација, приватна бања, телевизор, телефон, сеф (со доплата) и балкон или тераса, од кои дел нудат прекрасен поглед кон морето или околината.
| Датум: | - 20.06 – 30.06.2026
- 01.08 – 11.08.2026
- 08.08 – 18.08.2026
|
| Цени: | - од 1195€ по лице
*Сите цени може да ги видите во делот “Цени Лето 2026”!
|
| Во цената е вклучено: | - Лет Скопје – Барселона – Скопје
- Трансфери во Барселона и Палма де Мајорка (аеродром-хотел-аеродром)
- 1 ноќевање во Барселона на база ноќевање со појадок
- Лет Барселона-Палма де Мајорка
- 9 ноќевања во Палма де Мајорка на база ноќевање со појадок или вечера според избраниот хотел/услуга
|
| Во цената не е вклучено: | - Туристичка такса ( од ден по лице, се плаќа на лице место- подложно на промени)
- Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
- Факултативни излети
- Доплата за багаж според моменталната цена на авио компанијата
|