СЕ НАОЃАТЕ ВО: Почетна - ВИНСКИ ТУРИЗАМ - Викенд во Тиквешијата - 4.000 ден.

Викенд во Тиквешијата - 4.000 ден.

Викенд во Тиквешијата


Во срцето на Тиквешијата во домот на виновата лоза која на овие подрачја е присутна од 4 век п.н.е несекојдневна можност да вкусите автентичност ,средечност традиција,квалитеет и тиквешката гостопримливост.

Ние Ви нудиме едно поинакво доживување за Вашите викенд прошетки . Посетете ги нашите семејни винарии, дегустирајте квалитетни вина слушнете за нивното создавање и традицијата

Дегустирајте повеке типови на вина.

Посетете винарии (ултра модерни винарии,етно винарии ,со типичен стил на Кавадаречки подрум) во кружна дегустација на нивните вина како и дегустација на овошни ликереи збогатена со закуска од млечни и сувомеснати производи како и нафора и тестенини.

Поминете несекојдневена дегустација огрганизирана на плантажите со винова лоза.

Прошетајте низ Кавадарци запознјте го неговото минато и сегашност.


Цена 4.000ден


Цената е по лице и вклучува:

-Посета на пет различни винарии во Кавадарци и Неготино

-Дегустација организирана на плантажа со винова лоза

-Дегустирање на вината во производство од содветните винарии како и овошни ликери .

-Закуска од млечни и сувамеснати производи

-Ноќевање со доручек во апартманите на винаријата

Напомена : Дегустацијата се организира за миниум 4 лица со предходна резервација


ПРОГРАМА ЗА ПОНУДЕНИОТ ВИКЕНД


ПРВ ДЕН:

Пречек на гостите во Кавадарци. Кратко запознавање со Кавадарци. Посителите се упатуваат кон првата винарија. Домаќините срдечно си ги примаат гостите раскажувајќи за историјата на својата винарија како и за производството на вината. Дегустацијата во секоја винарија е во траење од 60 до 90 минути. Дегустаторите дегустираат од производството на секоја винарија поткрепено со закуска од млечни и сувомеснати производи. По завршувањето на трите дегустации сместување во апартманите на една од винариите. Можност за уживање во вечерно излегување по Кавадаречката чаршија. Ноќевање.


ВТОР ДЕН :

После доручекот Ви нудиме можност за прошетка на околината на Кавадарци.Посета на локалитетите Моклиште, Манастирот СВ.Никола,посета на стара воденица... По прошетката имате посета на три други семејни винари и дегустација во истите или можност на посета на две винари и организација на дегустација на плантажа со винова лоза.

Контакт
Телефони: 043/550-773 | 078/305-329
Факс: 043/550-773
Е-маил: info@supertravel.com.mk
Адреса
бул. "Македонија" бб
Кавадарци
Р. Македонија