Целодневна посета на Валенсија со водич – Град со Безвременска Магија - 85€ по лице
Започнуваме со импресивните Торес де Серанос – величествен симбол на Валенсија и дел од некогашните градски ѕидини што го штителе стариот град.
Потоа се упатуваме низ преубавите градини Турија, еден од најголемите урбани паркови во Европа. Создаден на местото на поранешното корито на реката, овој парк е долг над 9 километри, поминува под 18 историски мостови и ги поврзува најзначајните градски атракции.
Од модерниот Биопарк – зоолошка градина каде животните живеат во природно опкружување – стасуваме до футуристичкиот Град на уметностите и науките, дело на Сантијаго Калатрава и Феликс Кандела. Во овој комплекс се наоѓаат:
- Океанографик – најголемиот аквариум во Европа
- Музејот на науките
- Палау де лес Артс – центар за уметност и култура со светски репертоар
Нашата прошетка продолжува кон Plaza de la Virgen, еден од најстарите плоштади во градот, каде се наоѓа прекрасната Фонтана Турија. Тука е и Катедралата на Валенсија, каде што, според преданието, се чува Светиот Грал. За оние што сакаат мал предизвик, се нуди качување на Торањот Мигелете – 214 скалила со поглед што го одзема здивот.
Навлегуваме во Барио дел Кармен, кварт исполнет со тесни улици, живописни фасади и историја на секој чекор. Тука се наоѓа и најтесната куќа во светот – широка само 107 сантиметри!
Следува посета на Централниот пазар, вистински гастрономски рај каде мирисите, боите и вкусовите на Валенсија се претвораат во доживување.
Не ја изоставуваме и Lonja de la Seda, ремек-дело на готската архитектура и светско културно наследство на УНЕСКО, како и елегантниот Mercado de Colón, симбол на модернистичката убавина на градот.
Валенсија не е само град – тоа е совршена комбинација на историја, уметност, вкус и енергија. Подгответе се за екскурзија што навистина ги буди сите сетила!
Времетраење на турата: 09:00 – 19:30