ВИКЕНД ПРОГРАМА
Во
срцето на Тиквешијата во домот на виновата лоза која на овие подрачја е
присутна од 4 век п.н.е , несекојдневна можност да вкусите
автентичност,средечност традиција и квалитет...
Ние
Ви нудиме едно поинакво доживување за вашите средби и дружења. Посетете
ги нашите семејни винарии ,дегустирајте квалитетни вина, слушнете за
нивното создавање и традицијата.
ПРВ ДЕН:
Пречек на гостите во Кавадарци. Кратко запознавање со Кавадарци. Посетителите се упатуваат кон првата винарија. Домаќините срдечно ги примаат гостите и ги запознаваат со историјата на својата винарија како и за производството на вината. Дегустацијата во секоја винарија е во рок од 60 до 90 минути, се дегустира од производството на секоја винарија поткрепено со закуска од млечни и сувомеснати производи. По завршувањето на трите дегустации сместување во апартманите на една од винариите. Можност за уживање во вечерно излегување по Кавадаречката чаршија. Ноќевање.
ВТОР ДЕН :
После доручекот Ви нудиме можност за прошетка на околината на Кавадарци. Посета на локалитетите Моклиште, Манастирот Св.Никола, посета на стара воденица... или индивидуална прошетка.
Цена 2.400ден
Цената е по лице и вклучува :
-Посета на 3 различни винарии во Кавадарци
-Дегустирање на вината во производство од содветните винарии како и овошни ликери .
-Закуска од млечни и сувамеснати производи
-Ноќевање со доручек во апартманите на винаријата